Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Дали знаевте дека само 35% од мајките во Македонија дојат???
    Искрено знаев дека процентот не е голем ама ова е поразително.
    Главна причина за ваквата бројка е недоволна едукација на мајките, и недостаток на стучна помош.
    Мајки кои сакате да доите: доколку сте во можност посетете некој организиран настан за едукација,читајте, информирате се, гледајте туторијали. Часовиве кои во најголем случај се бесплатни ќе ви бидат од голема помош а често ги има, барем по Скопјево.
    Реткост е после породување да наидете на сестра која ќе има трпение и волја (а бога ми и ќе знае како) да ви покаже и помогне со доењето. Секоја чест на исклучоците. Одете кај вашите педијатри, па и други и трети но не се откажувајте.
    Потребно е огромно трпение и упорност во периоди кога физички сте исцедени и хормоните се уште дивеат. Знам дека е тешко (верувајте ми), но издржете заради вас и вашето најмило. Наградата е бесценета.
    Со огромно разбирање и најдобри намери... не се откажувајте!
     
    На Girl-Rabbit, ♡BuBaLe♡, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Да.. не мора да значи, има многу бебиња кои успешно цицаат и добиваат паралелно шише.. но има и исто толку случаи каде бебето се одбило заради начинот на кој ја добива храната преку шише - без воопшто мака и труд добива поголема количина на располагање, што после секако му станува приоритет пред доењето. Почнува да покажува фрустрација за време на подојот, особено во периодот на стимулација.

    @No Makeup како си? Не би сакала да сум здодевна - ако сакаш пиши што направи.
     
    На No Makeup, BirMelek и Annath им се допаѓа ова.
  3. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    @Kaetana таман работа, не си здодевна, но немам баш време да се вклучам. Бев на ехо, лекарот рече нема ништо бенигно(малигно) како и да е, претпоставува дека е до хормоните , односно ако сум под поголем стрес,значи треба да проверам хормонски статус. Е сега поради тоа што мм беше неуспешно во странство ( пишав во тема свекрви и снаи) немам здравствено, се треба да е приватно. Нз дали можам самата да се пријавм ,бидејќи ми рекоа треба 3 месеца да поминат за да тој се пријави.

    Е сега нз дали е поради ехото, дека нели се притискаат градите, од вчера млекото на деснат дојка ми тече само и се познава на маиците, исто како да дојам ,само на левата страна
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.865
    Допаѓања:
    203.002
    Пол:
    Женски
    Хормони ќе испиташ. А има ли сомнеж да си трудна?
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.088
    Пол:
    Женски
    Не, не воопшто. Па речиси 13 месеци имам млеко, затоа ми е чудно. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите, а левата дојка ме сеуште боли
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tanja11991

    tanja11991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Мамички малиот ми е 22 дена досега си цицаше добро но последниве 2 дена додека цица само се трга од града и плачи а уште му се јади му ја понудувам пак градата но несака а цица некогаш 10мин а некогаш 45мин цица и се случува некогаш да голта а некогаш не и се разбудува секој сат а кога ќе почни да цица и ќе се тргни мене млеко ми течи од градата а кога ќе пробам да се измолзам едвај 40мл вадам од 2те гради од што може да биде така? И потешко ја фајќа градата одкако ќе ја пушти што можам да превземам за да измолзувам повеќе млеко?
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ова ви е првиот скок во развој на 3 недели. Може да помине за некој ден, а може да потрае и до 40 дена. Следи го детето, кога му се цица нека цица, кога плаче не го форсирај, анимирај го нешто па кога ќе се смири понуди пак.
    За да измолзуваш повеќе мораш и 10тина минути на празно да влечеш за да стимулираш лактација за 2-3 дена ќе се зголеми количината. Мада немаш потреба од тоа, градите продуцираат онолку млеко колку што му треба на бебуш.
     
    На eli25, tanja11991 и Annath им се допаѓа ова.
  8. tanja11991

    tanja11991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    597
    Пол:
    Женски
    Фала женска еве 3 часа се мачевме да заспијаме и конечно заспа
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Ние имаме 5 дена, се мачиме со цицањето :( Млеко има, малиот фаќа града рееееетко по желба, најчесто се фрустрира и е хистеричен кога го нудам иако е прегладен :( пробав со силиконска некогаш и со неа фаќа ама и тоа шо желба :( упорна сум ама липта од глад а не фаќа... се одмолзам ли и дадам шише одма си го пие :( лажливка тегне уште од болница... ве молам совет, важно ми е да цицаме од града, се би направила :(
     
  10. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Немој да го оставаш да биде прегладнет, така нема да цица, нема да има трпение да влече а шишето ќе го прифати и ете ти проблем.
    Почесто нуди дојка, и кога е смирен и не бара ти дај му, а претходно малку измасирај и рачно истисни додека да протече млеко па дај му да цица.
    Пробувај разни начини, но никако да огладни не чекај, нема да цица така.
    Ако е веќе нервозен, однеси го во потемна тивка просторија, легни до него, прво смири го збори му па дај да цица
     
    На Kaetana, Lolipop23 и Annath им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.865
    Допаѓања:
    203.002
    Пол:
    Женски
    Не го изгладнувај, нуди града кога сака, колку сака, цело време. А тоа што ќе го измолзиш, дај му го со шприц, не со шише, полесно му е од шишето да влече. Ќе му дадеш малку измолзено млеко колку д не е гладно и одма ставај го на града, ќе видиш дека ќе фати. Кај мене во болница двајцата така фатија, првин сестрата им даде со шприц малку ад млеко и после одма на града фатија како што треба и си цицаа. И кај тебе ќе биде така. Со среќа и со лесно, уживајте во доењето!
     
    На Kaetana, eli25 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    И моето никако не фаќаше да цица од града и скоро до 40 дена пиеше измолзено млеко од шише, можеше да се случи еднаш во денот да фати цицка. После 40 дена го форсирав на цицка, пумпицата ми ги извлече пупките и му беше полесно, а и после 40 дена беше поголем и имаше повеќе сила да влече. Сега имаме 2 месеци и е цело време на цицка, само кога одиме некаде на гости или да шетаме му земам измолзено и пие од шише. Најважно е што си пие мајчино млеко, никако не го оставај гладно.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Фала за советите, со шприц да му прскам во усте ли? И кога му давам шише, на пола го прекинивам па нудам цицка... најаден значи малку, ама пак не ја сака, му капнувам го лиже тоа капнатото од брадавица и пак се трга.... да го будам и кога не е гладен и да нудам?
    Омаме и малки физиолошка жолтица, да не е мрзлив од неа? А не мачи и меше....
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.865
    Допаѓања:
    203.002
    Пол:
    Женски
    Жолтицата го успива, затоа можеби и не влече. Шприцот стави му го внатре во устето некаде до пола обравче, од страна и полека почни да шприцаш млеко. Продолжи како што правиш, ќе фати и ќе цица убаво. За грчеви мислам ви е рано.
     
    На Kaetana и eli25 им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.165
    Допаѓања:
    124.616
    @Igle на цимерката има жолтица и исто е ко твоето. Ако не му дојде млеко одма вриштење. Спие скоро цело време и е мрзеливо. Мене од 22 ч трипати ми го носеа на доење нејзиното не. Иначе добивме млекце. Малото цица ама мрзеливо мора да го буцкаш :) Сепак влече убаво. Градите ми се полни, масирам и термофор ставам. За одмолзување рекоа сеуште не оти не цица доволно па само ќе се полнат ама ќе видиме утре. А болат корнат :( Дома се сместувам на клацкалица и бебо на ци*ка нонстоп. Да фати ред. Па ќе помагате ;)
     
    На Igle, Lolipop23 и barby им се допаѓа ова.
  16. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Ајде и за мене помош.
    Се породив пред 5 дена и млеко уште ми нема убаво дојдено, а бебево многу сака да цица влечи силно.
    Што да правам да ми дојде млеко?
    Уште сме В болница, жолтица има малово.
    Го дохранувам со ад ама со гадење го пија, а моето измолзено иако е малку се гледа дека му е поубаво.
    И плус од ко се породив воопшто не сум спијана.
    Ништо не ми е, болки никакви немам ама умрена сум за сон, има ли и тоа врска?
    Гледам и течности да пијам повеќе.
     
  17. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    @orhideea пиј повеке течности..Мене најмногу млеко ми доагаше од леден чај..Многу пиев и млекото ми дојде уште на третиот ден..И јас не спиев синко беше многу плачлив така да мислам дека не е до неспиењето
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Така е на почеотк нон стоп на града, пиј чај за доилки бар во билница дават, исто имаш и сок на хип за мајки ги имаш во дм можеш да си купиш нека биде повеќе на града ќе стимулира лактација и ќе ти дојде млеко.Исто обтоците немок немој д ги прескокнуваш.
     
    На Kaetana и orhideea им се допаѓа ова.
  19. Elenche87

    Elenche87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.722
    Мајки се породив и јас пред некој ден,второ ми е меѓутоа немам искуство со доење првото детенце ми беше на ад.. е сега имам млеко ми надојде уште наредниот ден и бебе цица само со силиконска брдавица меѓутоа јас незнам колку испила сегогаш цица или пола саат или 15мин (со мн паузи и ја потсетувам оти мн е мала и нема сила)и одма заспива и спие по два три саати а за тоа време ми најдојдува мн млеко и ме болат градите..т.е ми се стврднуваат и сега почнав додека спие да се одмолзувам со електрична пумпа и кога ќе стане да и давам од тоа млеко ..прашањето ми е дали може да ми се намали млекото од пумпата или нема врска и дали грешам што се одмолзувам па и давам оти да ја будам ми е жал
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Elenche87 дури не е доволно силна измолзувај се за да не дојде до затнување на канали, а кога ќе се разбуди од спиење стави ја на града прво, па ако сметаш дека не е доволно нахранета нуди го молзеното. Не ризикувај само со шише, има шанса да ти одбива после од града, полесно им е од шишето. Штом ќе ги празни градите на подој, и штом се воспостави лактација ќе немаш потреба за измолзување.
     
    На Kaetana, Annath и Elenche87 им се допаѓа ова.