Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Да срцка. И јас помислив дека е тоа, ама не можев да најдам за скок во трета недела :?: Така прави и многу ми беше чудно, воопшто не цица мирно и не спие мирно. И најголемата мака ми е што бљуцка после секој подој и да ждригне и не, пак ќе поврати, некогаш помалку некогаш повеќе и тоа ме загрижува :| и тоа секој ден овие денови. Се надевам тоа е скок и ќе помине брзо.
    @kristii да и јас така ја држам :$ така сум видела од порано :)
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ece 1309

    Ece 1309 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки
    Денеска бевме на преглед со малата, има 4 месеци и 10 дена. Од претходниот преглед кој беше пред 5 недели има накачено само 250 грама. Докторката смета дека тоа е малку, и реално е малку. Па ни даде после секој подој да и додавам 30 грама АД млеко и да одиме на контрола во петок.
    Дали некој има слично искуство? И ако има дали бебенцето откако почнало со АД се одбило од мајчиното млеко?
    Ви благодарам
     
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Досега како напредуваше? Ако напредувала добро мое мислење е ич да не и даваш ад. Почекај уште две недели и однеси ја на контрола пак, види колку грама качила, па сама ке заклучиш дали треба да и додаваш ад или не.
    Кај нас на третиот месец имаше качено само 200гр па кога ја однесов за две недели имаше 500 напреднато.
    И да откако и дадов ад почна да се одбива.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ece 1309

    Ece 1309 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    До пред еден месец напредуваше супер, но сега нема покачено на килажа. И освен тоа заборавив да напоменам дека до пред еден месец ги полнеше пелените по 2-3 пати, а сега и со денови се нема покакано.
    Исто се смени тоа што навечер почесто се буди за цицање, а претходно имавме земено ред си заспиваше во 22:00 а се разбудуваше кај 5:00 за цицање.
    Најверојатно млекото ми е намалено, како да зголемам лактација?
     
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.139
    Допаѓања:
    40.504
    Пол:
    Женски
    Мамички еден совет ми треба. Од пред два дена имам стреснс ситуација на која се прилагодувам. Што смеам да се напијам да се опуштам малку за да не ми се случи нешто со лактацијата. Ми е страв да не го изгубам млекотп, а сега му е најпотребно на синко.
     
  6. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Магнезиум до б-комплекс напиј се, би требало да те смири малку @Ano
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Бедоксин можеш да пиеш магнезиум со б витамини има
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Има чаеви за доилки, побарај во аптека, пиј сок од бистро јаболко, кај мене тоа помагаше да имам повеќе млеко и многу вода пиев. Секако не заборавај и да јадеш :)
    Мој совет ти е да ја следиш како ќе е за две недели, ако има качено ете бар 400 гр, не давај ад.
    Прати по пелени и ке добиеш сама одговор, ако е гладна ќе е вознемирена, поголемка е сега веќе разбира за јадење.
     
    На Ece 1309 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    B compleks na synergy so pojaka jacina e. Plus caj od kamilica i matocina
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ece 1309

    Ece 1309 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам на советите. Ќе пробам се што ми кажа. :)
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Мамички помош :( Цицаме од прв момент и тоа успешно, барем според тоа дека на прва контрола ни рекоа убаво напреднала. И пелени какани си имаме.
    Но сега не знам што се случи, бебчево како прв пат да фаќа цице, фати пушти, отворило усте и како да го бара цицето, а брадавицата и стои внатре, она се нервира, плаче, врти со главата.. од памет се извадив се препотив. :sweat: :whew: Се исплашив не можев да ја смирам и не знаев како да реагирам. Плаче вреска, обично или си заспива на крај или сама си се трга и си има таков блажен изглед на лицето. Сега плаче, го бара цицето отвора уста, а не цица. Не знаев што да правам, ја тргнав и дадов чајче неколку голтки и го ставив цуцлето и се смири. ама не заспа, обично после бањање со тоа цицање и си заспива. Еве ја задрема и кенка пак сме со цуцла да можам да пишам. Сега се плашам да и дадам да цица кога ќе треба :worried: Ви се случило ли? Зошто така прави?
    Можно ли е денес и дадов прв пат чајче, од шишенце, ама само на два пати по неколку голтки, па може ли поради тоа да не сака цице? И друго нешто, претходно се жалев дека ме болат градите имав малку грутки, ми беа тврди и ме болеа. Се молзев, топла вода и сл и го решив проблемот. Но сега градиве ми се многу меки, ептен како сунѓер, како гума 8-| па и брадавиците, имам големи брадавици и претходните денови ми беа цело време набрекнати, цврсти, ама ми се чини поубаво си цицаше, сега ми се меки и тие (facepalm) (можеби малку глупаво ама да објаснам :wasntme:) Помислив да не немам млеко, ама и додека цицаше стискам тече, и инаку, немам многу мокри маици ама по некое крукче се прави. Што е проблемот?
    Како плачеше и се нервираше здравјето ми се зема (facepalm)
     
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Колкави сте? Дане е скок во развој?
    А градите стануваат меки кога ќе се воспостави лактација. За чајчето не знам што да ти кажам, мојава пие од две недели чај, ама тоа не и сметаше во цицањето.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    @Вереничка мајка пробај пушти усисивач мојот само така се смирува или некоја децка песничка, не верувам дека му е од чајчето, периоди се
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Градите ти се меки зашто се воспоставила лактација. Сега продуцираат онолку млеко колку што му е потребно на бебуш, да не се сомневаш дека немаш млеко, зашто и мислите се многу битни, можеш несвесно да си го блокираш млекото од стрес.
    Тоа што е нервозно и плаче е многу нормална појава и се случува скоро кај сите доени деца. Се повторува на одредени интервали и обично трае по неколку дена.
    Само смирено, не се вознемирувај, сфати го тоа како нешто нормално, кога плаче крени го, погушкај го и откако ќе се смири понуди му пак. Нуди му додека е полузаспан, во затемнета просторија, менувај ги положбите, дојте се во движење.... ќе најдеш нешто што му годи и ќе ги преживеете тие стресни моменти.
    Со лесно! :*
     
    На *Лорена* и Вереничка им се допаѓа ова.
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Да, во првите месеци при вакви скокови и кај моите деца спас беа белите звуци. Кога ништо не помагаше пуштав фен на you tube, па така полесно го поминавме тој период.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Оф колку е тешко, и колку е лесно кога некој ќе ти каже нешто, кога ќе ти даде совет и поддршка :*
    И првите совети ти ги послушав и ми помогнаа. :hug:
    Синоќа кога цицаше не правеше така, не плачеше, ама беше малку немирна, прета, мрда што претходно не правеше така. И ич не спиеше ноќеска, цела ноќ борби, кенка, заспи стани на пола саат, саат (facepalm) Цела ноќ рацете ми паднаа, нишкај, шетај, пеј и никако да заспие цврсто, само што ќе ја ставам во креветче 5 мин и се буди.:whew: И повраќаше на секое цицање, не ждригна ни еднаш, и после цело време бљуцкаше. Од синоќа до сега 4 лигавчиња сменивме. :| Сабајлево пак плачеше и се стегаше не се смируваше па дадов капки за грчеви. Дури сега заспа ама не знам до кога. Врти со главата, крева рачиња, се мршти, не спие мирно. Јас сум преморена и физички и психички. :(
    @barby
    Пееме срцка цел ден и цела ноќ, и пуштаме на Јутјуб фен, правосмукалка, дожд и така најчесто се смирува, ама некогаш ни тоа не помага :|
    @jovana03 Мислев поради шишенцето, цуцлата, а не поради самиот чај. Ама нема да и давам ден два секако. Нека цица само. Не знам ни јас што е најпаметно веќе. :wasntme:
     
    На barby и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  17. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Душо читам си имаш мака.Дали побара совет од педијатарот како правилно да ја доиш.После секој подој ќе ја поткренеш да подригне можеби има грчеви па одбива да цица или ти цица само кога ќе и се смири стомачето.Ида и дадеш чајче не е страшно или давај и сирупче за грчеви па после подој.И обавезно течности да пиеш за да имаш млеко немора некој одреден пијалок,вода ,чај јогурт сок било што(y)
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Вереничка

    Вереничка Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2016
    Пораки:
    1.133
    Допаѓања:
    1.710
    Пол:
    Женски
    Ја кревам после цицање секогаш, ама она на почетокот најчесто спиеше, а сега многу е немирна. Мрда со главата, ја враќа наназад, прета со рачиња ич не сака така свртена (facepalm) одвај ја држам. Пред неколку дена почна да ждрига можеби не на секој подој ама сепак. Но од вчера ни еднаш не ждригнала и цела ноќ и од сабајле само бљуцка.
    А течности пијам, вода, сок од јаболко, јогурт секојдневно, чај само поретко, не можам да го пијам. Кога бевме првиот пат супер беше напредната, јас продолжив сé исто да правам, ама ете сега има некои промени, се надевам само текот е ист, дека цица доволно и дека напредува како што треба :|
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Па добро чим бљуцнува значи е цицана снаа ми која што е сестра во гинеколог. чаир секогаш е трпелива и трпеливо објаснува на сите мајки можеби ти се погодила некоја што не ти покажала како што треба.Можеби има грчеви бебето затоа така прави ај можеби е мало па ќе се среди
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    35.337
    Пол:
    Женски
    Има начини како да ждригне и нанапред свртено бебе. Ако не ждрига може да има проблем со насобран воздух и тоа да ја мачи. Пробај да ждригне после секој подој. Јас понекогаш го дигав да ждригне и во тек на подој. Мојот знаеше да се буни и да не сака да јаде од време на време ако немаше ждригнато. Бљуцкаше многу.
     
    На Вереничка му/ѝ се допаѓа ова.