Јас уште комбинирано со силиконски брадавки и природно ја хранам на града. Можеш неколку минути дури да ја извлечи брадавицата со силиконска и после да ја тргниш и да си влечи нормално. Мачкај ланолин после секое доење за да заздрават брадавиците
Здраво од мене. Ние сме две недели ама не се доиме. Пробавме се. Силиконски и вака ама бебо пишти и не сака. Сега сме на ад и нешто измолзено. Ама сакам само на ад да бидам. Е сега ме интересира да ми дадете совет колку да се измолзувам за да не ми се стврднат градите зашто ми е страв од мастит.
@Black girl не се откажувај толку лесно моето дури после три недели фати да цица, веќе бев пред откажување. Ми беше смачено од одмолзување и молење. И јас пробав се, но некако успеавме.
Исто ко Пеперутка би ти дала совет. Молзењето е многу мачна работа, а брљдавиците има шанси да се извлечат. Купи си силиконски. Слабо мајчино млеко нема! Може да немаш доволно, ама да е слабо не постои такво нешто. Гледај да се враќате на цице. Измолзи малку колку да направиш поголем проток на млекото и дај му го тоа со шприц, колку да го залажеш, после бутај града и ќе продолжи со цицање. Вака една јатрва моја се спаси мислам. Многу е тешко од шише да го вратиш на цицка, затоа гледај да терате со цице, малку ќе се помачиш ама ќе го бидне. Молзење ако сте биле само на молзено млеко после цицање ако имаш уште млеко извади го, таман за следниот подој, ако не нема потреба. Од мајчино млеко буцко нема да стане, ич да не се сеќираш.
Тој период се одмолзував повеќе пати уствари додека спиеше бебето јас тоа правев одмолзував од една од друга за да има да пие кога ќе стане. Па го ставав и него на града а тоа не сака и не. Од почетокот му измолзував доволно но потоа требаше повеќе ми стана мачно, постојано тоа правев но за среќа фати да цица. Кога почна првите два дена премногу ме болеа градите толку што дури сакав и да се откажам. За одмолзување то беше толку често зошто сакав колку може повеќе да пие мајчино толку. Е сега ти ако си решена само на ад да бидете нема толку често да се одмолзуваш зошто секое одмолзување е симулација за ново. во Кога ќе ги осетиш градите тешки ќе се одмолзеш, не можеш наеднаш секој ден ќе намалуваш по едно одмолзување.
Пред секој подој пробај масирај ја брадавицата, за да ја извлечеш ( така мене во болница ме учеа и мене ми се случи слично). После прави компресии ( по малку стискај и држи ја градата додека цица внимавај носето да е слободно). Мачкај ланолин не е штетно за бебето и не мора да се мие.
@Black girl И мојата тек на 13 ден фати града, дотогаш се молзев. Тоа е причината поради која ми се намали млекото оти не знаев како да се молзам. Се молзев на 3 саати, ама некогаш прескокнував. Молзи се на секои 2 часа, но форсирај и града. Најдобро е наутро кога ќе се разбуди одма на града, мојата така фати. Или полузаспана. Ако не фати, а имаш шанса да молзиш купи барем електрична пумпа. Ако не и ад давај. Молзењето е најтешко, кој не поминал не знае...
Сега почнав од едната града да му давам да цица другата да ја измолзувам и тска неизменично во текот на денот, не знам дали е исправно така? И јас сакам само да цица, ич не е лесно измолзувањето, еве 1 месец по 8или 9 пати во денот се измолзувам, 8 или 9 пати мијам пумпица, шишиња, цуцли... ај за прску ден бе е проблем ама навечер не се издржува.
Ние пробавме со силиконска и се одлепуваше па купивме пумпа за измолзување. Во болница кога бев и неможеше да фати пупка млеко течеше од мене. Сега измолзувам само 10мл па му давам и ад.Кажете што да јадам,пијам за да ми надојде повеке млеко. Пијам многу вода и чај за доилки.
@manako1 за надојдување млеко најубава стимулација е бебето. Ако се сеќавам добро, ти имаш проблеми со вовлечени брадавици. Кога ќе се измолзиш, може ли да ја извлечеш пупката? Ако можеш, пробај кога се измолзуваш рачно да ја извлечеш пупката и да му ја дадеш на бебето, ама ќе ти треба помош. Значи, држи ја градата во ниво на ареолата, почни да молзиш, би требало да излезе пупката, и веднаш дај му ја на бебето да фати. Ако не можеш сама, сопругот нека го придржува бебето до градата. Ова најубаво се прави ако не е гладно, оти во спротивно само ќе го мачиш и ќе плаче. Измолзеното и ад млеко давај му ги со шприц, немој со шише со цуцла, оти нема да сака да ја фати градата после, нема ни да се обидува. Немам искуство со вовлечени брадавици, а верувам дека е многу тешко, не само за тебе, туку и за бебе, ама мора да се обидеш. Инаку, за надоаѓање млеко само течности, чај за доилки, кромид и безалкохолно пиво. Тоа кај мене помага.
Ако ти се вовлечени брадавиците, палецот и показалецот стави ги на ареолата покрај брадавицата и малку ги подрашири за да излезе таа. Со другите палец и показалец фати ја брадавицата на коренот и полека ја врти со прстите. Би требало да се испакни. Погледни на интернет сигурно има видеа за испакнување на вовлечени брадавици.
@manako1 А со онаа пумпата за извкекување не пробаа да ти ја извлечат? Мене со неа на почеток ми ги извлекува сестрите, после бебе ги извлече само. Кај се породи?
@manako1 јас сум со вовлечени брадавици. Во болница ми рекоа дека многу се мали шасните да дојам. Купив пумпичка за извлекување на брадавици од Лансинох но не ми помогна воопшто. Спас ни беа силиконските од Медела. Се одлепуваат да, ама само додека да повлече бебуш и да направи вакуум. До 3 месеци цицаше од нив, потоа ги баталивме и сега цица без. Едната скроз ми ја извлече со цицање, а другата сега е рамна ама пред да му дадам си ја извлекувам со прсти.
Во државна Вељановски ми правеше царски. Сестрите еднаш ми ја извлекоа со шпиц и како манијаци едната ми тегли града другата го удира бебето по вилица посилно да отвори уста. Ми направија живи рани крв ми течеше а млеко имав многу. Затоа си купив електрична пумпа и не ми е тешко да се молзам.Дали од стрес и што не јадев во болница ми се намали млекото. Два дена испишана од гинекологија, бебе супер само бара града докторката ми прети нема одење дома дури не научам да дојам.
Пиј млеко, јас пијам чоколадно млеко поубаво ми е, пиј леден чај, јади овошје сега има сочно и убаво овошје и пиј го чајот за доилки од алкалоид. Мене овие работи ми помогнаа и најважната електронската пумпа за измолзување на авент, на почеток додека добив млеко мислам дека ги искорнав градите со неа бев 24 часа.
Zdravo majki Vi isprakjam slika od nashiot den denes vo 24h kako se odvivashe so doenje i polni peleni..i spienje Ve molam za mislenje. P.s. dohranata sabajle e dadena po inicijativa na tatko mu bidejki bese kenkavo i ne zaspivashe...bebe vo vtornik ke pravi 2 meseci.
Морам да те прашам....секој ден вака запишуваш или само овој ден? Ако е секој ден те советувам да не го правиш тоа зашто немаш потреба. Ние сме 3мес и 2 недели и никогаш не сум ни запишала нит пак се водела по саат. Цица кога сака и колку сака и каде сака. Еве моментално сме во Белград на одмор и нормално деновиве го шетаме градов со синко. Буквално кај ќе посака застанувам и го дојам. Никогаш ама никогаш ( поучена од доилки со стаж со години со по 2-3 деца ) не сум гледала на саат. Буквално некогаш се дешава и на 30мин да сака па макар и 5 пати некад само ќе повлече. Пелени исто никогаш на саат не мењам. Може некад и по 15 на ден да сум мењала и мењам.Едноставно го пипам и ако мислам дека е полна па и не многу одма ја мењам. Кога е какан по дефолт мењам. И еве го од напреден пренапреден пу пу да не го урочам. 3330лг е роден и еве на 3мес и 2ра недела започнуваме и има 7100кг Не е дебел да се разбереме туку е здраво напредно дете. Бебе на мајчино млеко непостои дебело. Мој најфер совет ти е : Без вакви шаблони и без запишувања и гледање на саат. Зашто доењето се вика слободно доење. Значи : кога сака, каде сака и колку сака. Океј сте дале дохрана, но ако напредува убаво немате потреба. Немате потреба и воопшто дома да имате дохрана за да не доаѓате до вакви искушенија. Кенка зашто е бебе и незнае друг начин на кумуникација освен да плаче и кенка. Сега почнуваат и тие така наречени скокови ( одредени фази на развој ) и ќе имате разни дешавки и немој да посегнуваш по дохрана доколку напредувате убаво. Мерило за дали бебе се развива и напредува не се само полнети пелени секогаш..крвна слика е најбитна и килажата која ја качува на неделно па и месечно ниво. Нормално и пелени да полни. Колку се родивте т.е. која родилна тежина е родено и како беше килажата на 1 месец и еве сега??? Кенкаат и од топлово. Расоблечи го ( незнам како го облакаш ) облакај го како и вие што се облакате. Само со пелена и боди без ништо друго па ни чорапи зашо е пекол времето. И кога е таков кенкав дај му водичка или чајче зашто и нив тоа им бара душичката Мојов по 120-150 мл секој ден од раѓање пие вода и чајче. И еве и ден денес ако несака пљука и со јазик бутка цуцлата, го ставам на града и си пие млеко си цица. Значи бебе кога сака млеко си пие млеко, кога сака чај или вода ќе си пие тоа.
Ве молам за совет.Досега не сме имале проблеми со доењето но последниве два три дена го ставам на града, вришти ја пушта и сака пак. Целото доење е мачно и за двајцата. Кога ќе ја стиснам градата искачаат посилни млаза одеднаш. Пробав со измолзување подобро е ама пак имаме проблем Ова навечер не се случува. Да напоменам дека ми почна и менструацијата