Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.970
    Да ве прашам , тие што сте користиле силиконски брадавици на кој начин ги стерилизиравте првиот пат откако ги купивте ?
     
  2. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Јас ги стерилизирав во вода околу 5 до 10 минути првиот пат, а следните пати 5 мин само вриење.
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    @lilipus мене ми е страв да не е гладно, и затоа му додавам формула некогаш. Денес на пример од сабајле 20мин цица, саат и пол макс спие и одново. Се надевам дека океј му е, штом спие ваљда најадено е.
     
  4. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    @Mia.milicka во ред е новороденче толку спие час и половина, два часа. Знам ја грижата и стравот да не е гладно, но ќе гледате како напредува. Само нека си цица, ќе има млеко и се ќе биде добро.
     
    На Mia.milicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lilipus

    lilipus Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Не се секирај имај на ум гладно бебе не спие ;)
    Колку дена сте стари? И мојата така се буди и бара нон стоп да цицка :) Денес бевме на контрола се роди 2950 а денес 3600 што за две недели супер напреднала.
     
  6. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    @lilipus браво! Да расте уште повеќе:) Ние сме 9 дена стари. Се роди 2540, на контрола сме во понеделник. Се надевам ќе има ставено килажа.
     
    На lilipus му/ѝ се допаѓа ова.
  7. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Здраво. Бебето ми има 3 недели.на мајчино млеко сме но се измолзувам, тешко се фаќа за града и од шише и давам.Кажете колку милилитри е доволно ,бидејќи сите различно кажуваат. Јас и давам скоро цело шише 90ml. И уште сака,ама мослам дека и тоа што и давам е многу
     
    Последна измена: 21 јули 2017
  8. 123baby

    123baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Мојата е десет дена, исто се измолзувам па и давам некогаш и по 80 ml,обично од 60 до 80ml на максимум три саата. Баш денес бевме на прва контрола и док ни рече да и давам колку и се јаде, се додека е на мајчино млеко.
     
    На suzimuzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. suzimuzi

    suzimuzi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2015
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Фала многу. Многу бев загрижена мислев дека претерувам со давање ама пак ,кога си бара бебушот си викав и јас мајчино млеко што може да штети.Фала ѕи многу,сепак е подпбро и друг кога ќе слушнеш за мислење
     
    На 123baby му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки
    Бебо има 3 недели досега немав проблем а вчера и денеска имам температура и градите ми се жешки дали е можно да е од доењето или со млекото нешто?Си цица на 2 саати некогаш на саат и не се одмолзувам.
     
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Кога убаво ќе ги напипаш градите, дали имаш грутки- како тврдо ткиво?
    Ставај под прслукот листови од зелка. Масирај ги убаво градите се дур не се воспостави убава лактација. Се воспоставува негде после 40дена и градите ќе си се после тоа меки.
    Никако....ама никако немој по часовник да доиш, да гледаш на саат. Никако! Ќе го доиш кога сака, колку сака и каде сака. Така бебе ќе е среќно и напредно, а ти...ќе немаш мака со градите и млекце ќе си имаш доволно.
    Измери температура и ако е повисока, градите ти жежат, имаш грутки .... маститис е тоа и утре сабајле трк на лекар доколку од листовите зелка, масажите и измолзисе со пумпа за измолзување...ако од ова не е поарно тогаш утре иди на лекар. Бебе ставај го нонстоп на града. Мојот првите недели мислам дека 24/7 беше на цицка ;)
    Со лесно мајка.
    Едит : Со млекото да знаеш ништо неможе да е. Жешки се и температура се има само ако имаш маститис. Тоа е од неправилно доење и доење по часовник.
     
    На Dzulija* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.970
    Кога одмолзеното млеко го вадите од обичен фрижидер колку време треба да стои на собна температура пред да му го дадете на бебето ?
     
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20161128-210828.png FB_IMG_1496530797157.jpg FB_IMG_1496530778413.jpg
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dzulija*

    Dzulija* Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2015
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.112
    Пол:
    Женски
    Фала многу..да ми беја жешки и имам уште малце како грутки ама температура немам и ми се направија меки градите не ме болат најверојатно зелката помогна..Кога цица некогаш се нервира и како да не можи да ја фати градата плачи стега со непцата турка со нозе зошто можи така да прави?
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.970
    @sofi2107 Ти благодарам за споделеното но незнам јас ли не можам да се снајдам според табелата или конкретно не пишува за тоа што ме интересира.
    На пример го ставам млекото во обичен фрижидер и ми притребува за два - три часа.Кога ќе го извадам млекото е ладно , па колку време да стои надвор од фрижидер на собна температура за да се стопли доволно и да не е ладно за бебето?
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Масирај си ги почесто градите, најубаво дур си под туш да ги поминуваш со млазови потопла вода и после убаво масирај. Кога ќе осеќаш дека има грутки и дека жежат ќе ставаш листови зелка па ќе масираш. Во краен случај ако се премногу болни, тврди и жешки ќе ставаш облоги ... Ациди борици ... АМААА обавезно после тоа убаво ќе си ги измиеш пред да го доиш бебето. Ставај го почесто на цицка и ставај најизменично да цица од двете гради.
    Тоа што тегне, тресе со глава, се бутка наназад, со нозе и раце прета... уживај не се секирај нормален процес е и ќе го има и понатака понекогаш. Башка е многу топло, дојго расоблечено бебето и јас ставам чаршавче меѓу нас и под главата негова ( над раката моја ) за да не му е склет од топлината што ни се допираат телата. Ем и мене не ми е склет. Го бањам некогаш и по 2 пати во денот за да го освежам зашто како и на нас што ни е склет нив им е повеќе. Они не движат за да се разлади телото и потопло им е. Инаку се надевам на педијатар сте биле и ја следите килажата која бебе ја додава. Доколку убаво си накачува на килограми, немаш простор на грижа. Кога е така немирно дур го доиш, крени го на некоја минутка, бакни го, гушни го, прошетај го низ дома еден круг па пак врати го на града, смени друга града нека цица од другата. Ќе пробаш све ќе видиш ќе е полесно. Сите сме биле на почеток во хаос дур не влеземе во правиот колосек е тек тогаш е полесно, мада секогаш ќе има некој нови новитети. И да не заборавам....давај почесто водичка во текот на денот, сепак треба да се освежат. Од вода зијан немаш, секој организам си бара вода.
     
    На Dzulija* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Искрено јас никогаш не сум се измолзела така да не сум компетентна за ова да кажам. Но, со оглед на тоа што сум го читала по групите на фб за доење ( имаш на фб скриена група е за доење и е многу корисна ) никогаш знам млекото откако че го извадиш од фрижидер несмееш да го топлиш во микро или пак на рингла. Никогаш. Го оставаш на собна температѕра дур не се стабилизира температурата. Повеќето, еве сестрами е жив пример она со месеци се одмолзуваше зашто внукми нејќеше да фати цицка, она ставаше топла вода во тенџерче и шишето го ставаше внатре за да го потстопли млекото или под чешма и пушташе топла вода да тече над шишенцето. Во секој случај сепак ти ќе го пробаш шред да го дадеш. Да не е па ни мнпгу топло сепак е 50степени надвор и ти не би пиела топло ништо. Да не е ни мнпгу ладно сепак грло да не го фати. Ќе си најдеш некоја златна средина. Јас лично еве бидејќи млеко така не давам, чајчето и водата ги давам поладни ( не ладна вода од фрижидер) туку баш како од чешма кога ќе пуштиш уште од прв ден давам така. Здравје на зимо ќе му давам потопло за да се згрее синко ;)
    Мој совет ако си во можност најди ја на фб ПОДДРШКА НА ДОЕЊЕТО затворена група е и имаш многу корисни информации и споделувања на совети од доилки со стаж.
    https://www.facebook.com/groups/306598996436532/
    Незнам дали ќе ти се отвори странава зашто е затворена група. Ако имаш некој нека те додаде.
     
    Последна измена од модератор: 24 јули 2017
    На Dzulija* и V.odolija им се допаѓа ова.
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @V.odolija јас кога давав измолзено го затоплував во стаклено шишенце под млаз топла (не многу жешка) вода.
     
    Последна измена од модератор: 24 јули 2017
    На alisijad и V.odolija им се допаѓа ова.
  19. Slavka 28

    Slavka 28 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Мајки доилки ;) Ве следам цело време, ама не сум нашла време да пишам. Вчера гледав на вест светска недела на доење е, а во Систина ќе има бесплатано предавање за доење, може да ви е од корист https://www.facebook.com/events/109329076370055/?acontext={"source":5,"page_id_source":118112901564657,"action_history":[{"surface":"page","mechanism":"main_list","extra_data":"{\"page_id\":118112901564657,\"tour_id\":null}"}],"has_source":true}
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Драги мајки,
    иако мојот дваесет месечен стаж заврши пред 6 месеци, како нов член сакав да споделам со вас мала помош околу надоаѓањето на млеко. Иако првите неколку денови и јас се измачував со темпирање на подој (кој никогаш не знаеш кога ќе се случи- барем кај мене беше така) и приготвување на Лакта микс кој треба да биде свжо приготвен а сепак испиен 30 мин. пред подој маките ми ги реши матичниот гинеколог кој ми ги препорача Lactasen таблетките. Јас ги купував од Виола, не сум сигурна дали сега ги има и по другиве аптеки. Делотворни беа многу повеќе од чајот (иако се речиси истиот состав зашто се на природна база) а се пие само една на ден.
    Секако дека таблетката не го заменува внесот на течности, тука нема помош, мора да се долевате цело време :)
    Да не мислите дека е ова правам некаква реклама, тоа не е намерата. Се надевам дека ќе помогнам на некоја уплашена, загрижена, храбра мајка која пробува се и сешто за да успее да дои.
    Само храбро и смирено. :*
     
    На ada21, Paka, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.