А бе има мајки кои знаат дека не треба и не даваат. Ама, на една блиска на мм, блиску породена со мене, никако не можев да и докажам дека гликоза веќе не се дава, генијалните совети на сестрите отидоа до таму да се дава и водичка со прегорен шеќер, ако е гладно. Значи ем шеќер, ем прегорен. Само да не се даваат отрови како ад млеко
Пред некој ден ги земав во аптеката на рампа, спроти тутунски- таа беше на Бети аптеките. Членка од овде ми кажа дека ги имало и во зам аптеките ( не знам коибсе тие) Во Еурофарм и Зегин ги нема ама не е тешконда се најдат. 640 ден. се за месец дена. Можеш заедно со Лакта миксот да ги земаш. Штета нема. Среќно!
Мене во болница ми дадеа мал шприц со гликоза да шприцам на брадавицата за бебе убаво да фати, оти не сакаше на почетокот. Еднаш пробав, ама не се сеќавам дали фати, после тоа баталив.
стара школа на лекари кои не гледаат подалеку од нос.И после 30 години ке имаме дијабетичари,нервозни,депресивни.Ке имаме кога од породување се дава шекерче па уште и прегорен .Не се верува на секој што има др. испред името
Ја мислам дека време е место шеќер и вода, помодерно да сте со чекор на 21виов век .... мармалад ( зашто имате ем разни вкусови ) со вода мммммм таман секој ден ќе се мења вкус за да не му е на бебе монотоно со шеќерот. Ако барем му го с..бувате организмот и здравјето, барем со стил напрајте го тоа. Има во Веро, Тинекс, па и во Рамстор кантички мармалад и не се скапи озбилно. Во мои 37г само на форумов наидов на такви постови што се чудев и чудам дали сме 1948г или 2017г. Од несечење нокти до 6мес на бебе, па бричење на влакната на новороденчиња итн се до ова со гликозата. Врв беше по фб постот и со кинење на главата на кокошката над детето против плачење т.е. зајдување Чудни сте бре и ни 2017, ни кабловска, ни јутуб, ни гугле абре ништо не им помага на некој. Ај сеа тролајте се за да е позабавно. И шала на страна мислам на попуст беше мармаладот од шумско овошје
Еднаш ми шприцнаа и мене, оти мојата не фаќаше на секој подој, ама ми напоменаа да не правам така. Сепак, друго е во шишенце растворена и да си пие бебето. Штом пие гладно е, не разбирам зошто ад не даваат во тој случај. Поентата беше еве, дојам исклучиво, ад не давам
@sofi2107 не се жените криви, педијатрите се. Немаат ист став за многу работи, тераат по старо учење, како да не се во тек со новите испитувања. Малку и егото е во прашање кај постарите педијатри. Многу застарени совети имам добиено од педијатар, а и од патронажна пример кога дојде на 4 месеци ми препорача малку солца и вегетичка во зеленчукот да ставам штом почнам со дохрана. Од друга страна имам матичен педијатар што на стомачен вирус дава антибиотик, на секоја кашлица исто, ни еднаш не сум зела до сега и поминувало како секој вирус за неколку дена. Има жени што нормално на доктор се ослонуваат и така и треба да биде во нормални ситуации, кога докторот е во тек со времето.
Додека бев во болница имаше една сестра што на сите бебиња даваше ад, без разлика дали има потреба или не. Мене градите ми беа преполни со млеко, бебе беше нахрането со ад и од мене само 2 пати фати таму. Наместо повеќе внимание да обратат на доењето, да ги учат и стимулираат прворотките да доат,на нив најлесно им беше да дадат ад. Среќа пред одење дојдеа други сестри, ми покажаа како да правам и се лутеа што овие постојано ад даваа.
Се согласувам дека е така. Но, сепак сметам дека во 2017г не е на одмет да се побараат 2-3 мислења од различен доктор. Па и постои и интернет каде секоја информација е достапна. Како викаат : Гугле знае све И со оглед на достапноста и на фб за што све се издешавало во нашево здраство и какви све доктори има, нема оправдување за оние мајки наведени погоре. Сепак мислам дека сите сме и доволно едуцирани. Па ја на мои години сол не користам, а не па на моево дете да му дадам. Еве мене една педијатарка за хемоглобинот на синко ( на 4мес ) 11.9 ми посочи да давам препарати за покачување. Воопшто не прифатив се советував и со трансфузиолог и со уште 2 педијатарки, па и овде побарав мислење и на гугле барав. Еднаш ми кажа за црвенило на вратчето што му се појави ( летово на 3мес кога имаше ) кортико да ставам. Нормално откако изначитав пола гугле и се советував со други доктори не ни помислив да употреббам кортико. Му помина со Пенатен крема. Зато кажувам дека не ги оправдувам оние кој им е изговор педијатар ми кама и слепо се држат за едно мислење. Ти се верува ли дека некој педијатри ги советуваат и диезапам 1/4 од 2мг да даваат на бебиња и пустите тие мајќи им даваат... лично познавам такви мајќи.
Фала ти срцка многу! Ми олесни малку. Ќе пукнам од грижа. Проблем е што многу кратко цица, ја штипкам, ќе шмукне и пак ќе пушти. Многу брзо заспива. И друго, се загрижив сега што рече, ние немаме толку какани пелени, отприлика 4 можеби 5 најмногу. А и сега се замислив можеби треба почесто да и менувам, не знам дали да чекам да замириса или има некој интервал на колку време треба да и сменам? Пробав така како што ми кажа да измолзам и потече повеќе млеко, јас стискав само долу И ако се одмолзувам, тоа млекце да го фрлам или да и го давам со шишенце? Да не се навикне на шише? Инаку имам големи брадавици и она одвај како да се справува, се трудам да и биде поголем дел од градата во устето ама малечко и е уште. Инаку кога цица се слуша како шмука, како голта. Само се надевам тоа е доволно. Што да правам со тоа што градите ми се тврди?
И ние на почетокот имавме 3,4 какани пелени, ама сега по 5,6 некогаш и повеќе. На почетокот додека фати да цица убаво така е.
Ако се тврди градите и не омекнуваат после подој биди внимателна да не добиеш мастит. Од многу тврди гради толку мало бебче тешко цица па ќе му е проблем да ги разработи. Грутки некои напипуваш ли? Јас би те советувала пред подој масажа со туш со топла вода (најтопла што можеш да издржиш а не да се попариш). Ке ги отпуштиш каналите па и бебе ќе исцица полесно. Листови од зелка исто помагаат кај сите. Ако не така ќе мораш да одмолзуваш на почеток додека се воспостави лактацијата. Ти посакувам успешно доење.
Има бебиња не какаат толку, но затоа мочкаат повеќе Баш имам другарки на кои не им какаа многу често, но мочкаа доста. А мојов па 6,7 пати какаше, 4, 5 пати до 4,5м, серле За тврдите гради пази да не фатиш мастит... стопли тетра пелена на парно или со пегла и ставај на градата (ако е доста тврда пробај малку да одмолзиш или бебе да цица обавезно од потврдата), или облоги од зелка... исто и туш со потопла вода, мала масажа на градите (не премногу стискање)... прави го ова за да не дојде до запушување на некој канал...
Majki ajde pomos. Malava ima dve zacinja I segapri sekoe cicanjeme grize. Imam rani I krvai bradavici mnogu me bolat crveni mi se bradavicite duri nemozam dagi dopram od bolka.