Здраво мамички. Незнам дали прашањето ми е за тука ако не е преместете. Официјално бебе се одби од цицање. Денес земавме електрична пумпа и од двете гради измолзив едвај 100 мл. Деновиве бебе не сакаше многу да влече со триста маки го ставав на града и мислам дека почна млекото да ми се намалува. Со што да пробам за да добијам повеќе млеко? На дохрана сме ама сакам и од мене да пие.
Како што се сфатив се одбил од доење, но ја купи пумпата за да се измолзуваш и твоето млекце да му го даваш преку флаша. Стимулацијата е најдобра за добивање повеќе млеко. Доколку досега помалку влечел можеби имало помалку млекце. Упорно користи ја пумпата и би требало повторно да се воспостаби нормална лактација. Инаку многу течности. Мене и чајот за доилки од хип многу ми помогна.
Пиев масло од фенел, знам колку е грдо. И лути плус. И цела соба се замирисуваше на него Се гледа дека не сме обожаватели на узо и двете. Узото и фенелот иста миризба имаат. Ама мислам дека ми помогна малку. И јас исто, што ќе видев-чуев се пробував. Само морингата ми остана купена, а непробана, ми беше страв од неа. Сепак млекото си се намали, а се како резултат на тоа што бебе не знаеше т.е не сакаше да го почека рефлексот на отпуштање, "благодарение " на шишето во првите денови. Цица уште, ама без ад не можеме.
На почеток мислев никогаш нема да се помирам и кога другите ќе ми речеа барем не е гладно, јас одма плачев. Доењето за малку да ме фрли во страшна депресија. Но, за среќа се освестив. Лошото и тешкото помина. Антителата колку толку ги прима со тоа што го цица. Навечер си стаанува и со цицање презаспива. Единствено што ми остана тешко е мкнење вода и шишиња насекаде. И купување млеко-тоа.
Токму знам како си се осеќала. Тие денови кога едвај по 20-30 мл вадев...а по 10 саати молзев.... скренав скроз мислам. Ко да не постои утре. Но мајка, бебе е живо и здраво, и веруј ми, не постои апсолутно побитно од тоа. сега кога ќе ми текне за што скренував не сакам ни да помислам колку ке сум се издепримирала да не се вратеше млекото...
Same here Мене ме освести еден немил настан. Еден ден на беба не и се цицаше многу, тоа беше на 3 м скокот во развој, а јас не давав ад тогаш. Но, кога рече плачам и не цицам, јас полудев ја оставив да плаче и не ја кревав 10 тина минути. Кутрото едвај го смирив после и си липаше во сон. Кога ми светна за што си го малтретирам детето, си купив ад, кризата помина и така. Но, долго време се обвинував. Иако доењето е многу важно, не вреди мачење на бебето и изгладнување. За среќа не се одби, иако давав шише. Скоро 9 месеци сме и си сака цице.
Ете гледаш,сепак крајот е прекрасен. Ние цицавме до пред скоро месец. 10 беше направил кога сам се одби и искрено не го форсирав. секогаш го следам што сака да каже ... нејќе веке, ок не мора, десет десет. не се малку..
Апсолутно. И мене ме доела мајка ми до 10 м, морала да престане заради хиперлактација (на кого ли се метнав) И јас така планирам. Ако не се одбие сама до годината да ја цицам. Доста ми е година.
Мајки, како се справувате со гризењето? Има две запчиња и особено навечер, пред спиење понервозна е, гризе, некогаш крв ми пушта..страшно боли.. Има ли некоја финта за спас?
nekade prochitav deka treba da dr podvikne neshto kako Au! ili da se smeni boja na glas... ne znam kolku pomaga zoshto mojov izvadi zabi pred edna nedela..
Со текот на времето забораваат, и не гризат повеќе, тоа е на почеток дури им е ново и интересно. Јас мислам да не реагираш многу бурно, за да не предизвика реакција и кај неа, само тргни се и престани со доењето во тој момент. Моето исто правеше кога имаше неколку запчиња, ама еве го сега со 18 заби не ме гризнал одамна. Јас да прашам, дали некоја мајка има информација дали е дозволено неурофорте во доење? Значи се доиме само за заспивање ноќе и еднаш преку ден за преспивање.
Пробувам построго да и викам, ама ретко ми помага тоа..ке пушти или ќе ја тргнам и за кратко време пак исто...
Вчера бевме на мерење и педијатарот не искара зошто за 5 дена качил 350 гр. Рече дека е прејадено и не е нормално толку мн да качува. Ни исфрли ад скроз, рече ептен по потреба. Во сабота правиме месец. Вчера цел ден бараше цицање, ама вечерта после цицање од саат и пол се одбиваше и плачеше и ја фаќаше раката моја и си шлапкаше како за цицање. Градите ми беа меки, а стискав млеко имаше. Може не му иде толку многу па се нервира. И му дадов ад ја бљуцна за пола саат. Сега ми е страв да му давам да цица најискрено Си имаше проблеми со стомачето, какаше многу, подуено му е и гасови. Педијатарот рече од прејадувањето Градите ми се тврди само навечер и сабајле. Пијам чаеви, боза, сок од јаболко, вода многу ....
штом го бљунало значи прејадено било тоа му е вишок и го исфрла .. често знаат така се тегнат да се нерв дал на време не заспало нешо не му е погодено или го маче ..градите цеќе така ќе ти се тоа значи дека лактација е воспоставена опушти се кај сите наутро ни се тврди оти преку ноќ не цица мн или ич .. нека не се прејадувљ не го форсирај мн кога си сака колку си сака веќе и ред ќе си има за брзо кај мене на пр од 2 мес е ко швајцарски саат на 3 сати цица ретко кога измеѓу малце ќе цицне .. не се плаши се тоа е нормал си имаш млеко и си јаде убаво на старт се така сите поеќе висат на града и пола заспиваат и не се доцицуцаат издржи после коа ќе имате ред е друго кај мене све и е рака во уста нејзината и дамо шмука она а јадела пред 5 мин кога ќе праве така пак исправи го прошетај го види реакциа
Со тек на време иако ќе доиш и ќе имаш млеко, градите ќе омекнат. Тоа е сосема нормално кога ќе се воспостави лактација. На таа возраст уште немаат чуство на ситост па се прејадуваат и бљуцкаат. Јас лично пре би дала да цица кога бара и да бљуцне неголи да не дадам. Не давај ад, а давај цице секогаш кога ќе посака па ќе видиш како ќе е вагата. И не се потресувај зашто рекле многу качил, нема по уста да го тепаш бебето зашто сака. Ме иритираат така кога ќе речат (а ми имат речено).
@LiliBoz само не ми е јасно -дали се случило и на друга, пример цица пола саат и почнува да плаче и црвенее, ќе фати ќе пушти, стискам млеко има, го префрлам на друга таму влече па и таму после некое време иста приказна, па си мислам да не снемува млеко или треба повеќе сила за да влече , а тоа снемува и се нервира .
@LiliBoz од вчера , синоќа цела вечер не спиеше , исто продолжува и денес.... Имам уплав да го ставам да цица. Инаку грчеви не се, не се грчи. За скок помислив и јас , ама рано не е ?