@majavel1 во тој период има скок во развој. И моето после 6 месеци од бебе кое ја преспиваше цела ноќ, почна по неколку пати да се буди за цицање. Еве веќе една недела има како се среди, пак си спие. И со доењето исто се случуваше, ќе повлече три пати па гледа на сите страни, нешто да шушне се врти. И јас имав впечаток дека снемува млеко ама лактацијата се прилагодува според неговите потреби. И храната го заситува. Еве и тоа се среди сега си цица. Пиј повеќе течности, редовна исхрана и сон. Период е ќе се среди.
Девојки,@joy1 смеам ли ос овие за време на доење,имам болки во бубрегот или спазмекс може да се напијам.
Мамички јас како тазе мајка прво во оваа тема пишувам најчестата мака Ние се доиме само неколку дена. Во болница веднаш фати кога ми ја дадоа и почна да тегне. Сестрите ме стиснаа за градите и рекоа дека баш има млеко. Не ми течело, не сум била мокра досега, само кога ќе ја стиснам брадавицата и ареолата излегуваат неколку капки, ама досега не шприцало Додека бев во болница малку осеќав дека имам како грутки и ми беше болно доењето, сега не толку ама пак малку се тврди на некои места и кога ќе почне да влече боли. Вчера бебе имаше полни пелени, си цицаше, е сега не трае тоа долго, одвај некои 10 мин. Некогаш ставам и на една и на друга града истовремено по кратко, а некогаш само на една па после на друга. Ама цица кратко и пак на краток период цица пак и се така. Денеска имаше само рано сабајле една пелена какана, и после имаше гасови, се слушаше прднува ама одвај една точка кака имаше и после веќе немаше какано. Денес плачеше многу. Зајде од плачење, помодре, не сакаше да цица, ја ставав на града и туркаше со рацете, отворено усте ама не сакаше да повлече. Вриштеше Или ќе цица и одеднаш ќе врисне и ќе се тргне и не цица. А рачињата ги пика, ги шмука. Како да знам дека имам доволно млеко? Како да знам дека цица доволно? Колку време треба да цица? Може ли да плачеше затоа што е гладна? Исто мака имам со ждригање. Секогаш заспива после цицање и ја држам ама не ждрига. И после ќе поврати. Може не ја држам доволно. Но денес не поврати но еднаш, а не ни ждригна. Мајки животот ми се скрати денес кога плачеше. Плаче она плачам јас Како да си помогнам? Што да направам како да постапам? Како да стимулираме повеќе млеко? Што да правам со градите, што да ставам да мачкам, како да ги заштитам да не се случи проблем? И најважно како да знам дека имам доволно млеко, како да цица повеќе? Кога ќе стиснам има капки, не шприца Само еднаш кога цицаше, стиснав па малку повеќе течеше среде подој. Не знам што правам, срцево ми се кине, многу плачеше, помодре, одвај ја смиривме. Не знам дали е гладна, дали е друго во прашање. Земавме и капки за грчеви,. Е знам можеби е тоа, дека имаше гасови, а не беше какана. Откако дадов капки, ја бањавме и дадов да цица и се смири и заспа. Јас уште не можам да се смирам. Извинете на долгиот пост
Сеуште не сум породена ама од многу блиски и од што сум била опкружена со бебина можам да дадам макар и мал совет. Биди упорна, немој да бидеш нервозна бидејќи бебето осеќа и тоа ќе е нервозно. Бебето е старо ссмо неколку денови и неможе веднаш да воспоставите ред. Секако трпение и со тек на време ќе се научите, научи да бидеш трпелива, млеко ќе надојди. Колку повеќе цица толку повеќе ќе имаш млеко. Можеш и да пиеш чај за лактација. Во врска со грчевите и плачењето е нормално првите денови на бебето додека ги мине на града не само млеко туку цица и по малку воздух и затоа му се чести и болни грчевите (ова е од доктор) ако е заспано сепак пробај да го ставиш со мешето на градите твои и нежно тапкај го по грбчето за да ждригне. Секако тоа и не е правило. Сигурно ти дадоа капки за мешето користи ги нив. Исто можиш да тестираш со гликоза. После цицање понуди му гликоза ако продолжи да цица значи му е малце млеко, ако го одбие значи е среќно и најадено. Единствен проблем му се грчевите... Се надевам малце ти помогнав, уште еднаш Честитки. Се извинувам на долгиот пост
На болница тоа им даваат не е измислено така прават. Советот ми е од стручно лице. Или е така или не разбира
давале некогаш сега даваат ад формула кога се гладни .Евентуално ако не сакаат трошак да прават на болницата па поефтина а далеку по штетна варијатна е шекер да им пикнат на бебињата .Знаеш ли дека благото ги прави децата хиперактивни и раздразливи. и грчеви се не траат само првите денови по породување.Во глобала траат до трети месец и до трети месец можат интезивно да плачат.Замисли на секое плачење да пробуваш со шекер за дали е гладно?Бебе ако е гладно ке има сува пелена и нема да накачува на килажа.Толку
јас ти реков замисли цели три месеци бебе плаче а ти да пробуваш нонстоп со шекер дали е гладно? како пример ти посочив шекер испод година не се дава на бебе.
Секако дека нема секој ден да му даваш бог да чува. Секако не е решение тоа. Па што е подобро веднаш да се откажи и да почни со ад? Сите деца се различни и различно ги толерираат грчевите кај некој се послаби или појаки.. Има бебиња мирни како бајчина има бебиња уста што не затвараат.
Мила бидо среќна што бебето си цица. Најголемиот стимулатор за произвпдство на млеко е тоа што бебче цица. Биди само сигурна дека фаќа правилно. Оавенбрадавицата и што поголем дел од ареолата треба да му е во устето. Биди трпелива и смирена. На тоа мало бебе не му е ни потребно којзнае колку млеко сега. Јас со малиот имав проблем на почеток и се одмолзував и знам дека првите денови ми пиеше по 20-40мл...тоа не е некоја количина... бебе нека цица и млеко ќе си надоаѓа. Ти пиј мнооогу вода и чаеви(лактамикс, хип и сл), јади калорично и здраво и спиј секогаш кога бебе спие барем сега на почеток за да си одморена. Следи му ги пелените на бебчето...реално секое јадење толку мали бебиња веднаш какаат...значи треба да имаш барем 5-8 полни пелени со кака првите денови...мочани се подразбира...ако бебе си спие убаво и има полни пелени значи си е најадено... Исто може не стискаш правилно па мислиш нема млеко...за да провериш од коренот на градата стискај надоле по должина баш како молзење и ќе видиш како прска, а за брадавиците да не ти станат болни мачкај ланолин на медела или лансинох... Ќе распознаеш дали се грчеви ако бебето кога плаче се вцрвува и ги витка нагоре нозете...барем моот така правеше....
а каде јас ти посочив за да дава ад? едноставно советот со шекер не ти е на место и е застарен.Тоа е се за тоа какви деца има ,си знам .Две ги имам.Една со ад една со доење 27 месеци ама шекер не ми бил опција никогаш
Убаво кажала бебуле, во државна болница во Битола, за жал, редовно даваат гликоза. И сите шо ги знам таму породени после со гликозата се шетаат. Важно по ад не се посегнува, дека штетно нели, ама шеќерче се пие секој ден по неколку пати Да не бидам погрешно сфатена, даваат и ад ( хип е спонзор), ама после мајките дома си даваат гликоза измеѓу подои