1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. 5star

    5star Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    24
    Можеби е смешно прашањето, но ме интересира дали има некаква врска мачкање со антицелулитен гел и доење??? Читав нешто дека не се препорачувало, гелот навлегувал во порите..........
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.242
    Допаѓања:
    67.763
    Пол:
    Женски
    Препрочитај, сите нови мајки со истото се соочиле во темава. А толку мало бебуле нема шанси на нешто да го научиш. Ако си е такво џабе ти е. Можеш да решиш да не му даваш да цица, ќе го нишаш, ќе правиш што ќе правиш, тоа ќе си плаче и на крај пак ќе му дадеш. Да си скратиш маките дај одма и раат си. :D Сака да си е до тебе и тоа е. Јас мм кога ќе дојдеше одма му ја давав колку да се подсредам малку, сум јадела на мене додела спиела, на гради омилено место, да го слуша срцето како што го слушало девет месеци... Не си сама, те разбираме сите верувај.

    Прочитај на нет колку истражувања има за тоа колку е лошо кога плаче бебето и како мозокот му се преплавува со хормон за стрес, сега за него се е преживување. Ќе помине многу брзо, гали го и гушкај, додека трепнеш ќе те турка со рачињата за само да оди.
    Намести си серија додека спие или цица, филм и уживај си со него на тебе.
     
    На sofi2107 и LBC им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    @LBC фала најмногу.
    И да сакам неможам да го оставам да плаче ;) многу е мал и жал ми е срце ми се кине кога ќе заплаче и ќе се сцрвени, ша и онаа тужна фаца кога ќе ја напраи се топам :)
    Преку ден ми е хаотично, али еве вака навечер е песна. Околу 20-21ч го бањам и после си спие супер до сабајле. Станува само за цицање и тоа на 2-3ч некад највеќе на 4ч и пелени што му мењам иначе навечер ми е ептен мирен и спие.
    Имам две педијатарки и они се за тоа да цица на 2-3ч да не е на цицка нонстоп дека не било убаво и млекото неможе убаво да го свари. Еве и тука некој вака некој така споделуваат искуства и искрено незнам. И да сакам неможам да го спроведам тоа колку и да ме напињаат педијатаркиве зашто жал ми е да не му дадам цице кога он сака. Сепак идам на она што е кажано и е као останало како аманет да го наречам .... Слободно доење... значи кога сака и колку сака.
     
    На Sandrichka 89, RainBow и LBC им се допаѓа ова.
  4. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    Најпаметно што можеш да сториш е да си го слушаш бебето што ќе посака. Ако не сака размак онда не форсирај, терај како што кажа. Сосема се согласувам со Реинбоу дека стресот кај бебињара е страшно нешто. Полека ќе почне да прави размак. Малце ќе ти е мачно но ќе се издржи и во секој случај вреди.
    А за меки гради ич веќе не се грижи. Се е тоа во ред. Со среќа ! :f:
     
    На sofi2107 и RainBow им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.526
    Допаѓања:
    288.869
    Ми се чини @Annath еднаш пишуваше за поврзаноста помеѓу антицелулитните гелови и доењето.
    Инаку да, и јас имам читано истото, дека не се препорачува за време на доење.
     
    На 5star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Баш е така како што кажувате и свесна сум за тоа..... затоа гледам да уживам дур е мал, да го гушкам, бакнувам, галам и гмечам зашто кога ќе потпорасне ќе глеа да шмугне ;)
    Не верувам дека постои мајка која би го оставала бебе да плаче за да го научи на некој ред, зашто срце че и пукне. Башка како што кажа...многу е мал не ни разбира.
    И еве испаѓа сите истово го поминуваат сега кога те прочитав. И мојов едина положба која му е омилена и само така спие ајмалце 15ч е во положба ; мајца ми е дигната и он е со меше на мој стомак и со главата на лева града спие ( моето срце биење го смирува ваљда). И дур е у таа положба со една рака јадам ;) го внесувам во транспортер или релаксатор со мене некад у вц дур се бањам за да ми слуша глас зашо така е само мирен. Како мрдната пејам низ стан ако е он у друга соба а јас низ стан средувам хахахха. Се смее мажми баш еве денес ми вика : Ќе облакам твоја мајца за да можам да го успивам и чувам некад ;) зашто плаче и кај него зајдува кај секој у раце се дур не го земам. Буквално у вц неможам да влезам плаче кај кој и да е у раце и а прозборам и го земам прекинува во секунда. Искрено колку и да е сето тоа слатко и убаво, малку е и напорно зашто немпќожеш ништо да направиш, средиш па ни јадеш на раат. Али ај ќе помине.
    Фала ви нај нај најмногууу за советите :*
     
    На Sandrichka 89, eli25 и LBC им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 бебето само ќе си покаже каков ред сака, ти само треба да му помогнеш во разграничување ден-ноќ, што мислам дека ви е успешно, бањање во исто време, и цице кога ќе посака. Во однос на грчеви нема правила, мислам дека зависи од самото бебе, а не од тоа како цица кога цица и дали има дохрана или не. Првото го доев по саат, со дохрана, имаше грчеви. Второво го доев кога сака колку сака, само двапати имаше така поинтензивни грчеви во првите три месеци (затоа сега маста ми ја вади со забите).
    Реално, нема потреба да плаче толку, сега држи си го во раце, кога е будно зборувај му, ќе видиш дека самото ќе си воспостави ред, а како ќе расте, подоите ќе се скратуваат и проретчуваат (во смисла само ќе си направи пауза од два-три часа во цицање), и самото ќе посака да не биде само во раце. Ќе видиш. А за меките гради не се плаши, имаш млеко, се воспоставил системот побарувачка-потрошувачка.

    @5star антицелулитните гелови и масажа не одат со доење бидејќи за да има ефект гелот мора интензивна масажа, а со тоа се разградува целулитот и масното ткиво во кое се собираат сите токсини што не се исфрлени преку пот, урина, столица. Тие токсини се лачат преку телесните течности вклучително и мајчиното млеко, а бидејќи се во поголема концентрација не е препорачлива масажата и строгите диети при кои има губиток на килограми поголем од 500 г неделно.
    Ова ми е кажано од педијатар, а сепак одлуката останува на мајката. После првата бременост имав многу целулит кој го решив за месец дена со интензивни профи масажи и третмани, ама откако прекинав со доење. План ми е повторно така да направам, ама да завршам со второво доење, здравје.
     
    На 5star и sofi2107 им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Annath :*
    Уште од кога се вративме од болница може да кажам дека синко е супер во однос на разликување ден и ноќ. Дење ми е со музика и галама ( сакав и успеав да го научам да не се пепоти кога спие, поучена од околина на пријателите) а навечер во спална е темно ( светлина од тв само и потивко е). Се бањаме 20-21ч и си заспива. Станува 3-4 пати за цицање и мењам пелена и околу 7:30-08ч веќе р буден. И ако се прашувам јас А се прашувам тогаш синко колку сака и кога сака му давам цице. Во однос на грчевите знам дека ќе се имаат кај некое повеќе кај некое помалку не зависно од исхрана. Никогаш не го оставам да плаче неможам сеце че ме боли ;) 24/7 е на цице, се гушкаме, галиме, пееме и зборуваме.
    :hug:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 заборавив да ти кажам, ноќе не менувај пелена, освен ако не е искакан. Нема потреба да го правиш тоа.
     
    На sofi2107 и BirMelek им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.274
    Пол:
    Женски
    Мене како еден така да речам поголем проблем ми е што го дојдам со силиконски брадавици. Го доев така на почеток, па престанав, па пак почнав со силконските. Причината е болката која ми претставува голем психички проблем. Еднаш дури и на сила го тргнав од града. Можеби е за осудување, но болката навистина многу ми удира на психа и си реков подобро со силиконски (помала болка чувствувам) отколку да не го дојдам или да скренам психички. Прашањето ми е колку е штетно што го дојдам со силиконски, дали ќе му смета нешто околу излегувањето на запчињата (некаде прочитав ќе му растеле криви) или било што доколку знаете кажете. Кога ќе престанат да ме болат ќе го дојам без нив, редовно ги стерилизирам, најмногу ме болат преку ноќ бидејќи цело време е на цицка и не можам да се замислам без силиконските. Ве молам за совет, а може и осуда доколку сум за тоа. Прифаќам се.
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Јас доев со силиконски бидејќи имам мали и вовлечени брадавици. Со нив не осетив никаква болка, ниту ми се разранија брадавиците. Кога наполни 3 месеци пробав му дадов без и си фати без проблем и сега си цица без и е многу по раат. Вака цело време стерилизирај, па се одлепила и дете утоп ќе се направи, па му местев пелени под брада додека цица. Кога почнав без, исто не ме болеше воопшто, сигурно се имаат ојачано тие 3 месеци додека цицаше со нив.
    Почекај да ти заздрават сосема па потоа пробај пак, сега се уште нежни и затоа боли.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Дои слободно со силиконски, нема ништо да му биде. Нема до крај на доење да ги користиш, тоа сигурно. И јас со првото користев силиконски, затоа што лом би беа брадавиците, живи рани цели два месеци, После тоа детето си цицаше и без нив. Кога се поголеми не им прави разлика, бидејќи веќе ќе знаат како да фатат убаво. А штом те боли, користи ги слободно.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Isto i jas doev so silikonski do pred edna nedela, posle gi batalivme bidejki ne gi sakase, mu se gadea, pa so placki malce fati direkt bradavica i sega e super. Za da ne te bolat, ako imas rani na bradavicite, stavaj cist lanolin, pomaga!
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Жал ми е да спие мочкан, ми е страв толку саати да е со мочкана пелена да не му се иритира кожата интимата. Поради тоа мењам не сум пробала да го оставам и искрено поима неам дали би имал иритација. Искрено ептен мочка и пелените му се надуени на 2-3ч и тоа многу. Доколку грешам ете ти како поискусна па и другиве нека кажат :(
    И офф топик ќе отидам само да прашам.... дајте ми совет што да превземам кај газето поточно кај отворот му е црвено па и како крвави точкички ( она како изгребан од мачка кога си).Се појави пред неколку дена црвенилото. Знам моја грешка неколку пати со влажни марамици бришев и одма ставав крема не чекав да се исуши од марамицата (тоа навечер за да не го расонам па брзака). Еве 2дена само со вода мијам и 1 ден ставав само Бекутан пудра и ништо. Еве денес Веледа ја ставав и пак ништо. Инаку си ја користам на Хип козметиката цела и сум презадоволна.
     
  15. marijaaa20

    marijaaa20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Нас од бепантен ни помина. Можеш да пробаш и со некоја крема со цинк
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Со цинк ми се и Хипот и Пенатенот. Еве денес е супер, моја грешка беше што на влажна кожа мачкав :( Денес е чисто бело/розе газе ;)
    Фала најмногу.
     
    На marijaaa20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kejtovska

    Kejtovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    да прашам, дали во случај ако ве фати настинка или пак грип им давате на бебушите да цицаат?
     
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Да, слободно давај му.
     
    На Kejtovska му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.007
    Пол:
    Женски
    Да, цело време, само со маска плус. Преку млекото ќе си добијат соодветна заштита.
     
    На victoria, Kejtovska и Kaetana им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Драги сите,
    Многу ви се извинувам за сите цитирања и означувања проследени со мое доцно пишување.
    @RainBow благодарам за цитирањето. :*

    @Mari-Ja се надевам дека ја надминавте нервозата и потешкотиите во доењето. Мислам дека @BirMelek убаво имаше пишано во врска со давање шишиња. Мора да се внимава за да не се одвикне бебето од доење, без разлика дали се дава АД или молзено млеко.

    Пак ќе повторам - единствено правило дали бебето е гладно или не, е напредокот. Колку грама качува на месец. Вие имавте супер напредок. Дури и после подој да испие АД не значи дека го испило затоа што било гладно.

    И немојте да броите подои. Ниту пак да гледате на саат. Бидете достапни за вашето бебе и дозволете му да си го диктира темпото.

    Ако ви се верува, моето како бебе беше цел ден на гради. Дури така спиеше. Ако ја спуштев во креветче се будеше и се нервираше и пак морав на гради да ја вратам. Помина тој период, само на почетокот е, и лесно (некако) се издржува.

    ---
    П.С. открив дека тука имам LLL огранок, се пријавив како член, ќе посетувам работилници со ќерка ми... можеби би продолжила да се едуцирам како лактациски консултант - со оглед на тоа што многу ме заинтересира доењето... го споделувам ова затоа што сметам дека би имале взаемна корист - јас да црпам тековни актуелни прашања, а да пренесувам совети и искуства од работилниците...
    Уште е рано сето ова, се надевам дека ќе најдам време - сепак е еднаш месечно, и се надевам дека би дошла до корисни и применливи податоци...
     
    На kristina.k, M&M, RainBow и 7 други им се допаѓа ова.