незнам дали веке си земала ама мој предлог ти е електрична.За 10-15 минути ке измозиш се од градите.инаку јас пробав и рачно со рака но не успевав.
Драги мои, ве молам ако имате искуство споделете. Доколку сте имале проблем со болки во гради при доење кога и дали престанале? (користам креми, пробав и силиконски гради ама ништо не помага).
здраво мамички, породена сум пед 2 дена и освен колострум неемам траги од млеко. дали има некој начин да се забрза тој процес и дали некоја од вас имала таков случај .
И многууу одмор,првите денови е најбитен одморот.Користи го секој можен момент со бебето да си прилегнуваш. Не се нервирај ќе си добиеш млеко , ајде со среќа
Плус тоа пиј мнооогу течности, земи го чајот за доилки од билна аптека и пиј од него секој ден многу помага и за грчеви на бебето
Мене страв ми е дека нема да имам млеко. Имам уште две недели до пораѓај и градите освен што ми се зголемени немаат никакви знаци дека сум бремена. Се мислам да го земам чајот за доилки што го зборувате од билна аптека. Или да не се брзам? Има ли некакви знаци, сигнали дека млеко доаѓа или рано ми е уште?
и јас немав многу млеко сосем малку недоволно, ама ова од кога се породив и тоа после неколку часа, имаш време. сега го зедов чајот од ХИПП, ама и + сме на дохрана.
Рано е , почекај да се породиш , и бебето колку повеќе цица толку повеќе ново млеко ќе се прави само упорна да бидеш и никако да почнувате одма со дохрана , ако стварно има потреба ако бебето не напредува ако мајката нема ни капка млеко и секакп додека не каже педијатарот дека е потребно и др млеко нема поубаво од м.млеко
Спојлер Не знам дали прашањево ми е за овде ама не ми текна на др место каде можам да прашам. Ако мислите дека има соодветна тема кажете. Сабајле приметив градите како да ми вриеа. На добир брадавицата и делот околу беа жешки. Нормално ли е ова? Иначе јас сум пред пораѓај ама баш пред. Можно е и утре да биде
Мене до 9ти месец градите ми беа исто како да не сум бремена. Откако се породив после 3-4 дена леле мори мајко балони! А за млекото не се секирај... ќе ти течат реки и реки млеко ќе легнуваш и стануваш целата водена... Него да си прашам за мене....... млеко имам немам...... пошо не и давам да цица бидејќи ми ја скина едната брадавица само се измолзувам.. значи дневно околу 20мл млеко мое имам.. прашањето ми е што да направам и тоа млеко да го снема едноставно? Бидејќи ова молзењево преку глава ми е дојдено веќе. Детето ми е на адаптирано а не на мајчино веќе почнавме со кашички и сокчиња и сакам да престанам веќе да се молзам... совет?
I jas nesto da si prasam.Eve veke 8 meseci ja dojam malava, pominavme mnogu padovi i podemi,problemcinja,ragadi itn. Ona sto me zagrizuva e sto vo posledno vreme ne osekam koga mi nadoaga mlekoto...porano osekav kako struja da mi minuva niz gradite,sega nisto ne osekam.Gradite mi se meki i let down refleksot e mnogu baven.Bebuska se unervozi dodeka da se otpusti mlekoto. Ima nekoj so slicna situacija?!
во билна аптека ке си побараш чај за доилки, по ефикасен е оној што има пет врсти на чаеви мајчина душица, босилек, грчко семе, анасон, ким и е 350 денари
Јас прво го земав тој на Хип, го има во Зегин 230 мкд.Многу бев задоволна од него, ми дојде млеко за 1 ден а плус и лесно се припрема, вкусен е и се пијат само две чаши дневно. Е сеа се префлрив на тој од Билна аптека бидејки ми рекоа помагал да се смират грчевите кај бебинјата ама од него се пие 1 литро дневно, насабајле се припрема, се цеди, и има класичен вкус на чај од тревки и помалку ми надоага млеко за разлика од Хип-овиот.. Така да ако не ми помогне за грчевите кај бебчо ке се вратам на Хип. Инаку цената на овој од билна е 350 мкд и ти даваат 5 кесички чај и ги мешаш дома.
На сестра ми и препишаа Бромергон апчиња и за еден месец постепено без никакви тегови и го снема млекото. Беше ист случај како тебе и тоа мислам дека матичната и ги препиша, не одеше кај специјалисти. Консултирај се, веројатно има начини. Да прашам за тој чајот за доилки навремено за да си го купам. Не е проблем за финансиите, но сепак за колку време го користите? Се уште се немам породено ама уплав имам од доењето.
Да и мене ми ги кажа истите матичниот и ми рече дека нема да ми ги даде додека не прекинело само млекото... демек убаво било за детето а јас маки мачам. Прашувам по природен пат некако да не има некој марифет да се прекине.. Јас пиев чај за доилки од хипп. Се пие два пати дневно не се додава шеќер ниту мед. Не сум сигурна ама да не пишуваше во 200мл вода 4 лажички. Доењето е..... не знам како да ти кажам сите имаат различно искуство со доењето. Јас знам дека за второ дете здравје Боже нема да го дојам... јас сум породена царски и секоа повлекување на бебето од градата како некој со нож да ме сечеше низ стомакот осеќав. Доењето бара посветеност и жрвтување според мене... секој оброк и секое будење на бебето ти мора да го ставаш на града да цица... постојано преку цел ден се додека цица. Моето бебе беше и е лакомо и никогаш моето млеко не му стигнуваше. Педијатарот што ми беше матичен на почетокот ми викаше не може да не и стигнува млекото мора да и стигнува постојано ставај ја на града.. се додека од лакомост и тргање не ми ја стига брадавката... кога почнав да се молзам видов дека сум имала само 60мл млеко од двете гради заедно а бебето ми пиеше 90мл адаптирано само... баталив и доење и се.. не вреди едноставно. Од 4 месеци три и пол месеци бебето ми какаше зелено.. госпоѓата педијатар ми викаше болно ти е бебето настинато ти е.. а не беше.. на крај кога ја сменав господинот што ми е сега матичен ми вика ГОСПОЃО БЕБЕТО ТИ Е ГЛАДНОООО!!! Се дешаваше во 3 недели да не крени ниту 100гр на килажа заради тоа посрано доење... Јас сум против доење и не можам да ги разберам тие мајки кои до 2-3 години ги дојат децата.. во ред сето тоа дека е најубаво за бебето ама не знам... многу мајки што ги познавам а родиле сега брзо плачат за спиење и се каат што почнале со доење исто како мене.. Мене на болница ( се породив во приватна болница ) после два дена од пороѓајот ме прашаа ќе го доеш или не? Ако не го доеш ќе ти ставиме инекција и нема никогаш да ти дојде млекото.. а јас будала ќе го дојам... чим такво прашање прашуваат на болница значи доењето веќе не е задолжително туку право на избор на мајката. А да не зборувам за грчевите кои ги има бебето од мајчиното млеко. Моето беше 7 дена на адаптирано додека ми дојде млекото и немаше никаков проблем.. кога почна да цица од мене почна и плачењето и грчевите и неспиените ноќи... Ова е мое мислење.. ти како сакаш прави со доењето.