Баш се чудам кога успеа да отиде на Харвард?! Како и да е - експерт за се е експерт за ништо. Мое мислење. Ниту па има некое екстензивно работно искуство. За мене он е маркетинг. Струмичанки треба многу подобро од мене да го знаат.
Имам електрична пумпа, пробав неколку пати да се измолзам, само од едната града по 2-3 капки капнуваат. А и по малата приметив, почна само 1 во ден да кака тие 2 дена додека сфатив што се случува.
Пумпата не е мерило колку млеко имаш. Плус незнам дали знаеш ама има разни големини на чашката за измолзубање зависно од ареолата. Јас имам млеко на претек па со пумпа слабо вадам.
исто беше и кај мене.Бебето цицаше до 27 месеци ,првите месеци накачуваше по 1200 гр а со пумпа вадев едвај 20-30 мл.И баталив престанав да ја користам
@Ambra20 Исто и јас како @Ano, никогаш со пумпа не сум можела да измолзам млеко (сепак со рачна сум пробувала), а дојам 2 години. Некако не ми е верно да прекине наеднаш млекото, особено ако има стимулација од бебето, т.е си цицало без проблем. Какањето нема врска, доени бебиња и по неколку денови може и да не какаат, многу побитно е мочкањето на почеток. Исто и напредувањето на контрола, како става килажа. Мој совет иако сметаш дека немаш млеко, пред да му дадеш ад нуди да дои прво, инаку нема шанси да се направи млеко без стимулација од бебето.
Јас до полни 3 месеци многу внимавав на исхраната. Не јадев легуминози, цитруси, кафе, чоколадо, млеко.... После почнав по малку и следев реакции. Поминавме речиси без грчеви. Храната и те како има влијание на мајчиното млеко, нејзините состојки се излачуваат во него, како може да нема влијание? Дури и сега кога јадам грав бебе иако цица доста поретко, пак има гасови по 2 дена.
Во понеделникот бевме на прва контрола и немаше мрднато во килажа, исто како што излеговме од болница, но педијатарот рече ок е тоа, битно да не паѓа килажата и ни закажа за утре пак контрола. До тогаш беше само на мајчино и тогаш измолзував без проблем по 60-70 мл од града. Од вторникот нешто се случи, но незнам што...и по градите осеќам дека се празни, но сепак ќе пробувам и понатаму се што можам јас да направам. Ја ставам и малата да цица, но сега веќе се нервира и само плаче кога е на града
Синко е скоро 7мес. И во бременоста јадев све и еве дур го дојам јадам и пијам буквално све ( освен алкохол ). Грчеви немаше јаки, дури и не ги ни осетив нешто као што има бебиња што плачат и е хаос. Значи све ама све од благо, љуто и кисело, газирано, зелки, гравови све си јадев и јадам и синко машала супер си е. Сестра ми мислам дека само на трева живееше па внукми грчеви имаше страшно. Грчевите се нормални, кај некој бебиња се поизразени кај некој не. Цревната флора дур се среди некој лесно го поминуваат тој период некој не. Колку внесуваш повеќе разноврсна храна ем како доилка си поздрава, ем бебе колку толку минимални проценти од намирниците ги вкусува. За ова подетално има истражувања кој се на странските сајтови за доење и на јутуб. Никогаш не сум одмолзила повеќе од 30мл од двете гради, а сум пробала неколку пати. Колку што бебе може да исцица толку неможе да се измолзи. Синко ете го машала на скоро 7мес ја тродуплираше тежината. Ем мајка му најадрна и среќна, ем синко најаден. Иначе бозата кај некој доилки го крев притисокот. Мене ми беше многу висок од бозата и ја прекинав. Само 1виот месец од кога се роди синко пиев од чаевите за доилки и искрено веќе не купив. Ни мајка ми не пиела, ниту па вашите мајки па ве доеле. Пијам Моринга капсули веќе 6месеци кој се врвно подобри и поквалитетни од чаевите. За доилки се најдобри. Имате читнете за нив. За мајчиното млеко се најдоброто нешто.
И јас би кажала исто за исхраната не е до толку страшна да се бега од се нормал во умерени количини се знае ако се прејадиме и нас и нему ќе му смета .. нит пијам апчиња ни специални чаеви и дури од нане сум пиела па еве 6 мес мала си цица и напредува предобро и на одмочзување знам да вадам до 70 мл во не цели 10 мин ( а се одмолзувам во морални ситуации и тоа со едно малечко рачно пумпиче на чико шо го губам у рака тоа топчето ) и све си јадам нема нешто што си забранувам па и со грчевите минаме лесно @Ambra20 јас од левата града абе цел ден да одмолзувам ништо нема да извадам мисл а од десната супер а па за цицање левата и е омилена какањето не укажува глад 90% до 4/5 месец зезаат со какање се дури има полни мочкани пелени нема глад градите сиг мислиш празни ти де оти ти се ко меки и опаднати ама тоа е оти има лактација воспостаено и плус има денови нормал коа помалце поеќе ќе цицаат или па ние нешто нема да сме добро или стрес и се влијае не се растревожувај одма
Мајки што давате измолзено, колку мл ви пијат на 3 мес.? сабајле испи 70,некогаш 90,некогаш 120.Ретко давам измолзено кога сме излезени или кога како денес нејќе да цица, па ме интересира. Друго-кога сменивте цуцли на шишенца. Нели имаше нешто од 3+?
Секогаш пие различно. Вчера се успа три ипол саати преку ден и ми испи 150мл кога стана (прв пат толку). Најчесто пие 80-100мл, ако испие помалку поскоро бара пак ... Цуцла уште немам сменето, тие од 3+ се со поголем проток. Уште се надевам дека ќе цица а нема да се одмолзувам па не сакам да му олеснам со протокот, а плус и со овој проток лакомо голта и ми се засркнува често не па да сменам... ова мое мислење, ќе почекам за менување
Мојот си фати ред да пие по 90мл,а ако пие повеке мора да исповрати.Уште пие од цуцлите за 0+,наредните се со многу поголеми отвори пробавме на нук тече многу и почнува да плаче и пола млекото ке му се растече низ вратот.
Majki moze li dva ibuprofena vo den da ispijam imam strasni menstrualni bolki.Sabajle piev seva pak me boli stomakot I kicmata nemozam da stojam a dojam uste
Мамички пак јас со истиот проблем малово многу ми повраќа после секое цицање сега почна и да ждрига и пак ќе поврати. Значи цица, ја кревам одма ждригнува најчесто, ама или заедно со ждригањето повраќа или после некое време ќе поврати. А и кога ќе ждригне гледам да ја држам уште малку исправено колку што ми дозволува да не се буни и пак после ќе поврати. Се нервирам, беше бљуцкање, некогаш како голтка две, денеска неколку пати буквално повраќа ми се чини сѐ што цицала. Не знам што да правам, загрижена сум Педијатар ни рече на два саати, одвај издржува она плаче сака и некогаш и порано и давам. Не цица долго, 10 мин ама секогаш шмука гласно, влече голта што млеко што воздух претпоставувам. Многу често и ќе се закашла додека цица. Не знам дали се прецицува, дали нешто друго е проблемот. Постојано менуваме лигавчиња, а почнавме и облека, кој што прави ние се пресоблекуваме Почнав со чајче Бекутан пред неколку дена. Да не има тоа врска? И кога сме кај тоа, по колку чајче би требало да пие во едно деноноќие? И давам со шишенце.
нормал е мила се прејадува мене еве сега лом ме напраи ( 6+) и денови има се преслекувам и ја сто пати до неа ждрига и бљуцка изведува гледа тв па цица се прецицува лакомки се затоа така зошто мислиш дека плаче од глад секоаш не се они ипак на тајмер и оно си е мало кога и да го стајш ќе цица пробај држи а шеткај нешто занимавај одолговлечи го подојот дај покасно де прејадува затоа бљуцка најдобро се гледа по колку си напредува дека е убаво најадена и после ова си исфрла вишок и е се закашлува оти брза ко мојава трча се нацица мислиш ќе им ги земе некој радувај се си ручка убаво Бекутан 100 мл низ цела ден се пијат ама оно си е мало доволно давај му по 20/30 гр низ дента до кај 19.00 часот давај
Koga ke pocne da slapa, da golta vozduh t.e da ne disi pravilno ke ja krenes da zdrigne pa ke i dades da prodolzi da cica. Zatoa ti povrakja
По мое не е нормално толку многу да повраќа. Блуцкање ОК, ама да повраќа во млазови не е во ред. Може се работи за рефлукс, треба да се консултирате со педијатар. На почеток знам добро напредуваше, сега скоро ја меревте ли? Не е исклучок да се работи и за јак млаз на млеко, штом голта брзо и се закашлува. Еве ти линк прочитај и пробај некои од советите па ако нема подобрување одете на педијатар. http://superbeba.com/2015/02/06/jak-refleks-izlaska-mleka/ Инаку немој со сила да му зголемуваш растојание меѓу оброци. Доените деца треба да цицаат колку сакаат и кога сакаат, па макар тоа било и на пола час. Не секогаш значи дека е гладно, многу почесто бараат утеха на градата.