Може само малку да се намали млекото во деновите на траењето на циклусот. Јади овесни снегулки додека ти трае и пиј повеќе чај за лактација.
Еве за килажата се цитирам од друга тема. И денес сме на мерење ќе пишам подоцна колку грама качил. Секој совет е добредојден ти благодарам. Ми дојде циклусот па можеби и тоа има влијание. Вчера беше подобро цицаше повеќе време ама пак 2 пати му дадов ад по 70 мл и вечерта пак. Неможам веднаш да го исфрлам ќе гледам постепено да го намалувам. Најмногу од се сакам да успеам во доењето. Не ми е проблем да го дојам по цел ден само да имам доволно млеко. @eli25 мене ни бременоста ни пораѓањето не ми беше тешко, колку што ми е тешко овај период. Мора да бидеме упорни и трпеливи за да успееме. @Annath фала за советот. @Igle нашите се разлика 1 ден, еве и ние поминуваме исто како вас. И мене ми дојде циклусот, можеби се намалува млекото кога доаѓа, незнам.
Па вие напредувате одлично. Значи бебе не е гладно. @Luna91 Тоа што ти дошол циклусот има влијание. Промената не е иста кај сите ама најчесто неколку дена пред циклус и првите денови од циклусот количината на млекото кај некои мајки се намалува. Тоа не значи дека немаш млеко, ама бебе приметува разлика. Не само што може да се намали количината, туку и вкусот на млекото се менува. Млекото не им е исто како претходно па се нервираат и помалку цицаат. Следствено на тоа помалку јадат па и сонот им е пократок, понемирен и бараат почести подои. Ова не е правило, туку нешто што се случува кај некои мајки. По симтомите ќе си заклучите дали сте една од нив. @Igle сочуствувам со тебе. Би сакала да ти кажам дека за месец, два или три ќе биде полесно ама така ќе треба да те излажам. Тоа никој не може да знае. Секое е бебе е различна приказна. Јас ја имав таа "среќа" да имам бебе што по цели вечери плаче и од раѓање преку ден преспива само 2 пати по половина час. Кој не искусил на своја кожа не може да разбере како скроз се пореметуваш од месеци неспиење. Ми викаа мало е, чекај да направи месец, па чекај три, па знаеш најчесто од 6 веќе се смируваат, па на 9 има скок и тогаш ќе се смени ќе видиш па...... свати нели? Имав чувство дека цело време нешто чекам. Нема да претерам ако ти кажам дека на првата година се сеќавам како низ магла. А сите околу мене беа со бебиња кои од прв ден им спијат по цела вечер или стануваат еднаш до два пати да цицаат и продолжуваат. Само јас не знаев дали е ден или ноќ убедена дека нешто не е во ред со бебево штом после толку време само плаче и не спие. И почнаа шетањата: на клиника, на гастро, во Систина, по приватни педијатри, каде не го однесов. Сигурна дека нешто му смета на стомачето (а штом е само на цицање мора да е моето млеко) плачев додека го држев да не прета за да го боцкаат во главче. Ме држеше само мислата дека кога ќе најдам што е проблемот и двајцата нема да се мачиме повеќе. Сите доктори и сестриме гледаат и ми се смеат. Како може да му е нешто на детето кога тоа ја дулирало родилната килажа на 6 месеци, црвено во обравчињата, буцко со кифлички. Ова мајка е најздравото дете овде - ми викаа. Алерготестови, ехо, толеранција на лактоза, крвни слики..... се е супер а јас мислам дека ќе се срушам. Дијагноза: ТАКВО СИ Е ДЕТЕТО. Не од еден, не од двајца- од десетина доктори кои го прегледуваа и испитуваа. Па уште добивам коментари како сум сакала јас бебе да не плаче- бебе било морало да плаче, па како сакам да спијам цела вечер ко порано- е не можело веќе така итн.итн. Еден ден влегов во ординација кај матичниот и мислам дека 10 месеци неспиење и нервози ме скршија па му се изнаплакав на човекот на рамо. Реков на моето бебе не му е добро моето млеко и јас ќе му давам вештачко- така барем ќе спие и тоа да се одмори, само кажете ми кое. Ми се насмеа и ми рече: "Ако ти кажам намерно да престанеш да доиш бебе и да му дадеш ад треба да ја откачам дипломава од ѕид и да ја фрлам, каков доктор сум јас ако ти кажам такво нешто?" Се собрав и си отидов дома. Решив да почнам де се помирувам со тоа дека "такво ми е детето" и да гледам да останам што посмирена и поприбрана. А бебе цица ли цица, на година дена цица како новороденче, а и си јаде машала ама од цицка не се откажува. Ееее следи ново поглавје каде ќе намалуваме подои зошто нели големо и не треба навечер толку да цица. Аха ...да....Пиштења, вриштења, јас во дневна тоа во спална со татко му се дере, заоѓа со саати. Ден, два, три.... ма исто секоја вечер. Прати го кај баба да не ме гледа ич- џабе. Они цела вечер будни, бебе нервозно, јас пак ненаспана од хроничен умор. Си реков ќе тераме вака додека цица па кога ќе се одбие ќе ја преспива цела вечер. Не треба да пишувам, претпоставувате нели? Го одбив на 20 месеци. Имаме 2 и пол години. Преспиени ноќи без станување вкупно 2. Ете... такво си е детето. Се мислев многу дали да го испратам постов откога го прочитав, зошто ве разбирам како ви е и не сакам да ве исплашам. Ама ми текна колку мене ќе ми беше полесно ако знаев дека не сум сама и има уште некој. Ете ако ништо друго да знаете дека има и бетер, па да си се тешите Знам се распишав многу ама морав да ви ја доловам целата слика. Ќе биде подобро и полесно... да знаете, ќе видите. Само за некого порано за некого подоцна. Ве гушкам сите до една. Издржете.
Дали кај нас може да се најдат фенугрик капсули? Фенугрик е тилчец или пискавец. Знам дека има и се продава семе, но сакам капсули да најдам.
Мајки ние сме 8 полни и еве последнава недела млекото ми се намалува досега имаше секогаш кога сакаше можеше да цица но сега не. Ќе цица убаво (доволно) и во наредните 2-3 часа ако сака да цица немам доволно млеко отприлика вака е, може да цица убаво неколку пати дневно а досега и давав кога ке посака. Дури и кога велам дека цица убаво прво мора силно да вовлече за да надојде млекото и менувам една па друга града и пак мислам дека количински е помалку од претходно ама досега мислам дека и е доволно. Дали некоја имала ситуација како мојата? Мислам дека вака наскоро и ќе го снемам млекото, не дај боже ама мн се плашам. Пијам и боза и пиво и природен чај и пивски квасец по 3 таблети дневно незнам дали ќе се промени нешто. Ве молам ако имала некоја слично искуство да сподели. Инаку бебето не сака ни да помириса АД на сите начини имам пробано да и дадам за секој случај значи дека ќе имаме голем проблем ако вака продолжи. Секој совет е добредојден.
И јас имам ваков проблем. А ние сме 5,5 месеци. Досега цицаше од една града и доволно му беше, а сега од двете. Поголем е и повеќе му треба сега. И јас исто осеќам дека се нервира додека му надојде млеко, влече, се трга, па пак влече и ќе надојде и бргу се намалува. Малку ме смирува фактот што кога ќе ја стиснам градата после подој си тече млеко. Како растат повеќе исцицуваат. Се надевам нема да останам без млеко.
На таа возраст тешко дека ќе прифати ад. пробај со козјо млеко. полесно е и може пред година. а ти земи капки од фенел за тебе. И батали пиво
Не верувам дека има капсули, барем јас не сум сретнала. Само семето. @LejdiD @НаталиЛили веќе е воспоставена лактацијата, а не е дека немате млеко. Штом бебињата цицаат и немаат мака, немајте гајле. Можеби се нервираат додека да фатат и да потече убаво, па помогнете им со компресии, после тоа нема да имаат проблеми. Само доволно течности и одмор ви треба, бебето редовно на града, и ќе си има млеко.
по пет ставав. ефект веројатно имаше, мене ми се намали поради циклус, потоа се опорави. форсирав сок од јаболко, чај за доилки, капки, апчиња (за џабе апчињата)... боза не и пиво не. пивото е лошо за бебето во поголема количина.
И мене ми падна на памет дека читав дека пред добивање се намалувало млекото ама јас сеуште немам добиено откако се породив а немам ни симптоми така да незнам дали е тоа причината а би сакала да е, дали прво ти се намали млекото па доби или веќе имаше добиено кога ти се намали, ако е првото дали се секаваш по колку време доби откако ти се намали млекото? Извини што сум досадна ама се нервирам :/
не си досадна. недела дена пред да добијам ми се намали млекото и тоа екстремно многу. откако добив се регулираше.
Со капкиве се згплемува количината на млекото? Мамички денес направивме 1 месец но ме загрижи друга работа-вечерва после бањање кога земав да го дојам малиот почна силно да плаче да зајдува дури жал ми падна неможев да го гледам -го мачеа грчеви му дадов капки и продолжив да го дојам.почна да ме гризе по пупките и без престан да зајдува од плачење стиснав од градата да видам дали имам млеко -немаше ни капка -мамички ова до сега не ми се случило и земав ми направив дохрана испи само 20мл. Се пикна во мене и како бајче заспа.Мами од што може да ми се случи ова?и вода доволно пијам и чај за доилки на алкалоид
Како нова неискусна мајка баш ми треба совет. Веќе сме две недели големи и сме на ад млеко. Ја будам на 2 до 3 саати за да пие по 30мл. Во меѓувреме ја ставам да цица од мене преку силиконска ама некако имам впечаток дека моето млеко не ја заситува или пак јас малку време ја држам незнам стварно. Незнам по колку пати да ја ставам зашо она цица кога ќе ја тргне устата и јас ја оставам може треба да ја држам за пак да почне да цица незнам стварно.
Штом цица зошто и даваш ад? Извини на прашањево, немој да се лутиш. Давај и да цица кога сака и колку сака. Кога ќе се тргне другиот пат почекај, понуди и уште еднаш, или пробај со другата града. Ако мислиш дека твоето млеко не и е доволно и дека е гладна, гледај по пелените, дали се полни кога ја пресоблекуваш? Мали се па немаат толку сила за да влечат, и најчесто заспиваат на цице. Ако ти прави така пробај да ја разбудиш пак и стави ја да цица Пиши како ќе е ситуација
Не таман работа зашто да се лутам. Педијатарот ни рече дека мора и ад зашто е родена со мала килажа а и мислам дека ако не и давам ад ќе седи цел ден на цицка и пак ќе биде гладна. Ќе пробам да форсирам доење па ќе видиме.
Да, во природата е на бебињата да имаат инстинкт за цицање, меѓутоа и ние како мајки треба да им помогнеме и да ги насочиме како тоа правилно да го прават. Ако добро те разбрав ти прво и даваш АД, па после ја нудиш да цица. Тоа ти е грешка, така никогаш нема да ти надојде млеко, туку од ден на ден ќе имаш се помалку и на крај ќе ти сопре. Секогаш прво се нуди града, на почеток ќе нема толку млеко, бебе ќе се нервира, ќе плаче, ама најбитно е колку толку да влече. Ќе се тргне, ти повторно стави го, секое негово влечење наредниот ден ќе резултира со повеќе млеко. Дури потоа ќе понудиш АД и тоа со шприц, за да не се навикне на шише. Можеш и додека цица да наполниш шприц и да и капнуваш од страна во устичето, така ќе ја залажеш да влече повеќе. Ќе следиш ситуација неколку дена и ако фати убаво да цица ќе почнеш да намалуваш АД.
Ќе седи на цицка еден период додека ти надојде млеко, после ќе си фатите ред не се секирај. Прво доење после ад, како што спомна @Lolipop23 и ќе се среди. Биди упорна само.