Токму тука е проблемот-шишенцето. Со комбинација доење и шише, доењето сериозно може да се загрози затоа што се навикнува млекото лесно да тече од цуцла. Ова не е проблем кај сите деца, но кај некои да. Ако си имала млеко и тој фатил да цица не си требала шише да дадеш. Мојата не фаќаше на почеток, па се молзев и давав. Јас би ти препорачала да не се нервираш премногу, тоа што цица-цица, друго молзи се и давај, ако не е и тоа доволно тогаш о ад не е крај на светот колку и сега така да ти изгледа. За да одржам доење 3 месеци не излегов од дома, само ма цицка беше, јас жива ненаспана и нервозна. Сега имам дете кое го дојам, но не сака да шетка, не сака луѓе. Цело 3 месеци врзано за цицка дома. И тоа не е за фалење. Само биди среќна и опуштена мама, дете не останува гладно. Има многу начини
Можно е. Инаку @BirMelek убаво ти пишала, шишето може да е проблем, иако не е кај сите. Затоа во болница даваат ад млеко со шприц. А моево шише и цуцла не фати. До детето е. Ако не успееш со доење не е крај на светот, детето и со молзење или со ад млеко ќе си порасне. Најважно е да не се нервираш и да се опуштиш, оти на детето си му најпотребна ти, без разлика дали доиш или не.
@Annath Тоа не во секоја болница. На мојава и буткаа шише со аптамил во уста, затоа маки измачив после. Уште фаќа шише, но си цица. А, има деца кои не фаќаат шишенце, ете и тоа не е лесно...
Марија, период е верувај, ќе пројде преку ноќ, ако сте околу 6та недела може да е и скок во развој. И ќе има многу такви периоди, нема да е само тој, на 3 месеци моево цела недела така правеше. Само живци треба да истрпиш, а за гладно не е гладно верувај. Јас штом почнуваше да плаче го тргав за да не го нервирам повеќе, се смируваше и дури после 2-3 часа ќе побараше пак, значи не е гладно. Да е гладно нема толку да издржи. Ова за на 3 месеци ти кажувам. Вие сте уште мали и сигурно ќе бара почесто. Со шишето само го збунуваш, лесно му тече и му ствара мрзеливост, затоа после се нервира кога треба малку напор да вложи. За да му помогнеш откако ќе почне да тече побавно, стисни ја градата и прави компресии за да тече полесно. Ко што те читам ти си супер, 100мл вадиш после подој, тоа е екстра, имаш млеко на претек, жално е да прекинеш со доење. Внимавај многу со молзењето, така иницираш создавање на повеќе млеко, што нема потреба и можеш да заработиш мастит. Доволно е еднаш навечер да се успиете со бебуш и да ти се преполнат градите и да ти се створат грутки. Еве ти неколку корисни линкови за вашата состојба: http://superbeba.com/2016/10/30/neodumice-mladih-mama-oko-dojenja/ http://superbeba.com/2016/10/20/koji-je-to-kritican-momenat-kada-i-zasto-majka-odustaje-od-dojenja/ http://superbeba.com/2016/01/20/zasto-beba-ne-zeli-da-sisa-3-moguca-razloga/ http://superbeba.com/2015/02/05/nervozna-beba/ http://superbeba.com/2015/01/24/da-li-moje-dete-dobija-dovoljno-mleka-starije-od-6-nedelja/
@pepapa imase grcevi na dva pati samo do sega, znam kako izgleda. Ne, on ljut e, nervozen. Na gradata na koja ne ja saka go stavam prvo, pa posle na drugata. Taka cel den pravime pa podobro e malce. @BirMelek морав со шишенце да давам бидејќи на почетокот не напредуваше и покрај тоа што нон стоп беше на гради. @Annath овде во болница никој не ми покажа како да дојам, туку дојдоа да ме прашаат дали сакам шишенце да ми донесат со ад... @Lolipop23 4 недели сме, само да не е гладно, друго се ќе истрпам. Сакам да дојам и се трудам максимално. Сите можни видеа на нет ги изгледав како да му помогнам итн, сега ќе исчитам се што си постирала. Кога е нервозен го смирувам со цуцла, нишкање, шеткање низ соба и гушкање. Се смирува веднаш, потоа продолжува уште малку да цица и пак истото. Се на се, од кога се роди па до сега, напредок има секој ден се поголем. На самиот почеток не можев да го разбудам спиеше по цел ден и храна не го интересираше воопшто, сега сме супер! Ви благодарам на сите за советите од се срце!
@Mari-Ja а откако ќе му дадеш АД дали се смирува или продолжува да плаче? Ако продолжува, може и не е гладен туку си има друга мака како грчеви, бара твоја близина итн. Многу е малечко и затоа може и да нема доволно сила за да влече убаво. Треба голема упорност и целодневно доење ама затоа за месец - два доењето ќе ви биде песна, ќе видиш.
Ете гледаш, напредок има од ден на ден, секоја доилка поминала низ истите искушенија, немој да мислиш дека си единствена. За почеток доволно е тоа што имаш многу млеко, знај дека бебе нема да е гладно и исфрли ги тие мисли од глава. Со среќа и те чекам за некое време да пишеш како ви оди!
Пред малку јадеше: се доевме речиси цел час, потоа испи 110 мл млеко мое во шишенце и уште 50 мл АД. Си заспа сега и следно јадење ќе биде сигурно околу 4-5 часот наутро. Така изгледа секое наше хранење. Некогаш му е доста мое млеко, па одбива ад, негогаш воопшто не е гладен повеќе па не му ни правам ад, секој пат различно. Битно кога ќе добие шишенце завршува секоја плачка, заспан јаде од шишенце, што нема шанси да се случи заспан да цица... Ама си реков, ќе бидам упорна, мрзата мора да му помине, ќе чекам да пркне како што треба па се надевам искрено ќе си цицаме убаво.
@Mari-Ja мојот додека лежев во болница цицаше по цел саат исто така. Излеговме со едвај 20 гр помалку од родилната тежина. Како дојдовме дома дете нејкеше цицка да види. Абе две мин не цицаше. Во ниедна положба на никаков начин. Што е најтрагично и не плачеше,туку си заспиваше. Нормално, млеко имав баеги и морав да си помогнам и на себе. почнав да одмолзувам. Неколку месеци бевме само на одмолзување (психички попуштив од тоа пумпата), и потоа се случи чудо. Еднаш дур го успивав се сврте накај цице и почна да бара. Не очекував да фати ама понудив. и фати !!!!!!! и си ручна и си заспа. од тогаш па наваму нема проблем. има бебиња што се раѓаат така помрзливички . би те советувала да нудиш ама ако вришти плаче немој долго да трае тоа. едно што ке се истрауматизира туку и аверзија ќе развие. со лесно!
@Mari-Ja и ние бевме слични. Мојава немаше сила да влече, а и се цицаше па плачеше. И јас давав дохрана на почетокот. Некаде на 2-3 месеци почна убаво да влече и престанавме со дохрана. Првиот месец бебе 24/7 беше на цице. Се изнамачив додека најдов удобна позиција на доење, грб боли, хаос, ама се поминува. Трпение само, ќе фати.
@Mari-Ja имам ептен блиска другарка со бебуш како твојот, малку помрзелив Биди упорна сегогаш кога е на града буди го не го оставај да спие, барем додека цица.Гали го по главчето и кај увцето да му створиш навика. Гледај да си во легната позиција барем дур се привикнете ептен релаксира и за тебе и за малечкото. Јас со најголемата пред 7 години дур најдов позиција се окозив, рагади систворив. Цела бев рани и малку фалеше да ја одбијам. За помалку од месец се средив и одвај ја одбив, ја доев 2 ипол години. Чим имаш млеко не се секирај, треба време дур влезете двајцата во колосек, со лесно мајче!
Мајки добра ви вечер Би сакала да ве прашам вас поискусните кој имате стаж со доењето. Синко ми е точно 40ден и сме само на доење. Си напредува од убаво па и преубаво. Го носев еднаш неделно кај педијатарката од пусти страв демек да не немуе доволно моето млеко Знаете како е тазе мајка па сомнежи милион. Воочивме дека дневно качува од 30-40г. Не испуштија со 3020г и за 1мес беше 4270г (во понеделникот).Али цица кога сака и колку сака, буквално на цицка мислам дека ми виси Е сега ме мачи нешто последниве 2 дена.... до пред 2 дена градите ми беа потврди, а некад кога повеќе од 1ипол саат немаше да го дојам ми беа како камен надуени. Последниве два дена ми се многу меки, попрецизно да кажам како памук. Си цица како и претходно да си кажам, кога стискам млеко има. Ме мачи ова со мекоста и млитавоста на градите дали е кажете ми нормално или значи дека млеко ќе ми снемува? Зашто се еве од завчера толку меки, па и 2ч да не цица пак се меки и искрено ме фати страв. Ве молам доколку некоја може да ми каже
Софи тоа значи дека ти се регулирало доењето односно градите се навикнале на подој (млеко). нормално е не се секирај , кај сите е тоа така.
Значи дека е нормално да се вака меки ( меки како исцицани да се од бебе) ? Вака значи ќе си останат меки ли? Од пусти страв овие два дена буквално а заплаче на цицка го ставам од страф да не е гладен. И најискрено еве денес сабајлето го доев си ждригна и бљуцна вишок, а за 15мин после почна да плаче и од пусти страв за прв пат му дадов Бебелан ( го купив уште пред пораѓај као за сваки случај) и замислете испи 40мил и бљуцна. Знам е стрвен и буквално би цицал 24/7 и би повраќал и пак продолжувал али малку искрено се замислив. Инаку пелена секад полна, жолто-златна е столицата. Во последно време ми кенка повеќе али верувам е скок у развој и грчеви. Зашто плачење на гладно бебе звучи поразлично од бебе кога го боли нешто или кога му се спие или не му е по ќејф нешто. Или не е така??? Некако сум хаос денес од помислата да не ми снема млеко. Океј е деца растат и само на дохрана, али би сакала да си продолжиме како и до сега со мое млеко.
Не треба да го ставаш на цице цело време, посебно не кога одлично напредува. 25 гр дневно е солидно напредување,вашето е одлично. Не го теши со цице само лоша навика ќе му створиш во иднина. Сега сте во период на грчеви. пробај со еспумисан , чајче (ако си решила да даваш) и со бели звуци. Кармакаша стомачето ќе му е ако цица на петнаесет мин. а и потешко ќе фати ред подоцна. Мораш да разликуваш плач од кенкање. Гладно дете плаче рика, а кенкат од различни работи. во тој период најчесто е или грч, или му се спие, или сака во раце. Зборам за здраво право бебе како твоето во случајов. Адаптираното воопшто не ти е потребно. тек ако има зелено каке (у превод ако почне да слабее) па тек тогаш, вака не. Цицките ти се сосема во ред, не се плаши, продолжи да доиш ама пробај на 2 часа (а понатаму на 3) и кога ќе закенка провери да не е какан или да не се грчи. Или може само сака да се гушка со тебе. Иако ти изгледа сега како нуклеарна физика верувај до 40 на сите така ни било. Сега полека ќе почне да ти легнува. Се адаптирате еден на друг.
Фала ти на исцрпното објаснување Бели звуци му пуштам иште од кога дојдовме дома (апликацијата има и музика и сце остало). За грчеви по препорака на педијатарката му давам Биогаја и Коли Прев. Чајчето бекутан од кога направи 7дена го оие и го сака многу. И термофорче му полнам со топла вода некад му ставам на меше, го масирам и вежби со ноџињата правиме. Све тоа ми е добро познато од внукми и деца од другарки. Али сите они беа со дохрана и немам кој да прашам никој не доел. Иначе не е плачко и неаме мака со грчеви како што се повеќето бебиња кој плачат до зајдување. Он само се грчи со ноџињата некад али не плаче. Јас знам дека згрешив и тоа многу згрешив што го научив вака. Али ми е чекано 12г дете па затоа Дај како да го навикнам да ми цица на 2ч и да немора да ми спие само на гради и да ми е у раце? А го спуштам почнува да плаче станува црвен и зајдува хаххаа а го зеам прекинува одма. Или ќе го стаам на цицка и ќе цицне 5 пати и ја пушта и се смее, го оставам на кревет или релаксатор абре корне. Ќе го земе мажми као да го подржи или успие ауууу рикаааа и ја го зиам и у секунд прекинува дури и воздивнува на глас. Еве го сеа ми е на гради ( мајцата ми е крената и на кожа ми спие) и сеа да го спуштам одма ќе стане. Буквално неможам на раат да завршам работа нит да се избањам. Секад сум била против вакво нешто и не сум оправдувала и опппп ете ми се деси на мене. Пробав као да го оставам да поплаче па као нели ќе прекине и џабеее зајдува се дур не го земам у раце и да го гушнам и бацувам ( така и заспива само со мене). Дајте разумно решение како на 2-3ч да ми цица и да не ми е лепенка
Ти цитирам постови од Каетана која со своето искуство и поддршка има помогнато на многу мајки во темава. Прочитај, можеш и да побараш нејзини постови и одлучи како понатаму. И моето првите три месеци беше речиси постојано на града, само така се смируваше и беше задоволно. Поминува брзо периодот, ама никогаш не ја учев на толку саати и толку саати да цица зашто и требаше, а јас сигурно нема да и го скратам тоа што најмногу и треба. Сепак, секоја мајка одлучува што и како, но најдобро се одлучува кога се имаат повеќе информации.
Некогаш само сака гушкање. лулај го во раце пеј му без да понудиш цице. ете, како што прочитав, има мајки кои следат друга теорија. нормално, кога и педијатрите се со поделени мислења. мојот педијатар велеше ова што ти пренесов. додека не се свари тоа што го испил во стомачето да не се дава повторно, зошто бетер грчеви ќе има. додуше дека од почеток така си доби ред, не ни бараше. ако побара давав чај. био гаја давај секој ден, мојот иако е скоро 9 месеци уште прима. по тоа што го кажуваш бебето сака во раце, топлина, близина...чим цицнува малце и пушта. ставај го легнат со меше на твоето меше, помага за грчеви исто така. мој совет ти е да него оставаш да плаче. сега е периодот кога се навикнува нанадворешен свет и му требаш, те бара. врши обврски кога цврсто ќе спие. слушни совети и од повеќе мајки и ќе видиш кое највеќе ти одговара и кое ќе го прифати полесно, но мислам дефинитивно не плаче од глад. плаче за близина.
Фала ти Се софласувам со муабетот дека кога и колку сака бебе треба да е на града. Мојов само така се смирув па макар и само 2пати да цицне и да пушти он е мирен, а јас сум мирна. Не ми е мака па макар и да го имам 24/7 на града. Али ми помати ум муабетот на педијатарката последниот пат па и на некој што ги читав дека повеќе грчеви ќе има доколку цица често, дека е полошо за мене и него тој начин на цицање итн. Најбитно ми е да напредува ( а си напредува супер) и да ми е смирен. Кога е он смирен и јас сум смирена и раат. Али навистина и искрено некад ми тррба малку и за мене време, на раат да се избањам, да се средам, да јадам, кафе да се напијам и што и да е да не е на 10 паузи. Инаку јадев све во бременоста како и пред бременост, па и сега јадам исто што и секад и синко си е океј. Ете цитрусни само не сум јадела сега зашто читам правеле пеленски осип и незнам уште што па ете не сум јадела. Јасно ми е и добро познато дека грчевите се нормална појава јаделе или нејаделе нешто. Па до пред да постои ваква информираност нашите мајки јаделе сва и свашта. Најголема грижа ми беше и ми е само мекоста на градите. Сепак фала ти на постот сега пак ќе ја препрочитам темава.
Софи, педијатриските мислења и совети се секогаш поделени. ти како мама сама ќе одлучиш кое мислиш дека е најдобро за бебето. А како што кажуваш не ни цица само си сака да си дремуцка на цице, да ужива во мама држи си го гушкај си го. лета времето и после ќе ни фали тоа