Здраво Би сакала да ве прашам дали некоја од вас ги пие капсулите Моринга или пак ги пиела за време на доењето? Ме интересира дали ги пиевте 2×2 секој ден ( како што е во самото упатство ) или поинаку ги пиевте. Јас ги пијам 2×2 ама се мислам да ги продолжам 1×1 или 1×2.
Моево 3-5 минути цица од кога е родено. Па супер си напредува. Плус нонстоп повраќа, а и два месеци имаше жолтица.
незнам дали е за тука прашањето. малата уште цица редовно, вчера на градата ми ссе направи внатрешна грутка и мн ме боли, многу, надворешно не се познава само има како црвенило а на допир внатре има грутка, шо можи да е ?
Да, одма имаше подобрување откако го скарав, ама така баш сериозна јас, го карам со прстот му мафтам му објаснувам зошто не треба така да прави мислиш прво одделение е Битно намали па дури и престана хехе
@dade123 Сигурно е згрутчување не е доволно цицало, знам дека многу боли. Средата си пишала, болки не се трпат, ставај топли облоги и нежно ќе се масираш да се разбие грутка и ќе се одмолзуваш. Исто и ставај облоги од зелка така имам слушнато дека помагаат. Имав и јас правев топли облоги па потоа ставав листови, се одмолзував и се така наизменично, среќа брзо мина.
Мајки синко веке почна да цица само за спиење..Во текот на денот 1-2 пати и преку вечер толку..Но јас имам проблем градите камен јаки плус на едната имам грутки..Правам масажи ставам облоги одмолзувам и пак исто..Дали ке се среди само или..? Совет некој бидејки многу е болно
Исто како штп правиш. Масирај под туш со сапун, топли облоги, после топлите облоги молзи со наизменично масирање на грутките, па после ладни облоги одма. Мораш и ладни оти вака од топлината и молзењето уште повеќе надоаѓа млеко и пак се прават грутки.И неколку пати ставај зелка пред молзењето.
@blessed.an ставај и ладни облоги листови од зелка или пак Quark несолена урда како ќе му дојде не знам кај нас точно како викаат. Патронажната сестра или тука што ги викаат Hebamme ми кажа. На хартија онаа во кујна што ја користиме ставаме од урдата да е ладна од фрижидер, се става на градата и со некоја марама ќе се завиткаш цврсто да нема луфт. Ќе подржеш некое време пола час ќе тргнеш. Па топли облоги, масажа, одмолзување и така наизменично. Мене за ден ме опушти.
@blessed.an прави масажа со туш со млака и топла вода наизменично. Пушташ вода прво млака па потопла па пак млака и масираш таму каде што е грутката. Потоа малку ќе одмолзеш млеко. Можеш и да чуваш нешто млакичко малку пред туширањето да се подопушти грутката и потоа под туш. Е сега финтата е да не одмолзуваш многу млеко зашто така стимулираш повеќе да се созадава туку малку по малку колку само да се разбие грутката. После туширање нешто ладно на градата за да спречиш млеко да надоаѓа. Мене ми бепе нелагодно околу недела дена после беше полесно. Мојот одеднаш реши дека не сака веќе да цица и прекина нагло. Тогаш имавме околу 3 подои (навечер, еден ноќе и еден сабајле).
Мајки сакам да споделам нешто. Малава направи три месеци.На мајчино млекце е и чајче давам.Некогаш се испумпувам кога имам време и и давам од шише. Порано од едната града можев да испумпам и по 120мл а после подој околу 50-60мл од двете, но веќе не е така. Сега после подој неможам ни 20 од двете. Колку време е потребно да надојде млекце. Знам поголема е и си влече повеќе, но мојот проблем е што дома ми создаваат притисок како јас немам млеко, детето е гладно се гледа од измолзувањето колку сум јас имала млеко, диети сум држала(што не е точно), а дете супер напредува има 6 ипол килца а од болница излеговме со 3 и 500 и неможам да се разбберам секој ден притисок трпам, ме доведуваат до тоа да купам ад.. Ве молам да кажее ваше мислење дали можеби грешам со тоа што мислам дека имам доволно млеко иако неможам веќе да измолзувам по толку многу? Дали е можно млекото да ми е намалено многу? Исто дали стресот би придонел за намалување на млекото?
Стресот може да придонесе за намалување на млекото. Измолзената количина после подој не е репер за тоа дали имаш или немаш млеко. Бебето е сега поголемо, цица повеќе. Ако не плаче, ако редовно полни пелени и спие мирно, нема потреба од дохрана со адаптирано млеко. Гладно бебе плаче многу, тешко се смирува.
Мајче, зошто си правиш безботребни нервози? По што гледаат тие паметните дека детето е гладно? Скоро и сте дуплирале родилна тежина, ние сме 6ипол месеци и уште немаме дуплирано па не се потресувам. Детето ми е весело и жилаво, ниту еднаш не помислив дека е гладно. Полни ли пелени редовно, ако да, тоа е уште еден податок дека си напредува како што треба. Чинот на доење е помеѓу врска помеѓу тебе и бебушот, зошто другите пикаат нос таму кај што не треба, биди малку себична, не давај отчети, колку детето напредува, колку и како се храниш, колку млеко измолзуваш.... Инаку немаш апсолутно никаква потреба да се измолзуваш после подој ако бебуш си цица убаво. Веќе ти е регулирана лактацијата и млеко се создава точно толку колку што му е потребно на бебуш, нормално дека не можеш да измолзиш ништо откако ќе се нацица. Ако ти е евентуално потребно тоа млеко за да го складираш, тогаш неколку дена по ред после подој треба на празно да пумпаш 15тина минути и од двете гради, за да стимулираш лактација и веќе на 3тиот ден ќе имаш што да измолзиш. Само внимавај, постои ризик од маститис, еднаш ако прескокнеш може од вишокот млеко да ти се направат грутки и да си направиш проблем. Затоа не се препорачува измолзување после подој, Зашто не е добро да имаш вишок млеко во градите. Така да не се секирај, тргни се настрана додека доиш, да не ти виси никој над глава, кога ќе почнат да ти зборат фино лепо покажи им каде им е местото и гледајте си се само вие двајца. Сега па плус после 3тиот месец, ќе видиш како ќе зголеми растојание меѓу подои, ќе се нацицува за побрзо време, нема да е толку напорен, друго бебе ќе биде.
@Lolipop23 сето тоа го правам со измолзувањето заради стравот што ми го наполниа во глава дека детето е гладно. Мојава мала еве скоро месец многу плаче сака се во раце сака да ја залажувам со се и сешто за да биде мирна.Навечер ми спие многу мирно се буди три пати да цица и си продолжува, насабајле ми е многу среќничка расположенка но преко ден станува бунтовна, но полни пелени се е во ред со тоа.Е сега тоа барање на милост, носење во раце, плачење по цел ден, кинкање го поврзуваат со глад и моето немање на млеко. Па јас сум мајка по прв пат и многу не ми е јасно, читав и за тие скокови во развој па може затоа е сега таква многу се лути за се.Но еве од дома само гладно е бебево.. Поради тоа што плаче моево скоро месец велат гладно е. Пелени полни се е во ред но многу сака внимание преку ден се лути за се и сешто мора се нешто ново да измислувам да ја смирам.
Скокот на 3 месеци е најинтензивен и најдолго трае. Горе-долу се истите манифестации кај сите бебиња. Точно е дека почесто бараат да цицаат, затоа ќе му даваш кога и да посака. Период е и ќе помине, потоа од еднаш нема да можеш да си го препознаеш бебуш. Моево од бебе кое цицаше на секој пола саат, преку ноќ се смени, почна да цица на 2ипол-3 часа, намали до плачење, претходно ако не му дадев во моментот куќата во вис ќе ја кренеше, потоа стана трпелив, полека почнува да најавува кога е гладен, не крева одма паника Многу ни помогна и цуцла во тој период, се смируваше доста со неа, можеш и со тоа да пробаш. Сега на 6 месеци пак имавме таков период ама кратко траеше. Едино ноќта ја сврзуваше едно 2 цели месеци, а сега пак почна да се буди на 2 часа. Затоа ти велам не се секирај, ќе менуваат нон-стоп, ние како мајки сме должни да ги исполниме нивните барања, многу предизвици не чекаат.
За мајките / трудниците кои се во Германија, и на кои им е потребна помош / консултации / информации за доењето а и лични средби со лактациски консултант, во прилог Ви ја испраќам страницата на LLL за Германија. Се надевам дека еден ден би можеле да организираме огранок и во Македонија. http://www.lalecheliga.de/index.php?option=com_content&view=article&id=627&Itemid=93
Плачењето не е само од глад, бебе е, не знае на друг начин да се изрази. Сосема нормално е ова низ што поминувате, кај сите бебиња горе-долу е истото. Штом ноќе спие, немаш гајле, не е гладно. Преку ден си бара занимација, веќе е поголемо, почнува да се интересира за околината, некогаш цица повеќе, некогаш помалку, ќе му даваш кога сака, колку сака. Нека си зборат другите.
Измолзеното млеко не е репер за тоа колку млеко имаш. Тоа секаде го кажуваат и пишуваат. Зошто се измолзуваш/ Нека цица бебе колку сака, кога сака и каде сака. Штом напредува не е гладно, кога плаче плаче заради нешто друго. Имаш доволно и квалитетно млеко. Немој да посегнеш по АД ќе згрешиш многу.
Ти пишале другите одлични совети. Не се молзи воопшто, не се замарај, не дозволувај да ти попуваат глупости, не давај шишиња без потреба.. не си го загрозувај така доењето. Уживај си со бебето во чинот, и немај страв - полни пелени и напредок значи дека имаш млеко. И јас не можев ништо да измолзам. Па тоа не значеше дека немам млеко. Мајки, во сабота сум на состанок. Ако имате некои несекојдневни прашања или ситуации, споделете ги! Ќе пробам да најдам одговор!
Пред неколку дена и јас давав совет за згрутчување, сега пак ќе барам. Имам болка во десната града некаде под пазувите од таа страна. На допир боли кога натиснувам со прст, нема згрутчување. Не ја чуствувам тешка, цицаше, пробав и одмолзував немаше кој знае колку но одмолзев. Ме нервира, некое нелагодно чувство ме обзема. Да пробам со масажи или пак нешто друго е проблем. Можеби е пак почетна фаза за мастит. Збунета сум. Поздрав и добра ви ноќ!