Јас последнава недела почнав бебуш да го држам по цел ден на града, и почна да ме боли долу ниско стомакот. Можно ли е да е од доењето? 1 месец од како сум породена и се загрижив. Добро што те прочитав значи и мене можно е од тоа да ми се болките. Бидејќи и после пораѓај немав никакви болки туку сега ми се појавија од како бебево цица по цел ден.
Јас првиот ден по пораѓај, кренав блага тт 37.2 и ми дадоја аналгин венски. Имав читано дека не е компатибилен со доење, ама ете, во сама болница ставија. И тоа за тт, за што може и парацетамол или ибупрофен.
mene ova na migrena mi zvuchi. ako ne doish sega zemi si nomingren doma, bez recept gi davaat vo apteka. sekundarno pomaga.
Мене ми рекоа дека второродка нормално било појаки болки да чувствувам бидејќи потешко и било на матката да се врсти во првобитната форма.. И баш повеќе кога дојам бидејќи тогаш се лачи хормон кој придонесува таа да контрахира. За првото имав некоја болка, ама не ваква да мора дс се делува и заврши многу порано дсме боли... После 3-4 дена не осеќав ништо... Не верувам дс е матката ксј тебе, може од положбата што цело време си поднаведната.. Да пробаш од лежечка позиција?
Jas koga se porodiv site 3 vo soba bevme so carski i na site e ne bockaa so analgin ampuli.Taka da najverojatno razlicno kazuvaat sekade.
Па пола ден лежиме пола ден од седење го дојам. И кај мене контрахира матката и осеќам исто како клоцање кога бев бремена на почетокот. Како нежно клоцање. Ова ми се појави оваа недела бидејќи бебуш цел ден е на гради. После пораѓање немав никакви болки ама и не цицаше бебево како сега. Па затоа мислам дека е од тоа. За 2-3 недели треба да одам на контрола па ќе видам дали се е во ред.
Тие се симптомите.. Исто чувство да, како клоцање.. Бар и кај мене беа така... Ќе помине, ништо страшно.. Галете се сега
Мајки, пиела ли некоја спирулина додека дои? Доколку да, дали сте приметиле некакво влијание на лактацијата, зголемено, намалено..?
Мамички хелп-малиот има 25 дена до дојам но од вчера вечерта имам ретка столица кога одам во тоалет-што смеам да се напијам да се вратам во нормала а да не му смета на бебушката
Не паничи, мене често ми се случува ова а уште дојам и кога беше помало истотака , јас ништо не пиев освен вода за да не дехидрирам, а на малото нема ништо да му биде не се секирај. Тоа е моето искуство.
Јас мислам дека се ќе биде во ред, дека нема да влијае, барем кај мене беше така, за тебе е иацрпувачки знам, ама ќе помине. Изеди една банана, јади посува храна денес и пиј многу вода.
Можеш слободно пробиотик. Дури и преку млекото ќе се пренесува и на бебето и е убаво и за неговата флора на цревцата.
Мајки, помагајте проблем имаме. Малиот ми е скоро година, од вчера несака да цица, пушти фати прави па почнува да вреска и на крај ме загризува. Веќе 24 часа не цицал, го мачат 3ки искачаат и можно е да е во некој скок но ова никогаш не ни се счучило до сега. Неможам ни како порано да одмолзам голема количина, од двете 80мл а бебе на оваа возраст пие колку...200? Во незгодна ситиација сме, од една страна ок е и да престанеме да се доиме а од друга страна сакав до година и пол да цица. Дали да дадам ад? Дали ќе се врати на града доколку е ова фаза? Совети мајки загрижена сум и тажна
Мами имам млеко ама слабо е по еден сат цица и пак е гладен за нервоза се нервирам многу а и вештачкото ми го повраќа незнам со да прам
Колку чувате измолзено млеко на собна температура? Се измолзуван ама незнам колку може да стои за да и го дадам да го пие
незнам кој ти кажал за слабо млеко ама такво нешто не постои во медицината.Млеко или имаш или го немаш.Штом повраќа ад значи прејадено е.Џабе го даваш.плаче и нервозно ти е од друга причина веројатно