Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Денес почнува светската недела на доењето. Си реков ај да наминам да видам што се случува.

    Додека сум тука, читнав нешто тука што малку ми го привлече вниманието, па би ја искористила приликата да напоменам неколку работи на новите мајки.

    1. Не е вистина дека гладно бебе не спие. И те како спие - можеби штеди енергија затоа што не ја внело претходно. Можеби има поизразена жолтица. Значи ако спие бебето не значи дека можеме да се опуштиме и да се основаме на тоа дека е се во ред. Извинете што ве плашам - знам дека имате милион нервози на ум како нови мајки, но бидете умни и претпазливи.

    2. Давање вода на доено бебе - јас лично сметам дека нема потреба, но немам ништо против да се дава - откако ќе се воспостави лактацијата и успешно доење. Нека не ви кажуваат приказни дека е жедно, дека без вода не се живее. Значи, мајчиното млеко содржи вода која и те како ја гасни жедта на бебето. Прво осигурајте лактација, после давајте вода. Сигурно сте виделе на интернет сликички со споредба колкав е желудникот на бебињата во најрана возраст. Па дури и малку вода значи полнење со нула калории место со млеко. Размислете и бидете претпазливи.


    Среќна недела на доењето и ви посакувам успешно доење!
     
    На Rabbit, M&M, MissDior и 8 други им се допаѓа ова.
  2. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Како ги одвикнавте од силиконски брадавици. Ми дојде млеко ама се навикна со нив цица ама брзо се изморува и заспива па за 10 мин пак се буди,приметив дека од едната послабо ми тече млеко а од другата синоќе убаво се нацица и си сшиеше три и пол часа. Прашање мо е дали убаво се нацицува со силиконската оти сите околу мене велат да ја фрлам силиконска да цица нормално дека вака му било потешко ,имам млеко гледам дека еунаво се полно цуцлата. Инаку сме 5 дена само сеуште не сме биле на контрола. Плис хелп.
     
  3. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Моето 4 месеци го доев со силиконска и убаво напредуваше но ете не сакаше да фати без неа.
    Јас ја одвикнав така што речиси секогаш прво понудував града без силиконска брадавица, па кога видев дека не влече и се лути дури тогаш ја ставав. Ова по совет од бабица и советник за доење, ми рече мораш да си упорна, а што кога не постоеле силиконските брадавици, едноставно ќе си дојде моментот да фати и без неа.
    Потоа ми беше песна, заврши маката со стерилизирање брадавици и давање пари за истите.
     
    На Kaetana и ma4e1311 им се допаѓа ова.
  4. tanja11991

    tanja11991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Мамички ние сме стари 12 дена и денеска малиот ми е нешто многу нервозен на доење сме и дур да фати цице многу се мачи и баш пред 10мин кога го доев забележав дека не голта како вчера трга ама не голта многу пробав да му дадам бекутан чајче несака да го пие а од сабајле имаме 3 какани пелени дали на некоја и се има случено ова?
     
  5. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.970
    Мајки , две недели е син ми.Понекогаш се одмолзувам за да јаде па ме интересира колку треба да испие.Имате ли некаква табела за тоа на која возраст колку млеко е доволно ?
     
    На Mia.milicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Може е нешто моментално. Има мал скок во развој на 12 дена. Види како ќе е утре.
    На многу од нас ни се случувале вакви моменти, мислам дека нема простор за паника. Само набљудувај.


    Мислам дека имаше табели на кутијата на адаптираните млека. Кај доени деца е навистина тешко да се воспостави таков ред.
    Внимавај на давањето на молзено млеко преку шише - можно е да е ризик фактор за доењето.
     
  7. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    Ние денес правиме 3 недели. Последниве три дена не можам да го познаам бебчо. Нервозен е, ме тегне на цицање, плаче на менување пелени, спие во раце и кога ќе го оставам плаче. Дали некој има слично искуство? Исто така сакав да прашам, колку долго ви трае подојот (или ви траел кога бебето ви било 3 недели). Дали после тоа бебчето ви заспива одма?
     
    На tanja11991 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    21.970
    @Kaetana мислиш на ризик да се одбие од цицање ?
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ова е првиот скок во развој. Можно е да потрае па дури и да се спојат со тој на 6 недели.
    Тој период ми беше нон-стоп на гради, спиеше, цицаше, пак заспиваше и така се во круг.
    Само трпение и без нервози. Можно е и грчеви да го мачат, примети дали кога плаче ги собира и исправа ноџињата. Масирај му го мешето има на youtube корисни видеа за тоа како да се масира, барај како baby colic massage. Ти пиј чај за доилки, содржат ким и анасон и ќе му ги намалат грчевите на бебето. Внимавај на исхраната.
     
    На V.odolija, Mia.milicka и joy1 им се допаѓа ова.
  10. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некоја мајка се соочила со следново, да сподели искуство:
    Јас ја доев ќерка 11 месеци, самата се одби. Додека ја доев супер си напредуваше, и имав многу млеко. Е сега после една година, сеуште имам млеко. Контактирав со матичниот гинеколог, пред неколку месеци, и ми рече ако нема тегоби ништо не е страшно, самото ќе сопре. Пре две недели бев да ми препише таблети, и ми рече дека и по неколку години може да се лачи млеко. Е сега, покрај проблеми што ги имав, имам пишано во друга тема, не ги купив, едноставно заборавив. Сега во последните неколку дена чувствувам а и гледам дека левата дојка малку е поголема, како отечена. Ме пецка и боли, а и имам чувство дека некаква течност си тече...Попладнето ќе одам на лекар, но ако има некој слично поминато нека советува..
     
  11. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Имам мачлунпокачрна тт 38, бебе два дена нр ми ги исцицуваше градите,пд денес шочнав да се измолзувам ,шриметив дека откако се испумпав ми падна тт на 37,4 се напив парацетамол може ли да е од градите или шак пд царските. Вала немам никалва мака со раната мо болка баш денес бев кај матичмиот за конциѕе рече дека е ок.
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.003
    Допаѓања:
    327.962
    Пол:
    Женски
    може од градите
    јас кога ке ми се преполнеа качував Т ,имав треска и болки низ цело тело.Како ми омекнуваа така Т ми пагаше.Пиј парацентамол,и под топол туш влези.Ке се пуштат каналите и ке шприца млекото само од себе.Бар кај мене тоа успеваше секогаш
     
    На Kaetana и ma4e1311 им се допаѓа ова.
  13. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Да бев на дежурен,почетна фаза на маститис,ако имам и утре тт да почнам со антибиотик една недела и можам да дојам. Исто и јас болки и треска чувствувам .
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @No Makeup како помина на доктор?
    Млеко може да има подолго време после доењето, ама после година да се полни градата... малку чудно.. со хормоните како си?
     
  15. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Докторот морал порано да излезе,во понеделник ќе одам. А за хормоните , нз, ќе треба да правам и хормонска анализа. Се мислам и мамографија да правам
     
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Или мамографија (не знам која возраст си) или во најмала рака ехо. Мислам чисто превентивно - особено ако немаш направено подолго време.
    Се надевам ништо не е, и дека е некој мал хормонален куршлуз што лесно се коригира...
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.867
    Допаѓања:
    203.006
    Пол:
    Женски
    Ехо обавезно, а после, ако не дај Боже има потреба, тогаш мамографија. Не е препорачлива пред 40 годишна возраст. Со ехото ќе се види се што треба, а ако докторот се сомнева на нешто, тогаш може да препорача мамографија.
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  18. tanja11991

    tanja11991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Мамички брдавицата ми е повлечена на левата града не е многу но малиот несака да фати плачи кога ќе го ставам на таа грда да цица прееска ха стегнав има млекце ама не многу,дали може млекото од таа града да ми запре доколку не го дојам од таа страна и дали ако се измолзувам ќе помогни да не ми секне млекото од таа страна а во десната града имам многу млеко и капе од мене само што ќе тргне малиот помош ве молам иначе стари сме 18дена
     
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ако не го доиш од таа града ќе немаш млеко, сега е мал и затоа не може убаво да фати, малку да потпорасне ќе има повеќе сила и нема да му е проблем, ќе ја извлече сам. Измолзувај се по малку и нуди му од време на време, но претходно извлечи ја со прсти за да ја фати полесно.
     
    На Annath и tanja11991 им се допаѓа ова.
  20. tanja11991

    tanja11991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Со силиконска брдавица ја фати и така си цицаше па ќе пробувам од време на време без силиконската