Ја држам одма после подој, на почетокот спиеше и не ждригаше. Сега пак е немирна, мрда со главата ја зафрла наназад, се оттурнува сама, многу е жива. И не сака почнува да се нервира и морам да ја свртам. Додуша и кога ждригнала било одма откако ќе ја кренам, така да и подолго да ја држам џабе не ждрига ако не ждригне одма. И после ќе бљуцне некогаш и неколку пати. Некогаш малку некогаш повеќе. Не знам што да правам, како да ја натерам да ждригне? Или често ика. Одма после подој. И некогаш поради тоа ќе бљуцне.
Девојчиња, има ли некоја мајка што есклузивно се измолзувала да ми даде совет. Цицка никако нејќе и пие од шише мое млеко, веќе три и пол месеци сме. Но мене последниве денови ептен ми намали млекото, и претходно ми намалувало, ама не вака. Некое чаре?
За жал никогаш не цицала од сам старт сме вака, што се не пробав и уште пробувам и немам баш надеж дека ќе процица.
Членката што ја тагнав во претходниот пост има искуство со ексклузивно молзење цели 9 месеци. Побарај нејзини мислења, ако се логира на форумов ќе ти одговори сигурно.
@123baby побарај ја на ФБ групата: Majki koi izmolzuvaat majcino mleko, таму има повеќе мајки и можеш да добиеш повеќе одговори.
Женски бебуш има 2 месеци и овие два дена како да не ми се полнат градите доволно. Десната посебно ни кога се туширам не искача млеко кога се стискам. Страв ми е да не снемам млеко. Цело време пробувам да се молзам за да стимулирам ама џабе нема. Кажете ми што да правам?
Ќе имаш млеко оч да не се секираш, само ќе пиеш повеќе течности. Почни да внесуваш чај за подобрување на лактацијата, мене мн ми помогнаа лакта микс чајот, чајот за доилки на хумана и од зегин купував грчко семе. Мн супи, вода, а пред се одмор и добар сон. Сонот е исто доста важен за лактацијата, стрес ќе сведиш на минимум и ќе биде се. Јас речиси и да го изгубив млекото, две три недели малата беше со ад, а еве сеуште ја доам, малата е 14м. Ако јас успеав, може секој само упорност и помош да имаш.
Мамички кога цица малата прави некои звуци, сега не можам да опишам, не знам како, како некоја свирка последниве два дена почна така да прави, многу се слуша кога цица значи, шмука голта и така прави. Не знам дали од уста или од нос доаѓа звукот/воздухот. Дали тоа е поради тоа што можеби не цица правилно, не е наместена како што треба, или дека брзо цица или што е? Може ли поради тоа да голта воздух и после затоа не ждригнува, а често ика, а на секој подој повраќа?
Мајки, Пантенол за грло може ли да земам ?Грло ме боле , знам дека во бременоста ми ги препорачаа, пишува и дека се за време на доење ама страв ми е нешто.
Веќе земав една @BirMelek .Страв ми е ептен да не почне да ме боле грлото затоа што ако не спречам, најчесто завршувам со антибиотик. Незнам , ми немаат никаков вкус.Знам дека ги купив уште во бременоста ама неотворено ми стоеше кутиичето.
Мајки јас сум настината, очите ми солзат, носот ми тече... пијам парацитамол и витамин Ц, но не сум сигурна дали бебе може да цица од мене? И да прашам каков чај смеам да пијам?
Може да цица слободно, сам внесувај доволно течности. За чај, па може планински мислам, евентуално овошни чаеви, ама без претерување.
Бебчо не цица којзнае колку од мене ама сепак колку толку да внесува мајчино млеко. Денеска пијах еден чај од боровница и еден од мајчина душичка, ваљда е ок.
Звукот може да е од тоа што не цица правилно. Мојот кога не фаќа убаво (во ретките моменти кога цица фала богу веќе без силиконска ) се слуша како некое ццкање ајде да кажам, ако голта од многу надојдено млеко гласно голта ама тоа се распознава дека е звук од голтање...и исто кога се залетува да цица се заннорува па се слуша како фучи со носот ама и тоа распознавам дека е од замор... Инаку за икањето не се плаши, ако не ждригне моето обавезно после цицање или хранење ика...е за повраќањето не знам...ретко бљуцка и повраќа...помал почесто се случуваше...
Мами дали смеам да пијам ампицилин и да дојам? Плус и вагиналети ми се препишани нистатин со плус нешто не знам точно шо. Веројатно нешто антибиотско. И гинеколозите и педијатрите шо ги прашав се со спротивставени мислења. Да не знај чоек кој пат да го фати
Претпоставувам треба да добиеш циклус, не се сеќирај, штом заврши ќе се врати па и зголемо лактацијата. Пиј течности, чаеви, јади овесни снегулки и ќе си дојде се на место. Јас добив малиот кога беше 5м и додека молзев беше се вака, ден два пред да добијам и додека кмав циклус страшно беше. Пристапи до групата што ти пиша Лолипоп, делиме и таму супер совети, а ќе прочиташ и за пауер памп, доста ефективно за мајки кои молзат. Ти благодарам на препораката, се трудиме да помогнеме со секој совет.