Мене не ми се пукнати. Ланолинче мачкам подолг период - ги правел еластични, па со време си фатив ред
И мојво да го оставам 24 ќе виси ама ми рекоа да гледам да се најадува, а не на цице да стои. Ефективно цицање било 15-20мин и за толку треба да се најаде. Ноќеска на 2 пати за 15 мин заврши работа. во денот цицаме и подолго, ама гледам да не е успиена.
15-20 минути за веќе "уходано" бебе во цицање, со сила да влечи, а за толку малечко и цел ден да си седи на цице треба. После ќе си се научи и за 10 минути да заврши работа. И мене ми велеа 15 минути да ја оставам, се повеќе не било цицање, ама јас не ја тргав, нека си дреми, скин ту скинГледај само колку голта и скокоткај на брадата. Нека си седи на цице, секоја голтка е злато. А навечер секогаш е по книга цицањето и млеко најмногу има тогаш...
И мене ми рекоа ама многу е мало 2570 од болница излеговме, уште нема сила за толку кратко да се нацица
Сега во првите денови буквално нека виси на цице. Верувај за кратко ќе пркне и ќе зајакне, па ќе си цица пократко и нормално. Само буди го кога ќе се успие подолго на цицка, мада тоа е сега, спиј, цицај исто па исто
Мајки може ли да се дои ако имаш температура? И кажете ми која храна ја избегнувате во првите месеци ?
Кафе, чоколадо и газирани пијалоци. За се друго ќе следиш дали има реакција од бебе на некоја храна која ја земаш.
Сум слушала се што е зелено да не се јаде.Конкретно мислев дали може да штети марула,краставица ,брокула.
Зелена храна, цитрусни овошја, газирано, печурки, млеко, грав,грашок,зелка, маслинки ма речиси се... Благо јадев и кафе и немаше проблем. Грашок еднаш се зезнав и катастрофа... Јас лично внимавав многу првите 3мес , потоа почнав пополека да внесувам ама пак со резерва. Овошје јадев јаболче,круша,банана, ананас.
И кога имаш температура и ако си болна си доиш најнормално. Јас би ти рекла да си јадеш се умерено, но ако приметиш од одредена храна да има повеќе грчеви, тогаш ќе ја изоставиш. Од грчевите нема бегање, секое бебе ги има. Првите месеци не јадев единствено грав но среќа помнавме лесно со грчеви.
Мамички за 3 дена ќе наполниме месец и сме на доење. Меѓутоа многу мрзливо цицавме и поради жолтица заспивавме цело време на цицка па почнав да се одмолзувам со електрична пумпа и да му давам. Ме интересира количински колку му е доволно на 1 месечно бебе?
Мамички кои поминале царски рез после колку време ви дојде млеко...јас втое ден сум денес од царски,фак да цице ама едвај колострумче...плаче од шо е гладна
На трет ден ми дојде ама малку после пиев лактил таблети и лактамикс чај и до денес супер сум со млеко
Вториот ден ептен малку, некоја капка само. Третиот ден ми дојде повеке. Зошто да плаче од глад, зар не го дохрануваат во болницата.
ми ја зедоа сега пеку вечерта зашто ми е позната сестрата, па кажа ке индаде да не биде гладна...ама еве дали од шо повеке време цицаше едната брадавица ми е раскрварена малко, зедов некоја маст сенсилс...