да не ја мачат грчеви па да ти прават така.Имај на ум дека ако си ти нервозна и бебето тоа го осеќа преку тебе.
Па офка кенка чат пат, шутира со ноџињата... немам искуство со грчеви дека Тео скоро и да немаше. Он цицаше, какаше златно жолто... по едно 4-7 полни какани пелени имаше он, добро може дека и поголем. А она така колку испрљана прдната пелената со жолто зелени и тоа како топченца зрнца Немам посебна причина за нервоза, а вријам.. хормони ли лудуваат... дури и лице ми се нафрла апетит 0, со сила јадам...
А од тироидната да не ти се нервозиве? Знам те имам читано дека имаш проблеми со неа. Инаку, меки гради не секогаш значат дека немаш млеко. Мене никогаш не ми биле тврди, ниту ми течело млеко, па ја доев 18 месеци. Само смирено и се ќе биде добро
Само што ми текна на тоа и и пишав на пријателка... да не ми е превисока дозата. Зашто пред бременоста пиев само 25, а сега на крај веќе појачано 75х5 и 50х2... 4ти ден од пораѓај ми проверија 2 и нешто беше... ама пијам исто толкава доза... да земам да проверам утре, да не е превише па сега...
@mariz Мариз а да си правеш сok од јаболки дома во блендер? Можеш и друго да ставеш. Скоро секој ден пијам и имам многу млеко. Неќна ти кога праша за цвеклото ми текна дека причината што ми се преполни градите можеби е тоа што го пијам сокот, дека нели се препорачува сок од јаболки за повеќе млеко. Пробај и ти.
Пијам сабајле цеден од јаболки, морков, цвекло, круша, банана. А преку ден бистар од јаболко си пијам... Ме цицаше од лева во 6 до 6:30, сега пак кенкаше и бркаше раче.. цуце и дадов ке го голтне од шмукање мислам, па сега ја ставив на десната цица.. Утре ке испијам сама 25 доза еутиеокс и ке видам дали има разлика во напнатост и во млекото...
Истото ми се случи и мене 1 недела откако излегов од болница, баш и тука прашував. Сега сме полни 3 недели, градите ми се постојано меки и издишани, веќе не ми тече по маици, ниту ми тече другата града кога цица, ама сепак качуваме по 20 грама дневно. По сите читања, консултации и прашувања по лекари ми кажаа дека е нормално така да се намали млекото се додека не се воспостави кај мене добра лактација. Така да не се секирај и ти и продолжи да ја ставаш на града.
докажано е дека од стрес не се губи млеко ама каналите се стеснуваат и се намалува. целта ми е да ти кажам, не се нервирај за бетер да не сториш. капки од фенел имаш во Зегин земи и кога треба дај АД. не е страшно.
Многу е полесно кога ќе чуеш повеќе искуства @mariz Пробувај едно по едно да видиш што ќе упали, и обавезно спиј преку ден, пушти го Тео на другиот спрат барем еден саат да го почуваат, а ти легни му ја со бебето. А буткањето рачиња во уста ми мириса на грчеви, си бара утеха, поточно цицка Ќе се среди
@mariz Обрати се кај некоја советничка во српските / босанските групи. Мене лично најмногу ми помогна босанската советничка Лејла. Напиши dojenje je in на фб. Ние така успеавме некако. И земи моринга од веро џамбо.
во чај се става, доза пишува на кутивчето. да те предупредам, нема погадно. спреми и чаша сок од јаболко за после тоа ..гнасно е.
Јас во се го ставав. Важно е да е топло за да се раствори. На крај му најдов чаре. Во лажица маслиново масло ставав 3-4 капки фенел неколку пати на ден. Гадно е како узо.
Јас во бременост пиев еутерокс од 100, па 125. Два месеци после пораѓај бев на контрола и ми беше намалена 0.04 и ми ги намалија на 75. Многу ме гушеше, само плачев и се ме нервираше, дали од хормоните или тероидната не знам. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=348285428966650&id=232744970520697 иначе докторкава кажува за доењето, може да ве интересира
Денес па се искака за цела недела, до гуша и помирна е некако.. дали ја мачело мешето. Ке одиме да ја мерат после како и да е, она пак цица активно кога сака и колку сака, дреме по саат на цице.. @barby ке проверам утре обавезно...
Става по 20г дневно, др рече не е лошо.. да ја дојам на 2ч бар за да ми се прави убаво квалитетно млекце.. а не да цица кога сака. Да ја издржам и после да цица и од двете гради по 15мин... ке терам така и контрола за една недела