едно прашање,јас ја дојам ќерками а уште еден месец треба да тргнам на работа.сега заспива само на дојка.првото спиење ни е во 9,тоа време ке можам јас да ја заспивам бидејќи сум од 10 на раб.,меѓутоа второто спиење ни е накај 1-2 и тогаш ќе треба свекрвами да ја заспива,а пошто е научена само на цице,се мислам дали да и дава ад млекце барем тогаш ако сака да го прифати.Што мислите вие,дали некоја мајка имала слично искуство?
Моето ќе има 9 и пол месеци кога јас ќе тргнам на работа и јас ќе му давам вештачко млеко, он се буди накај 10 и сака да си цицка, а јас ќе испаѓам во 6 сабајле и дури во 4 ќе се враќам и несакам да го оставам без млекце, само што ние не спиеме на цицка со цуце си заспиваме, така ми е научен и нема гајле кој и да го земе да го успива само цуцето да ни е во уста
Јас немам искуство со ова лично (уште малце и оддвај чекам ) Ама баш пред некој ден читав на оваа тема. Не чекај да тргнеш на работа па да почнеш со шише. Би требало уште сега да почнеш да ја навикнуваш тоа спиење кај 1-2 да и биде од шише. И се препорачува да најдеш шише со цуцла кога ќе биде најслична од твоите брадавици/гради Се надевам дека ти помогнав
Јас веќе една недела како тргнав на работа, а ќерка ми е 9 месеци и една недела. Исто така ја дојам, побарав и стручен совет и ми рекоа дека нема потреба тој период да и се дава друго млеко, а и јас така мислам. Веќе јаде цврста храна, ја дојам пред да одам на работа, ја чува свекрва ми, и од 8-17 часот е со неа, јаде два оброка, сабајле овошје, на ручек зеленчук со месо или жолчка, кога се враќам од работа веднаш и давам да цица, и супер е вака. Ако има потреба може помеѓу да се вметне млечна каша, или кисело млеко, ама јас обично навечер и давам палента или јуфки (само со жолчка) со кисело млеко. Нема потреба од давање вештачко млеко ако детето си е само на мајчино млеко, па и да се учи на 10 месеци да пие од шише, не. За бебето нема проблем ако не цица тие 8-10 саати. Проблем единствено може да биде преполнување на градите со млеко за тоа време додека не цица бебето, зависи од количината на млекото, јас немам таков проблем, а и млекото се намалува со воведување на цврста храна. За успивањето, и ќерка ми се успиваше најчесто на цице. Сега баба и ја заспива со шетање низ соба 2-3 пати напред-назад и кога и се спие заспива.
^Јас дека мислам да почнам да работам порано не земав во предвид дека бебето ќе има веќе 9 месеци во повеќето случаи. Сепак за бебиња што заспиваат на дојка мислам дека млеко во шише ќе биде потребно па мајката може да се одмолзува или пак ако нема млеко едноставно да ја одвикне од таа навика
и јас се мислам да не и дава свекрвами ад млеко ,ама да не и биде малце 2 оброка за 8-10 саати, и тоа не јаде многу ,околу 60 мл некогаш и до 100 мл,а иначе цица на саат време,и се мислам дали да се измолзувам и тоа млеко да и го дава,ај ќе видиме како ќе биде,а знам дека треба да почнам да и давам ад млеко,за да видам дали ке го сака или не, ако више планирам такво да пие
^Ако имаш млеко одмолзувај се, барем уште некое време,додека млекото е уште квалитетно. Поселе секако ќе мора да и даваш замена така да искористи додека можеш
Како мислиш додека млекото е уште квалитетно? Нема квалитетно и неквалитетно мајчино млеко. Тоа е совршено за да ги задоволи потребите на бебето.
Најдобро е да се измолзуваш, ако можеш (не секоја мајка може да извлече доволно млеко), и тоа млеко нека стои во фрижидер, па пред оброк да се загрее на собна температура или пак во ѓезве со топла вода (не да врие). А мајчиното млеко е квалитетно и најдобро за детето дури и после првата година од животот, особено од имунолошки аспект. Не губи од квалитет како што расте детето, напротив.
точно дека мајчиното млеко е најквалитетно,дури и после првата година,и не треба никаква замена,доколку детето само си се одбие да не цица,или мајката го одбие,нема потреба да се дава никакво друго млеко(збориме после првата година),посебно не кравјо млеко(дали сте прочитале за штетноста),а незнам зашто некои мислат дека мајчиното млеко не е исто после првата година,не било квалитетно итн,што подолго го доиш детето подолго го заштитуваш од болести
и јас имам слушнато дека по одреден временски период (колку незнам) мајчиното млеко не е исто здраво како на почеток, неможи организмот да ги обезбеди сите хранливи состојки и сите витамини што му се потребни на бебето/детето. е колку е вистина незнам, сите го форсираат доењето додека детето сака, ама јас имам видено дете, две и пол годишно кое се јади, се зборва, без пелени на цицка кај мајкаму па и на секој пол сат....е чисто сумљам дека тоа млеко е хранливо, баш и жената ми рече ,,ова не е млеко вода е,ама неможам никако да ја одбијам,, пак ќе речам незнам дали и колку е вистина.
до една година млекото треба да биде основна храна за доенчето,ама треба и да се дохранува за да научи да јаде и цврста храна,за после првата година да јаде се што јадат и родителите, нормално како што расте детето не му е доволно само млеко,поактивно е, почнува да оди,да збори,а не дека мајчиното млеко не е хранливо после првата година,далеку е поквалитетно од кравјото млеко
Мајки, дали сите се измолзувавте? Јас не се измолзувам, едвај капка паѓа кога ќе стиснам, а бебето цица и спие нормално и до сега ок напредуваме во тежина. Тоа измолзувањето задолжително ли е???
Брадавиците ми се разранети со што да ги мачкам? Ме болат при секој подој едвај издржувам за бебето....
Zemi lanolin, jas go imam purelan od medela,malku e skap ama e bezbeden I nema potreba od odmivanje pred samoto doenje
Ланолин од Lea - Mamma, 280ден Јас одев и на ласерска терапија (ласер + Bioptron на Zеpter), два третмани по 5 дена. Една сесија трае околу 20мин, цела терапија чини 300ден. Ова кај мојот матичен гинеколог, незнам дали секаде ги има. Потрпев мака еден месец, но потоа се среди. Сега сме како нови
I moite na pocetokot bea razraneti,duri na ednata pupka mi falese parce meso Jas gi mackav so mleko i ostavav da se isusat pupkite...
Мајки едно прашање до вас дали некоја знае каде може да се набават пумпи за одмолзување на млекото од градите? И по која цена се?
јас го пиев и се уште го пијам ,сега некој посебен ефект не знам дали има пошто јас пијам доста и други течности ,го пијам претежно навечер зошто бебушка се буди за цицање ,добро ни оди до сега