Бебевo нaвечер сaкa дa цицa нa секoј чaс, пa дежурaме. Зoштo не знaе дa ждригне не знaм, пa си имa мaкa сo стoмaчетo мoжнo ли е дa е тoлку глaднa? Рaцете ги пикa и ги шмукa a и цуцлaтa лaжaлкa јa влечи ли влечи
Нормално е дури фатите ред. И ние бевме такви. Седеше на града по саат и пол. Ќе заспие па пак. Цело време тоа прававме. Потоа се воспостави лактација и за 2,3 мин е готов сега Многу е тешко, ти доаѓа да полудиш. После ќе уживате
Мајки не сакам да ја направам истата грешка... значи исто ми надојде млеко како и прва бременост (тогаш страшно беше и мастит фатив), до 3ти ден ништо и одеднаш градите огромни, полни. Мислам дека е хиперлактација, зашто 4ти ден од раѓање ми е а јас тон млеко... и после доење немам никакво олеснување на градите и мислам уште две бебиња можам да надојам. Еве ме цел ден со 37.5 и ми даваат парацетамол да пијам. Сега од десна 100мл извадив и уште е камен, огромна. Ми викаат тука не молзи многу зашто бетер ке направам... а па ме болат гради и нз што е правилно... уште одма мастит да фатам па не бива... да одмолзувам или не?
Ќе одмолзуваш по малку кога ти се преполни за да ти олесни. Откако ќе се нацица бебуш ставај ладни облоги и листови од зелка.
Во систина така кажаа - топли облоги и да не се спие на страна. Со спиењето на страна се правеле грутките. Воедно да се намали внес на течности. @wannaBeMomma да не не сум слушала добро?
Ама таа пие парацетамол, има повисока Т и со ставање на топли крпи уште повеќе ќе ѝ се каче Т. Топли облози се стават кога нема висока т.
Топли облоги и топол туш е за да се отворат каналите. А во случајов на @mariz не е потребно тоа, бидејќи нејзе и надоаѓа млеко дури и премногу. Со измолзувањето се стимулира создавање на уште повеќе млеко. Бебето цица, ама многу малку му треба на почеток за да се најаде.
Ако си дома, складирање на измолзеното млеко А сега, ладни облоги, измолзување колку да се олесни и листови од зелка (влечат топлина). Ќе се стабилизира со време.
Јас еднаш ставив листови од зелка и многу почна да тече млеко и престанав. После пораѓај цела недела имав колострум а така го фрлав, се молзев на крпа. Не го складирав млекото и многу ми е криво.
Да и дохрана кога и даваа 30мл и беа доста... ми рекоа и течности намали, па нема да пијам многу и ке видиме... ладни облоги и зелки тек дома, тука имаат само топли, термофорчиња, ако не си одам и утре ке побарам зелка да донесат од дома. Освен можам у вц со ладна вода да ги ладам..
Можеш и таму некоја тетра пелена ако носиш да натопиш со ладна вода од чешма и да наредиш на гради. За молзењето не користи пумпа, само рачно ептен малку да намалиш притисок. Инаку, не знаев дека си породена, честито ќеркичка, да е жива и здрава и само радости да ви носи!!!