Ја знам таа болка Пробај рачно сама да си ја омекнеш ареолата колку да може бебе да фати. Они сакаат меко, ако е тврдо не фаќаат. Фати ја ареолата и стискај, кога ќе е доволно мека дај да цица, тоа највеќе ќе ја омекне градата. Не ја масирај цела града, може да се запушат каналите.
аналгин не е препорачлив штом доиш.Земи парацентамол или бруфен нареден пат.Електорилит можеш исто и пробиотик (да ме те фаќа стомачен вирус случајно).Течности и одмор
Мајки јас сум многу вознемирена и ве молам за совет. Пола година има како не дојам. Вчера после туширање забележав и од двете гради излегува млеко. Не жолто туку баш млеко. Инаку за неколку дена треба да добијам. Дали е можно да ми е пролактинот многу висок. Да напоменам предходната недела бев ептен во стресен период. Веќе закажав на лекар. Ви се има ли случено?
A ако се почне со силиконски брадавици после тоа можат тие да се оттргнат? Како ќе му дојде - пример дури имам болки на почеток да користам силиконски брадавици, а потоа да ги фрлам, бебето нема да има проблем?
Не брзај со силиконски брадавици. Јас немав воопшто испакната брадавица, ги купив силиконските и еве ги стојат во фиока, 500-600 ден ги земав. Бебе не сакаше да фати со нив, си цицаше од моите и ги извлече полека.
Зависи од бебе до бебе... може да се навикне на силиконот и после да се грози од града (тоа се случи на пријателка), затоа мој совет доколку имате мака најдобро комбинација чат пат да се дава и градата, да не биде само на силиконски... јас почнав со силиконски и патронажна ме искара, рече да не ги користам... поубаво цицале директ од града, поубаво се стимулира градата за да има млеко... но толкава мака имав со левата града, дупка со крв дури и ја молзев таа до 3м и давав во шише, а од десна цицаше, па после 3м си цицаше и од двете Јас сум со рамни брадавици, но бебињата опасни се си знаат да цицаат од секаде толку не му се дочекуваше и знаеше да грабне да ме цица влече дур го местам на рамно од страна на брадавици
Девојки последниве два пати кога се молзам со пумпа приметувсм дека пупките ми се намалени.Од што може така да биде и дали кога ќе почнам да го дојам ќе се вратат големи како што беа на почетокот ?
Majki imam edno prasanje... Denes ispitav krvna slika, imam namaleno zelezo, sto e cudo za mene posto vo bremenost mi bese 22.... Dali e vozmozno da e porado doenjeto???
витамини пиеш ли? обично во бременост сите пијат витамини па се одржува некако и железото.По породување не пијат сите витамини,се трошат резервите,замор плус и опаѓа крвната слика .Зависи и кога си породена?Ако било ептен скоро нормално е.Се губи крв на породување.
ништо страшно можеш да земаш витамини,организамот се исцрпил од породување,неспиење,обврски околу бебето
ние преминавме на само доење. добро напредува засега. упорноста се исплатеше. педијатарот рече мора да цица на 2ипол саати максимум 3,3ипол.ако не да го будам (за навечер). ја слушав софијанова на телма, рече да не се будат за јадење, тие кога се гладни сами кажуваат. ќе надокнадат преку ден. малиот станува два пати навечер (освен синоќа, еднаш само). вие како? 2 мес. сме
Ели фала богу барем навечер имам млеко ко што треба ама не го будам додека не стане сам. Почна да заспива накај 12:30 а да се буди околу 4:30-5 наутро. Првично ме фати страв и го будрв порано, му давам да цица ама не ни отвара уста. Заспан кома. Јас за џабе разбудена дремев со градата до уста и по пола саат. И веќе не го будам. Другаркиве што дојат ми викаа ако е гладен сам ќе стане јас не слушав.... на крај по нивно излезе и си станува сам кога е гладен. После тоа цицање околу 5 веќе се буди на два саати до конрчно станување во 10-11. Така што мој совет од краткиот полу доенички стаж е да не ги будиш : ) Браво за вас
@Igle се сложувам и јас. сум го будела исто,џабе стиснал усте и не отвора. софијанова рече-како би се осеќале вие кога некој среде ноќ ќе ве разбуди и ќе рече-јади! исто и со бебињата