Доев 30 месеци. За докторката ќе си го задржам мислењето. Немам дома упатство ама сигурно има на нет, кога останав бремена прво тоа прочитав Еутирокс е ок со бременост и доење. Впрочем лекарот кој те води тебе сигурно ти кажал дека е така.
Јас и цела бременост и доење. Еутироксот не се прекинува, напротив во бременост ми ја зголемија дозата после се вратив на старата. Не сум приметила реакција напротив многу мирно бебе беше и спиеше убаво
Втор месец сме. Ако не тргнам од цицка бебето цица цело време и повраќа на крај. Дали некогаш ќе научи само да се трга и кога или јас да го тргам?
И да го тргаш ке си бљуцка, верувам дека не е тоа баш повраќање туку отфрлање на вишокот, ужива на града.. Мене ми препорачаа поради тоа многу често бљуцкање да му давам на мин 2ч, ама што ако така правев пак си бљуцкаше дебељуцкото Нека цица кога сака и колку сака, ред ке почнете да фаќате третиот месец... колку време е на града?
Преку ноќ околу 4 саати со неколку пати пауза по неколку минути. И многу ме боли од толку цицање. Го отфрла вишокот да.
Здраво мајки... Имам еден проблем и не знам каде да прашам за тоа... Ако знае некоја нека ме насочи... Имам бебенце од 6 недели и го дојам... Веќе два дена ми се појави црвенило на градите прво измеѓу нив сега се шири и на гради.. Бев на дерматолог ми рече габична инфекција која можам да му ја пренесам на малото... Ми даде шампон кој во упатството видов дека смеам да го користам но ми даде и маст поточно 2 во упатство пишува дека не смеам да ги користам посебно не на гради... Некој со слично искуство не сакам да престанам да ја дојам ама што ако и ја пренесам
@ladyiff во меѓувреме за инфекцијата можеш кокосово масло да мачкаш, делува антибактериски и антифунгално. Консултирај се за мастите и со педијатар, на голем број од кремите, лекарствата, дури и природните пишува да не се користат за време на доење, поради недоволно испитување во таков случај.
Немам искуство како твојов проблем но, можеш и кантаријон да мачкаш па да го одмиваш пред доење. Али за да не ти префати бебулето чим ти напоменале дека може да префати, купи силиконски за доење и дојго со нив. Така ќе ти нема допир со твојата кожа за време на цицање. Па откако ќе ти се среди инфекцијата ќе си доиш без нив. Или измолзувајсе па давај му го млекцето во соодветно шише ( налик брадавицата) имаш на Томи Типи, Авент и за други незнам. Ја користам Томи Типи и еве синко нема проблем со доењето. Го користам шишето исклучиво за чајчето и вода со ким што давам. Ете пробај вака најбезбедни ти се овие опции и башка бема да ти се одбие од града.
Толку ли е сериозна состојбата да мора антибиотик? Доктор ли ти го препиша или ти на своја рака сакаш да пиеш? Алмацинот е амоксицилин, го даваат на мали бебиња, значи е безбеден при доење, но сепак може да помине во млекото и да предизвика некои промени кај бебушот, како дијареа и сл така да убаво е и нему да му даваш пробиотик додека пиеш.
да малце проблематично ми е ми прае збрки заб втор пат ми се дешава ова и пред да се породам и знам тогаш заб ми даде да пиам алмацин ден два колку има потреба да омекне спадне непцето а сега не се слушнав со неа .. А што проби. да и дадам она е 30 дена ако ептен мора да пијам сега се трудам да издржам да не подпомине ..
Утрово се разбудив со силна болка во едната града..Немам ниту грутки ништо а градава ме боле корне..Како да ме штрекнува цело време а на допир е уште поболно што би можело да биде..?
Бејби е 1 месец и сме само на доење од третиот ден... (првите два дена немав млеко...со царски се породив.. го ставав на града заради колострумот...ама му даваа на болница и дохрана која цела ја повраќаше)Нејсе...се доиме интензивно но дали доволно е 15 до 20 минути подој оа заспива? За два дена сме на контрола па ќе видиме колку напреднал. Последниве два дена имаме мака со стомачето...му давам само биогаја капки...навечер нема мака си спие убаво.. се буди за доење кога еднаш кога два пати... НО...јас имам делумно проблем со градите...некогаш ме болат кога влече...ама само пупките...имаат розева боја..и најмногу болат при туширање и после тоа кога се бришам со пешкир....се мачкам со АД капки бидејќи ми кажаа дека наредно доење не мора да се измиваат градите...исто имам ланолин од Здраве...бугарска фирма...и не знам дали да го користам и дали тој треба да се измие од градата пред подој или не???
~не се огледувај на време дека морало 15/20 мин подој и ние сме месец дена кај мене мала цица по 5-10 мин лакомка е и брзо се нацицува збор ми е дои си го колку сака и кога сака тоа ако е гладно ќе вришти нема да е мирно и нанка па шо сакаш прај супер чим си нане убаво тоа е предобро и ние така се будиме низ ноќта ја и давам капки коли преф а една недела и линекс бабу пробиотик ама од коли преф сум презадоволна и се смити мешето .. ~ градите исто дур свикнат се знаат да бидат болни и они ни ги тегнат некад зато е мн битно ко ќе цица што поеќе да а опфате дојката (аеролата розовот околу) а не само брадавицата зато најчесто ни се разрануват ) јас користам и пантексол маст што мн поеќе ми помага од другата и некои не а бришат пред доење некои да јас малце а пребришувам од мисла со крпче иако не е штетно тоа и впиено е веќе ..
Пупките те болат од неправилно цицање, треба широко отворена да му биде устичето да ја опфати што повеке града за да цица правилно,а вака само пупката ја влече и боли, мачкај ги прво со млекото твое а потоа со ланолин, а стомачето може да го боли баш поради тоа бидејќи при лоша поставеност на града влече воздух
Како се справувате со гризење? Два заба горе, два доле, во слободно време чкрипи со забите а при крај на секој подој тоа го прави на брадавица. Ужасно ме боли, незнам уште колку можам да трпам а сакам подолго да се доиме.
Ќе го потскараш малку и ќе ја извлечеш брадавицата со прст. Смени го тонот на гласот за да знае дека тоа што го прави не е во ред. Мислам дека брзо ќе сфати.