Може не ја ставаш правилно на града затоа те раскрвавува. Замоли некоја сестра да ти покаже еднаш. Во која болница си?
Ако немаш одма млеко обавезно ад не смее да се пстави детето да биде гладно. Нормално ќе е мирна се најала. Тоа требало и вчера да го направат.
Без грижи. Мoетo е 7 недели и јa дoхрaнувaм сo aд и сеуште гo сaкa мoетo млекo и цицa кoгa ќе јa стaвaм нa цице. И твoетo ќе цицa ќе видиш, биди упoрнa сaмo.
Најголема дилема ми е дали бебе е нацицано. Прво седеше на цице со саати, па зошто толку седи кога ми рекоа треба да се нацица за 20тина мин. Денес цицнува и спие 2 пати по 2ч и кусур. Па си викам малку цицаше. Едвај чекам да ја соблечам да видам пелената. Опседната сум со мочки и боја на како Од вчера исфрламе ад бидејќи ми рече докторката според напредокот имам доволно мое млеко и сега се мислам бебе не јаде доволно. Ама па гладно не се спие?!
Вчера си дојдовме дома и од вчера почна повеке млеко да ми доага...Денес последномја доев кај 15и30 и сега бидејки спие, кај 19 и30 се измолзив со пумпа да видам колку ке извадам и ви пракам слика за мислњње...се молзев по 15 мин града...инаку повеке време околу саат ја држам на градите да цица и од двете и потоа си заспива...а проблемот со регади уште ме мачи....незнам дали воопшто помага маста сенсилс...
Чим полни пелени, спие, не плаче ( плачот за глад е сосема поразличен од плачот од грчеви и сл. ) значи е нацицано. Не секое бебе цица по 20мин. Ако има убаво развиен рефлукс на " цук " ( назив на влечење ) може и за неполни 10мин да се нацица. Мојот никад еве 8+ е и не цицал повеќе од 10-15мин. Ќе слушаш дали подголтува/голта и по тоа ќе процениш дека влече од 1ден Цук повеќе за разлика од некој бебиња кој од 2 цука голтаат количина како бебе со 1ден цук. Во секоја приватна болница секаде низ странство од прв ден им се дава лажливка ( оние пацифери силиконски ги има во Капитол аптеката ) и со самото тоа го развиваат рефлуксот на цукот. Незначи дека ќе се навикне на цуцла или дека нема да сака да цица. Заблуда е. Ако бебе е гладно пљука цуцла и бара да цица. Мојот некаде околу 3+ несакаше веќе цуцла и ја пљукаше, се гадеше кога ќе му ја ставев. И дур користеше цуцла од 1виот ден со самото тоа го разви и цукот. Кога ќе беше гладен ја пљукаше и бараше да цица. Напредувапе и над просек. На 3мес точно дуплираше тежина беше скоро 7кг, што значи самата цуцла не направи да нејќе да цица и сл. како што некој мајќи се жалат. Колку што бебе може да исцица толку неможе да се одмолзи. Океј има доилки кој од молзење и по 200мл вадат, но има и кој ни 50мл не вадат. Не е тоа мерило. Неколку пати имам пробано да се одмолзам и ни повеќе од 30-40мл не излегло, а бебе напредуваше над просек по 1-1,800гр од месец. Имаш млеко и уживај не се оптеретувај со колку си одмолзела и дали имаш млеко доволно. Ако бебе напредува супер немаш место на грижа.
Она убаво влече - ја слушам јас. Ама претходно дека подолго седеше на цице, па сега чудна ми е. Јасно ми е и дека нагонот за јадење е поголем од нагонот за спиење, ама ете мир да се нема. Ја чекам сега да стане да видам пелената @delvi купи си чист ланонил. Мислам на сенсилс не е. Обавезно мачкај по секој подој и пред молзење. Мене ме болат градите по молзење и го избегавам. После и цицањето на бебе ми е болно (дур фати), а мака не сум имала пред да почнам да се молзам. Почна бепка да мрда како за будење. Ојдох.
Sepak davase ad? Ne odese po sovetitr na stanka? Daj kazi poopsirno zaso mnogu mi e konfuzno so ova davanje i nedavanje ad
. Давав по 60-120мл на ден. Ми рекоа на првата контрола дека треба. На втората бев кај Станка и ми кажа не треба. Бебе имаше качено скорк 300 гр за една недела и она мисли дека ад е непотребно во оваа ситуација, посебно таа мала количина што ја давав. Кажа ништо не губиме, исфрли па за една недела секако ќе се мериме пак. Лесно е да се врати ад, ама работата е да се дои. Пс. Ми рекоа на прва контрола да давам редовно, јас сама кратев за да цица повеќе.
Стварно нема потреба да се замараш со времето колку цица. Синко скоро до два месеци цицаше само по 10 минути, а не повеќе од 15 минути и во тој период напредуваше супер. Следи си ги пелените. Плус сега на почеток и почесто ќе се мерите па ќе следите ситуација. Јас имаше периоди кога едвај по 20 милилитри измолзував, а синко напредуваше одлично. Па дури и сега ми се случува да измолзам малку (ако сум пиела помалку течности или синко почесто цицал). Молзењето стварно не е репер колку млеко имаш. Обавезно пиј многу течности (вода, јогурт, сок од јаболко, чај за лактација) и бебе што почесто ставај го на града за да цица и стимулира да надојде млекце. И не се нервирај, зошто и од стрес може да ти се намалува. Уште една работа што ретко кој јс знае. Инката од пумпата треба да е соодветна на градата. Јас ја имав стандардната на медела, ама имам мали пупки и ареоли и тешко ми одеше. Сега си купив соодветна помала и многу полесно оди измолзувањето.
Aко сакаш повеќе да извадиш млеко во молзење онда додека влече пумпата масирај и стискај ко да се молзеш.
Најубаво ке видиш по пелените и по качувањето на тежина, јас тоа со спиењето би го земала со резерва, мојов првите два дена спиеше по пет часа, а јас ни на крај памет да го будам не ми падна , се водев по тоа ако е гладен ке стане, потоа добра лекција си добив од Симонида ептен ме искара и ми рече да го будам .