Се сложувам. Среќа почна пак да фаќа града..Почесто на десната.. Ќе пробам и јас како тебе, со левата. И на син ми во Ремедика му даваа да пие од калма
Мајки, дали има некој кој го дои малото на секој саат? Месец и пол е малата, ама ова незнам дали е нормално. Последниве 2 недели на секој саат плаче за цицање. Можно ли е да не се храни доволно? Качува до 200 гр неделно.
I na pola saat mi baral na pocetokot. Ne znaci deka e gladno, mu treba tvojata blizina, tvojata toplina, taka se cuvstvuva sigurno, mu se ublazuvaat grcevite...
Кога бев на предавањето за доење сестрата рече дека доколку бебето едната града не ја сака баш да се мести обратно значи со стомачето и нозете под раката на мајката а не на стомакот. Така се правел трик да мисли дела цица од омилената
Во право си... Успева 100%. Јас и со поголемото и сега со беблаков така се доиме. На левата града цица "нормално" со стомачето на стомак кај мене а на десната града само малку го поместувам да му дојдат ножињата и мешето под мојата десна рака. Кога цицаше првото нормално и на десната града ми направи страшни рагади. Едвај со мака и болка успеав да ја заздравам градата и на еден српски сајт ја видов положбата и ја пробав. Второво пд пусти страв не го ни оставив така, од старт цица поинаку на деснава
Здраво мајки ми треба мислење и совет од вас по искусните. Значи вака, бебето ми е 6 недели старо, прво бебе ми е и како сите и јас сум загрижена околу прехраната на бебео. Го дојам исклучиво, родено е 3950 отпустна тежина од болница 3760, моментална тежина 5500 , е сега за еден месец ми качи 1440, о последните две недели мака мачам и млекото, денеска бевме на педијатас и за две недели ( од последното мерење ) ми качил 350грама, што мене ми е малку, а таму сестрата ми вели дека е во ред дека има повеќе од што треба. Шо да правам , не плаче хистерично за млеко, ми спие навечер по 4 часа и потоа се буди, цица навечер колку да се каже дека цицал.. незнам дали да му давам дохрана, неможам да бидам паметна, советиии ?? Фала многу
Не бе мaјкa зoштo дoхрaнa? Бебенцетo супер си е. Не знaчи декa aкo некoгaш кaчилo тoлку декa тoлку мoрa секoгaш дa кaчувa. Не се oптoвaрувaј сo брoјки, гледaј гo бебетo. Акo е зaдoвoлнo и пoлни пелени се е вo ред.
И повеќе од супер сте, нема зошто да даваш дохрана. Може ти се чини дека млекото ти се намалило, ама не е така, само се има воспоставено лактација. Сега има и скок во развој на 6 недели кој може да продолжи се до 9та недела, може ќе е нервозно, ќе одбива града, ама само смирено, период е и ќе помине.
Зошто дохрана мила душо?? Па супер е белакот, машала крупно бебенце.. Зс почеток имате одличен ритам на доење.. Навечер по 4 часа сон за 6недели бебе е супер... Поголем ќе биде, дури и побрзо ќе цица.. Како што ти пишаа и погоре, штом си полни пелени немаш гајле.. Само дој ди го и не се оптоварувај со бројки... Првото дете бо првиот месец качи 1500..второто 1700..како растат ќе се намалува таа бројка.. Таман работа секој месец по толку да качуваат гушкај и гали бебе супер сте.
Моево на предминатиот преглед за 2 недели качи околу 200 и нешто гр, а на минатиот 400 гр исто за 2 недели. Докторката кажа нема секоја недела исто да напредува, некогаш помалку некогаш повеќе ќе качува. Се роди 2600 а на 2 дена пред полни 2месеци беше 4200 и докторката кажа супер напредува. Така да воопшто не се секирај, детето ти напредува супер.
@mariz искрено незнам што да те советувам. Бебе кога имаше месец у пол почна секое попладне да плаче го ставам на града ќе потегли а не голта и уште повеќе плаче,мислев дека се грчеви на контрола одиме го мерат ослабнало 100 гр. Не ми беше јасно како може навечер и преку ден да цица и спие без провлем а дојде 17 часот не сака да цица и само плаче. Веднаш добив совет да додам АД се двоумев но дадов да пробам дури и се чудев од количината што ја пиеше си велев зар од мене ништо не цица. Така да најдобро ти си знаеш по бебе и што ќе си слушаш педијатер,јас само лаички зборувам.
Мајки едно прашање, малото е 9 дена и сме на доење. Имам рагади на двете дојки и после подој раничките се со некаква бела лигава материја кога ја чистам се гледа дека излегува од пукнатините и боли. Што е ова чудо?
За прашањетп нркоја искусна ќе ти одгпвори, ама тие рагади мора да зараснат. Купи силиконски додека заздрават и после секој подој мачкај ги со мајчино и ланолин
Да не е кандида? Имаш внатрешна остра болка? Провери го устето на бебето да не е бело. На брадавиците ставај маст ланолин или една има убава на фризидерм. И зелка обавезно. И трпение, боли многу, но ќе помине. И, да, шетај гола по дома
Јас уште се плашам после бањање крпа да ставам сега, не па тогаш маица да облечев И да ги мачкав се плашев да ги фатам, едната на пола беше пукната. Трауми останаа