Majki nikogas nemojte da se vodite po toa izmolzuvanje Ne moze da se izmolzi kolku sto bebe cica I drugo ako za vagata e dovolno mozebi za bebeto ne e Moeto napreduva superb I so cice ama dobiva ednas ad deka e gladno I toa 140ml najmalku
@kukla21 и мене ми е вечна дилема дали бејби доволно цица И јас се тешам со она, ако е гладно нема да спие Ама најголемо олеснување е кога кујнската вага се наголемува јеп го мерам на кујнска вага и го редам бејби во лазањера
Јас имам читано дека гладно бебе спие. Кога е гладно има намалена количина на шеќер во организмот и тоа го терало на спиење. И некако ми има логика со оглед на тоа дека шеќерот нѐ прави поенергични и активни.
@kukla21 јaс пoрaди тaa дилемa мислaм јa прејaдувaм. Тaa си цицa и јaс бидејќи мислaм немaм млекo и дoдaвaм aд. Ќе дoдaдaм 60 мл се убивa oд пoврaќaње aкo дoдaдaм 30 мирнa е си спие и не пoврaќa aмa не знaм.. Ќе видиме нa кoнтрoлa нa двa месеци. Не знaм штo дa мислaм a и мене вечнa дилемa ми е дaли е нaјaденa oффф @emkaemka јaс јa мерaм вo плех истo нa кујнскa вaгa
Антонио Христовски. @forumce според она што читав гладно бебе не спие. Нагонот им бил таков. Ќе ја почнам и јас кујнската вага од утре
Делви, супер количина е ова за почеток, а рачунај дека кога цица може исцицува и дупло певеќе од ова. Толку им е желудничето на таа возраст, со големина на орев, од малку се заситуваат. Наредно следува хиперпродукција на млеко, кога ќе почнат градите да ти се преполнуваат и да течат сами, па дури потоа ќе се воспостави правилна лактација. Те читав за спиењето, според мене треба да ја будиш за цицање кога ќе се успие повеќе од 3 часа. Барем додека да наполни 2 недели и да почне убаво да влече и да напредува. На контрола можеш да ја однесеш 1 недела по исписот за да видат дали напредува. Јас лично бебуш го однесов првпат на 1 месец, бидејќи имаше многу вируси и настинки тој период па ми беше страв да не се разболи.
@Ano а како знаеш која е вистинска димензија на инката? Мене на едната ми е тамам и убаво се молзам, а на другата слабо. А таа е баш пополна и поголема.
Најдов на интернет има димензии. Плус и си забележував дека освен ако не ја наместам на одредена позиција, не ме измолзуваше, а реално треба на средина убаво да се намести. Ја земав помалата и сега е друга приказна.
Незнам дали некој има на лагер. Јас прашував во еурофарм ,ама они не знаеа дали може да ми нарачаат. Ми посочија да се јавам во претставништвото на медела да прашам. Во меѓувреме бев во Бугарија и во дуќан за детска опрема си ја купив од рафт.
Може многу работи да се - заситено, жолтица, адаптација.. обично будењето се препорачува на почеток и кога бебе не напредува. По 2ра недела ако е се ок, бебе не мора да се буди.
Да затоа што побрзо и повеќе се нацицува и подолго го држе. На почеток додека се адаптира цел ден може да виси на града.
Јас пишав погоре дека моево беше таков случај, првите два дена кога си дојдовме дома спиеше по 5 часа и више и тоа јас го будев после да јаде, педијатарот ме искара зашто не сум го ранела на 3 часа. Не може бебе од 4-5 дена старост да не беше гладно 5 и кусур часа.
Точно. Пишав и погоре на почеток немат толку сила за цицање, бргу се заморуваат, некои па и не знаат да цицат т.е. не можат убаво да фатат. Ќе цицне малку и ќе спие цела ноќ. Не е возможно да не е гладно. А и некако повеќе логика ми има тоа со шеќерот, отколку гладно бебе не спие.
Мојата керкичка кога се роди беше ептен мала 2200 пошто предвреме родена 35+2 и цицаше на секој сат не ја будев . Цицаше 5 мин и повторно спиеше . Никој пат не е цицала повеке од 5 минути еве 5+ сме веке. Првите 40 дена качи 1800. Значи мајката ако има млеко бебето и за 5 мин ке се нацица . Ад дадов само првите 4 дена додека да ми дојде млекото и толку. И до денес дење таа цица кажи речи на секој сат саат ипол а навечер и по 4 часа сврзува веке и се уште сме само на доење.
Мами, имам температура 38,2. Бебе е 2 месеци за некој ден, да му давам ли да цица, да носам ли маска...? Искуства ваши ве молам
Дои го слободно, ако имаш други симптоми како растечен нос или болно грло стави и маска, инаку нема потреба, заштитено е бебе.
Гладно бебе не значи дека ќе се разбуди. Некогаш сонот е метод за штедење енергија. Не ми е целта да ве паничам, но имајте доза на претпазливост во првите денови. Спиењето и небудењето може да се резултат и на жолтица. Значи сè зависи од напредокот. Водете се по него. Ако бебето напредува добро - значи сè што правите е добро, без разлика дали бебето цица на 1 час или на 3, дали преспива подолго, или не, дали цица 3 минути или 20 минути или пак од градата не се двои. Тешко е, знам. Особено кога ќе се влезе во фазата со грчеви. И кога не знаете на што да го адресирате плачот. Ама само вагата е репер. Имајте го тоа на ум.