Aj proveri da ne ima slucajno tongue tie. Koga e jaziceto premn vrzano so resickata podoite znaat da se dolgi i da ne moze ubavo da cica
Во такви моменти давав чај јас. Да не ти сугерирам бидејќи ако добро памтам рече не сакаш чај да даваш. Нас и ден денес чајот ни е лек. Пробај и со термофорче ако не..
Првиот скок во развој ако не грешам е околу 3 недели, така што, не би било баш исклучено ова да е баш скок во развојот, комбинирано со грчевите и прејадувањето. Следи ситуација со мешето, дали редовно се празни, исфрли ад млеко, нема веќе потреба од него, штом толку добро си напредува.
@Annath редовно мочка а за какање малку повеќе овие 2 дена, докторката рече од што е прејадено. Нормална му е столицата инаку. Фала ви , ама ете продолжува да е таков се надевам фаза е.
@eli25 уживај, нема доено дебело бебе Едноставно лаком си е малиот и многу ми е драго што сте исфрлиле АД Ако плаче често а е надоен, пробајте со гушкање да се смири или затоплувајте го стомачето. Може да не се грчи а сепак да има грчеви, па затоа бара често утеха во цицањето.
@eli25 исфрли го ад и продолжи да доеш како до сега. Како што кажа @Kitten нема доено дебело бебе. Мојава за месец и една недела качи 1900гр. Инаку за тоа што се тегне и се грчи на сред цицање, пробај тогаш да го ставиш на рамо да ждригне. Кај нас тоа помогна.
Ајде и јас да се пријавам ние и цицаме и на вештачко сме така ни рекоа од болница прво да го дојам па после да му дадам млеко е сега ако немат подолго време цицано дали ги будите
Здраво мами, ај да се пожалам и јас... Ние мака мачиме бебчо да цица од мене, ама никако не фаќа а и со силиконска само ќе смукне неколку пати и после онака си цица без да влече или ќе си заспе и не е заинтересиран . Јас се одмолзувам и така му давам од моето и плус сме на дохрана.. значи еднаш од моето еднаш од тоа на Хип, бидејќи во болница мн. намали синко и сега имам и страв да експериментирам да го ставам долго на цицка.Незнам ни јас како е паметно, иначе 14 дена е и пие по 65мл на секој 3 часа, а измегу понекогаш го ставам и да цице колку толку. Мислам дека немам и доволно млеко и јас како што ја прочитав @orhideea едвај по 50мл измолзувам од двете гради, а пијам чај од Хип за доилки.
И ние така цица се фаќа ама не му е доволно заспива одма го чепкам дури и ме болат и ми ги разрани и раскрвари и пак му давам и вештачко по 60мл и малку само ми остава а него одма го пие. Стискам на града има млеко изгледа не му е доволно. Синоќа дури и крв имаше цицано од што шмука па од ум се извадив кога видов повратено како бледо црвено ама после ми текна дека е од градите
@Belabelinakinder @Seduction не давајте вештачко млеко со шише со цуцла, давајте со шприц. Во спротивно, постои ризик да се одбијат малите од доење, бидејќи во овој период кога се мали и немаат сила многу да влечат, полесно им е со шише. Ставајте ги на града буквално во секое време, а вештачкото кога има потреба, само да има растојание од барем три часа меѓу два оброка. Ако заспива малото при доење, пробајте да го разбудите, а во текот на првиот месец пожелно е да се будат на растојание од два часа, за да се воспостави убава лактација. После секој подој измолзувајте се, доколку е тоа можно, за да надојде повеќе млеко, и секогаш имајте шише со вода до вас, да пиете постојано. Најбитното - кога спие бебето, спијте или одмарајте и вие, баталете се друго, на почетоков мора и вие да сте одморени, бидејќи млекото надоаѓа најмногу при одмор - сигурно досега сте забележале дека ноќе градите ви се полнат повеќе. @Belabelinakinder и мене првото ми ги разрани брадавиците, крвави ми беа цело време, па првите два и пол, три месеци го доев со силиконски брадавици, а после ги исфрливме нив. Инаку вампирче го викав, дека крв ми цицаше, заедно со млекото. Со среќа мајки, со лесно да ви биде доењето!
@Annath јас купив специјално шише на медела за да не се одвикне бебо да цица, шишето е баш направено како да цица бидејки не истекува млеко доколу не повлече силно, баш како од гради и малку се мачи додека го пие но не му давам од обично. Утре планирам да го носам на педијатар, уште bsg нема примено и ќе видиме што ќе ни кажат. Страв ми е од тоа да не не напредува ако го оставам на цицка оти немам доволно, а како што кажав синко мн. намали во болница па седевме +1 ден. И сега мн. внимавам да не остане гладен. Фала ти за советите
Проблемот со шишето не е само лесното влечење, туку и паузоте во течење на млекото од града, кои ги нема кај шишето. Имено, со шише колку да влечи ќе има, а при доење постои пауза пред да дојде т.н рефлекс на отпуштање после кој тече "задното " или масно млеко кое го држи сит. Децата кои се хранат само од града лесно ги преминуваат тие паузи бидејќи не се навикнати нешто постојано да тече. Додека пак, децата кои добиваат и шише се бунат на ваквите паузи. Тие не се бунат од што се гладни, туку оти не им тече како шишето. Од таму е онаа нервоза кога ќе се тргнат на сред доење, почнуваат да плачат, а кога ќе се стиснете има млеко. Затоа, првите 3 месеци избегнувај шише, било какво. Ако имаш доволно млеко, се разбира.
@BirMelek јас се пронајдов во твојот пост изгледа тоа им е маката . Плаче се нервира а јас стискам тече млечно бело.... Вчера се чув со педијатарот ми рече да му дадам ад. Инаку читав дека ад треба да се исфрла постепено со намалување, а вчера затоа синко бил на града цело време Исто е и денес, со тоа што му дадов и ад од 45 , претходно пиеше 60 ка. Ама после пола саат пак бараше. Нема бљуцнато ниту еднаш значи гладен е.... Инаку да го видите само, а го кренам во раце за успивање се спушта долу со главчето кај градата и отвара усте ко за цицање. Душа. И тоа преку маичка осеќа . Инаку- јас ништо неможам да измолзам . И во ремедика се чудеа сестрите градите големи а за саат време едвај 10 мл измолзеа од двете. И така и денес е цел ден на града. Ќе задреме 10 мин и опет.