По правило треба од едната града на еден подој. Нека ја исцица едната, па дај му малку и од другата, и после на нареден подој почни со другата. Така бебето го користи максимумот, т.е и поразреденото млеко на почеток, и густото, мрсно млеко кое надоаѓа подоцна. Немој постојано да даваш да цица по малку од двете гради, оти така може да бара да цица на помало растојание и да не е убаво заситено затоа што го цица само поводестото млеко. Затоа, целосно нека исцица една града, ептен да омекне, па дај му од другата, да се освежи со поводестото млеко, ем притисокот ќе се намали. Ме разбра што сакам да ти кажам?
Да, знам дека е така правилно, ама она никогаш не ја исцицува градата до крај. Порано кога ја ставав на градата, цица 10 мин и сама се трга, па кога ја ставам на другата не фаќа. Ама и тогаш на саат и пол ми бараше да цица. Максимум до 2 часа кога спие преку ден. Едино ноќеска знае да сврзе сон 5,6 часа.
Добро, може се заситува побрзо, ама зависи и од детето, има некои и двете гради да му ги дадеш, малку му се. Продолжи така како што си правеше за да ти попушти притисокот, макар што наскоро веќе би требало да се воспостави понуда-побарувачка, иако нема правила, ќе менува цело време додека цица.
Нема чаре, ќе си паѓа и ќе си прекине само. Јас сум сега пострашна, паѓаше што паѓаше, па сега нова расте и од секаде штрчат и летаат бебешки влакна. Штом фатам реп како пајажина ми се знае околу него
Јас што све не пробав шампони капсули очелавев мислам на делови некои па и ми се уништи безживотна па и долга црна имам ламинат бел дома беше хаос низ дента дамо влакна собирање па на капење цели снопови ми почна од 3ти медец ова и еве за некоа ден 6 мес е мала доење се и намали многу опаѓањето а и зедов шампон Рецепт против опаѓање со просо кељ некои такви раб е и плус ова на пантене 3мин репаир почнав недела и пол ги користам и косава мека ко свила на чешлање нема така опаѓање ни општо .. Па пробајте си
Јас ептен ја скратив, и првиот и вториот пат. Од пола грб должина, до линијата на долната вилица (малку под уши би му дошло). Ама јас коса не жалам, кратам без проблем.
Мојава уште нема почнато да паѓа. Поминаа 3 месеци од породувањето. Ако почни да ми опаѓа нагло тешко мене пошто ми е предолга до под задник ми е и ептен ќе ми биде жал да ја кратам.
не мора да значи. јас сум од оние што во бременост дупло ми се згусти и без разлика на доење остана така. лепршава сум баш.
Се жалев во темава, барав совети, се утепав од читање статии и странски форуми. Вложив труд и енергија и после три месеци трпение и желба, токму пред да се откажам стигнав до целта. Сакав само да се пофалам почнавме само да цицаме, нема адаптирано, нема шишиња и пумпи. Се надевам вака ќе остане и ќе го дојам до колку сака!! Преубаво чувство, не местиш силиконска, само подаваш цице а устете на бебето како пиленце подотворено и мрда со главчето, бара да фати. Мајки сме сите, да не ме сфатите погрешно. И тие чиви дечиња пијат адаптирано сигурно поминале маки и не сметам дека се помалку мајки....туку ете јас имав млеко и не можев да се смирам како при млеко детето да не ми цица.... ако моето патешествие помогне некому, тука сум да помогнам
И мојава исто не паѓа, исто до под задник со то што ќе ја шишам јас до рамења, неможам веќе. Мислам дека имате недостаток на витамини или минерали чим паѓа, млекото си влече од нашите резерви за да е тамам квалитетно за бебушиве. @Igle баш ми е мило мајка, продолжете така
Мене во бременост ми беше многу убава косата не ми паѓаше ич ,а сега бебчето ми е 3+ незнаете колку ми паѓа цела куќа ми е со влакна ,среќа што имам густа коса многу иначе на волку паѓање мислам ќељава ќе станев до сега .Незнам јас се мислев да земам некој шампон алпецин Ц1 го фалат многу имам читано па се мислам дали да го земам ,ако имате некој совет кажувајте . @Igle секоја чест на упорноста продолжете си да си цицате ,многу ми е мило што успеа
Смее цвекло при доење? Малку сум слабокрвна и ставав во сокови сабајле и една пријателка ми рече не смеело... штетно било за бубрезите на бебето
Смее. Небулози околу храна и доење има колку сакаш. Ако приметиш дека има некој тип на храна што му смета на бебето тогаш ја изоставуваш. Во спротивно што би јаделе доилките? Од сѐ ќе треба да се откажат. Ова со бубрезите е апсолутно неточно. Храната ја внесуваш ти, не бебето.