Мами, ние сме 21 ден. Овие 2-3 дена нон стоп бара да цица. Без прекин што се вика млеко иам не е до тоа. Може ли да е оф грчевите?
Ние сме 25 дена, пред некој ден така беше и кај нас. Постојано сакаше на цице да биде. 2,3 дена траеше и толку, прекина после.
А си цица или само така ја држе брадавицата? Мојата повеќе ја држеше отколку што цицаше. Сака да заспива на неа. Некогаш малку само цицне и заспие малку, па пак ќе се разбуди и ќе сака да цица. И ние овие денови имаме грчеви, чај ѝ давам кога е гладна, тогаш го пие само. Ставај ја на меше малку да леже, топла тетра пелена ѝ стави, гушкајте се. Пушти песна после грчеви, ќе се смири малку. Сите бебиња повраќаат, не се сеќирај.
Цица бре, млеко ми тече хахаха и се молзам и тоа го пие. Све правам веќе пеам спие кај мене на меше и само цивка. Чај неке никако.
Подметни чајче кога ќе е гладно. Остави бебето нека си цица, ќе помине и овој период. Момче или девојче е? Јас како за женски род пишувам.
Девојче, пробувам све верувај. Ако веруваш 2 саати цицаше и тешко се успива. Сеа ечи мама воли бебу и слично она спие у раце. Сабајле ок беше за цицање а и ноќеска. Ај ќе видиме уше некој ден.
Дај боже и јас помислив на тоа ама не знаев дека има на 3 недели. Како плаче за цице мислиш цел ден не јадела.
Ставај на градите ланолин...иначе и кај мене беше исто..немаше ефект ништо, едноставно пробај да не реагираш ако можеш или прекини доење за кратко. По некое време престануваат. Еве кај мене тоа беше така, тогаш и излегоа горните единици, па едно месец дена немаше ништо и еве од вчера исто па дури и поболно е..којзнае, може ќе и излезат нови заби, горните двојки и се набабрени и нонстоп рацете и се таму...
Како можам да излечам грло ме боли ме гребе, неможам да голтнам а се осеќам и омалаксено. Има ли некои таблети за смукање на природна база што може да ги конзумираат доилки?(може има некој пост за воспалено грло но ненајдов)
Бебе не сака да фати да цица веќе една недела, секако пробав и не сака зајдува од вриштење. Со електрична пумпа на медела неможам да измолзам повеќе од 10 мл од двете гради што значи имам уште малку млеко. Се обидов со течности повеќе пијање да го зголемам ама нема не ми надоаѓа млеко а да стегнам има капи а неможам да измолзам. Незнам веќе што да правам...
Лимон, мед и ѓумбир, мене моментално ми помага. Во мала тегличка ставам рендан ѓумбир, парчиња лимон и мед. Може и ѓумбир во прав наместо свеж. Напиј се и парацетамол за да те опушти. А како се храните, какво млеко пие бебето?
Доилка сум точно 6мес и неколку пати сум пробала да се одмолзам и никогаш повеќе од 20мл не сум одмолзила. Синко ја тродуплираше родилната тежина еве на 6мес. Значи колку што бебе може да исцица ти толку неможеш да одмолзиш. Млеко или имаш или немаш. Чим капе значи имаш. Бебе не ти цица сигурно е во скок во развој и претпоставувам сте околу 3 месеци или? Сите сме имале такви периоди, но ќе си поупорна ќе најдеш начин. Затемни соба,пушти музика која ја сака, пеј му, гали го итн. Јас имаше неколку недели буквално во раце го држев и петав низ стан зашто само така цицаше. Кичма мислам ми откажа тој период зашто машала е он буцко а ја јадна сум 51кг ем со царски. Ќе издржиш доколку сакаш да доиш. Напорно е и тешко, но периоди се ќе поминат. Еве го сега мојов период му е само легнат цица. Па замисли како е ако си излезена а него му текне дека сака да цица .... хорор
Same here. Мене најмногу ми помага прополис на шеќерче, моментално ја намалува болката. Исто и боров сируп, ама тоа не знам дали ќе најдеш.
Мене ме фати вака исто пред 3-4месеци. Си земав прополис спрејот за грло и дневно по 3-4 сладоледи јадев и ми помина брзо. Кога боли грло никако топли напотоци не се пијат. Исто тие денови па и до ден денес имам напраено од рен како привентива и си зимам по малце секој ден. Ренот е многу јак да знаеш, значи на врв на ноже зимаш. Ја на кришка лебче негде негде премачкувам иначе ако е поеќе воздух нема да можеш да земеш Во блендер ставам рен, куркума, бибер, оцет и зејтин,малку сол и блендирам. Па си ја ставам смесата во тегличките од бебешките каши. Оваа смеса со години ја правиме дома и пу пу да не се урочиме ама незнаеме што е настинка
Велиш го бива ренот за болно грло??? Имам и јас дома исто така направен освен куркумата. Знам за час одзатнува нос, сите мрсули ги вади, ама ми беше страв за грло дека е многу лут да не се подлути уште толку.
Стај слободно и куркума. Ама и обавезно и бибер црн зашто куркумата е делотворна кога се сврзува со црн бибер ( за ова подетално ќе читнеш на англиските сајтови ) ем дава убав шмек, ем е здрава куркумата. Татко ми со години ја праи смесава. За настинки и за привентива е бомба . По дефолт ќе ги убие сите бактерии и нема да дозволи додатно воспаление а грло. Пробај, е малку непријатно првиот момент ама лично јас го поднесувам кога ме болело грло. Ја за да не е јако зимам на кришка леб онака тук-так мачкам . Али со сладолед верувај најбрзо ем највкусно ќе решиш болно грло. Ако си од Скопје Дежаву има најбољи сладолед ритуал секојдневен ми е. http://www.novosti.rs/vesti/lifestyle.304.html:466067-Kako-da-umine-bol-u-grlu http://opusteno.rs/saveta-saveti-f112/kako-izleciti-upalu-grla-t13140.html Има уште сајтови али горе/доле се пофторуваат исти алтернативи. Јас и спрејот го користам од Галапро - спреј за уста и грло со прополис секој ден привентивно. Сепак за заштита све ова дур дојам зашто знаеш и сама, ако се испоразболиме ништо посебно несмееме да пиеме.
Мене не ми ставија од одма си фати да трга немав проблем по 20 мин два пати во денот многу ме болеше еве уште малку ќе наполни 2 месеци млеко капка по капка и не му давам да цица на секое незнам дали правам грешка тоа така правам дека незнам дали си читала за проблемот што го имаме