Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.155
    Допаѓања:
    124.525
    Уф, таа недела кога бебо беше гладен не спиеше :(
    Тоа беше периодот кога бебе напредна 250 гр за 4,5 дена чинам, беше на доење и ад 3 пати по 60 мл. ( обично толку испиваше,до 75 макс). Педијатарот не искара дека сме го прејале ( Лидија Спасова од ремедика:envy:), ни исфрли ад скроз ни рече напреднал од твоето млеко не од ад, само на доење отсега , детево има јак цук
    .
    И ја будала, никат нема да си опростам. Требаше постепено да ни исфрла ад. И бебе си плаче ние да не го "прејадеме" чекаме на 2-3 саати да цица. Ко за беља тогаш почнаа и грчевите и си мислевме тоа е. Звониме на педијатар ај дајте му вика ако не по 45 мл да пие ад навечер:( Бебе пиеше, си викаме лакомо е :x 45 мл па и ништо не значат. Навечер не сврзуваше ни саат, плачеше и лижеше се околу него па и креветчето :( Леле срце ме боли дури пишувам :( Тогаш напредна 30 гр за една недела.
    Среќа Живковиќ од ремедика не оправи и сега сме само на доење. Пак даде ад, ама исфрлавме постепено и нонстоп мерење. Сега сме само на доење:) И таа ми советуваше до 2,3 месеца повеќе од 3 да не го оставам гладен -навечер да го будам за јадење.

    Многу ми е криво што го послушав маж ми и не купив дома вага, иако знаев дека ќе сум опседната со мерење. Во ремедика немаше да се акаме на 2,3 дена.
     
    На pile30, mal.ecka, Kaetana и 7 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Слично ко кај нас. Со таа разлика што ни кажа полека да намалуваме ад да не ни дојде многу стресно, на бебе и нас.
    Да можеше бебе да каже кога и колку е гладно :)
     
    На Kaetana, Melinda85 и eli25 им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    На крајот пиеше ад после секое цицање? па го исфрлавте едно по едно или намалувавте во милилитража?
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.155
    Допаѓања:
    124.525
    кај нас успеа со кратење на по еден оброк, па мерење па пак кратење оброк. ( јас признавам по подој правев ад ама нејќеше да го пие, сигурно не бил гладен, оти стравот ми влезе во коски :() .
    и имав пишано порака на една советничка на фб, од оние групите.
    Таа ми советуваше кратење на милилитри, по 15 мл од секој оброк.
    Ова ми се виде долг процес. Приказната беше успешна на првиот начин.
     
    На Kaetana, Ano, wannaBeMomma и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Доењето е слободно доење.
    Значи...кога сака, колку сака и каде сака....тоа е правилно доење.
    Па макар и 3 пати да повлече ќе е сито.
    Нај ама нај нај погрешно е доењето по саат/час. Најголема грешка за доилка.
    Мајчиното млеко е побрзо сварливо за разлика од вештачкиот прашок кој несмее пред 3ч да се даде зашто може да направи проблем.
    Мајчиното млеко е брзо сварливо, па ако бебе има и брз метаболизам може да го свари и за 1-1ипол час и да бара пак да цица. Затоа се вика и Слободно доење.
    Кога плаче опппп подајте града бека цица па макар и 3 пати да повлече ќе биде ем сито, ем заштитено ќе се осеќа и ќе има топлина. Бебињата највеќе се смируваат кога се на града.
    Па сигурно до 4ти месец мислам 24/7 на цицка ми беше. Никогаш немал проблем со грчеви и никогаш не плачел ( не правам филм туку навистина никогаш не плачел ) кенкал да како и секое бебе.
    Чим гледате е вознемирено бебе, кенка, не спие ... одма на цицка ставајте, ќе се смири и ќе сте ем вие смирени ем бебе сито и среќно.
    Бебе и кога е гладно може да спие, а има и бебиња кој не спијат кога се гладни. Све зависи од бебето, не секое бебе е исто по книга. Ова важи за првите недели па и до 2-3 мес.
    Најлош период е " скокот во развој "околу 2ипол-3 мес кој трае цел месец отприлика. Тогаш оние доилки кој не се запознаени со скокот посегнуваат по Ад и се сомневаат во своето мајчино млеко,па некој и тој период веќе и прекинуваат со доење. Т.е. снемуваат мајчино зашто вовеле Ад.
    Со секое цицање млеко надоаѓа, колку повеќе бебе цица толку млеко надоаѓа според потребите на бебе. Колку е побарувачката толку е и потрошувачката. Кога место подој се дава АД со самото тоа се прескакаат подои и млекото намалува и доаѓа до прекин на млекото. Зашто се добива сигнал до мозокот кој ја регулира хипофизата ( главното село на хормоните ) и се добива сигнал дека нема побарувачка и на тој начин млекото не се лачи доволно. Затоа е тој скок најкритичен. Бебе е кенкаво, плаче, се витка, нејќе да цица, фати пушти прави на цицка, се витка како кифла дур е на цицка итн. Самото доење тој период е страшно за мајката психички. И нормално мисли дека е бебе гладно, дека нема млеко итн и опппп некој паметен околу ќе каже гладно е дај Ад и тогаш настанува тој проблем.
    Цел 1 мес доев шетајќи низ стан, под аспиратор, во вц со пуштен туш ( апликацијата на моб веќе не делуваше на синко ) со погласна музика и секако буквално доев уште на плафонерка да се закачев (facepalm) ама АД не дадов ни 10мл и терав све у пм кога ќе се праеше паметен со коментари. Бебе напредуваше над просек и немав простор на паника и ем веќе бев начитана и спремна за скокот.
    Не постои квалитетно и неквалитетно млеко, слабо или неслабо....или се има млеко или се нема...друго не постои.
    Има многу научни истражувања, студии и линкови на кој може да се прочита и научи све за доењето и мајчиното млеко.
    Друго да напоменам....менструацијата не влијае на количината на млеко да знаете и да не слупате глупости од страна. Од 3ти месец сум со менструација и еве ме сеуште дојам успешно и среќно и планирам да дојам дур сака синко.
    Пред менструација и за време на менструација може само да се потстеснат млечните канали и млркото малку потешко да тече. Значи потешко во смисла на зборот да не е како од чешма :D и вкусот малку се мења на покиселко/солено. Но,не секое бебе реагира на тој период. Еве мојов никад не ми бил поразличен во цицање за време на добиено. Секад е истиот.
    Полни пелени се најдобар показател, но не баш слепо и за тоа да се држи мајката. Најдобар показател е вагата. Па може и на дигитална домашна вака...заедно со бебе во раце,па после сама мама се мери и оппп ете доаѓа со минусирање до килажата на бебе.
    Највеќе ми помогнаа видеата на јутуб од искуства и совети на мајќи со долг стаж на доење и мајќи кој дојат и донираат млеко. Глејте ги на јутуб многу се.
    Во врска со исхраната....од 1виот ден јадев све,буквално све и љуто, благо, кисело, цитруси,грав, зелка итн. Никогаш немаше синко појавено реакција од исхраната моја. Само на тој начин му овозможив полесно да се навикне на воведувањето намирници откако започна со дохрана, веќе минимално преку млекото имаше вкусено нешто :). Но, ова не важи за деца кој имаат во фамилија алергии и бебиња со атопичен дерматит ( зашто се склони кон алергии ).
    И немојте да се срамите да доите и во јавност ( нормално да е пристојно не со цицки на мегдан ). Пред све најбитно е бебе да е сито и среќно, а не што ќе кажат минувачите.
    Неможам да ви објаснам колку убава слика за очи беше летово...во паркчето со езерцата во Аеродром ( кај црквата св.Никола ) верувам дел од вас го знаете местото....околу 4-5 доилки бевме секојдневно на едни од клупите. Па дури и мајќи кој во моментот поминуваа со колички кога ќе не видеа застануваа за и своите да си ги надојат. Никогаш никој од минувачите не искоментира нит не гледале попреку. Али глетката на доилки раптркани по клупи со бебиња на гради беше величенствена :inlove:.
    Кога синко сакал да цица секад сум му давала ( нормално пристојно ) буквално сегдееееее освен во ВЦ :puke: зашто ни ја не јадам во ВЦ :envy:.
    Ви посакувам на сите успешен и долг стаж на доење и за крај уште еден совет : Церувајте во своето млеко,никогаш немојте да се сомневате во него, не ги слушајте оние бабини деветини, не потклекнувајте на коментарите негативни за вапето млеко и за бебе дека ви плаче демек е гладно и дајте Ад итн.
    Се извинувам на долгиов пост,ме понесе љубовта кон доењето :inlove: и ваков пост ќе ми беше од корист и на мене кога го запознавав доењето.
     
    На mmaleficentt, Girl-Rabbit, pile30 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    117.922
    Пол:
    Женски
    Мене пa ми немa лoгикa бебе дa спие кoгa е глaднo. Еве и дa спие... Дo кoгa би спиелo тaкa глaднo? Збoрувaм зa бебе кoе е oк кoе немa жoлтицa и дoбрo нaпредувa. Немa шaнси.:shake:
     
    На kukla21, joy1 и Sanja1105 им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    35.307
    Пол:
    Женски
    Ако се е во ред со лактацијата тогаш ставање на цицка 24/7 е во ред. Јас немав доволно млеко и за една недела колку што се амбицирав да го ставам постојано на цицка кога плаче се уморивме и јас и бебето и што е најбитно за недела дена напредна ич. За малку ќе го дехидрирав. Сеуште не можам да си простам што си ги направив и мојот и животот на бебето пекол таа недела дена слушајќи совети како твојот.
    Не сме сите исти и не секоја жена е супер со лактација.
    Останав цело време да го дојам бебето со дохрана од АД два пати дневно се додека сакаше да цица/пие млеко.

    Така што вагата е најдобра показател за напредок на бебето и дали има потреба од дохрана или не.
     
    На ma4e1311, orhideea, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Незнам што му замери на мојот пост доколку го разбра убаво и прочита убаво. Доколку не...тогаш препрочитај уште неколку пати најдобронамерен совет.
    За да се воспостави правилна лактација ДА бебе се става 24/7 на цицка ( доколку со бебе и мајка е све во ред )
    Во Германија од моментот кога го даваат бебе форсираат да цица и АД и да молиш не ти даваат за да се воспостави лактација. Бабицата седи до тебе и ја прари ситуацијата. Доколку бебе навистина нема сила и мајка нема ни капка млеко тогаш АД се дава.
    Тука не станува збор за бебе кое не цица, нема сила на цук, не напредува и сл. Не ми испревртувај муабети боље препрочитај.
    Ни најнеискусен педијатар нит пак пријател не би кажал : не давај дохрана ако бебе не напредува!
    Лактација се воспоставува тек после 40ти ден. До тогаш и мајка и бебе се навикнуваат еден на друг.
    До 40-60ден лактацијата не е воспоставена!
    Затоа првите 2 месеци се иде 1наш неделно на контрола за да се види каков е напредокот. После испуштање од болница се дава по потреба Ад до 30мл после подој за да се види дали бебе се нацицало или има потреба од Ад.
    Тоа што викаш дека 1на недела си форсирала само цицање сигурно било по твоја иницијатива, а не по препорака на педијатар. Ниеден педијатар нит неонаталог нема да советуваат првите 1-2 недели да не се дава Ад по потреба доколку се види дека бебе не влече убаво и мајката нема можност со мајчиното да ги задоволи потребите на бебе.
    10дена останавме после пораѓај со бебе и после секој подој се нудеше Ад т.е. на 3ч за да се види дали бебе е гладно или не. Дома продолживме уште 2 недели да нудам и никогаш не се напи, но нудев за да сум раат.
    Пред да се скока и напаѓа за нечии совети кој не се убаво препрочитани...боље воопшто да не се ни реплицира.
    Плачот за блискост, внимание, топлина и галење е сосема друг од плачот за глад. Не е научна фантастика кога на нешто сумњаме или нешто ни е чудно кај бебе д се обратиме на педијатар.
    Доколку моето бебе 1на недела би плачело без престан сигурно нема 1на недела да чекам за контрола туку ќе идам уште 2-3ти ден на преглед. Па и Ад ќе дадам доколку сметам дека е гладно сигурно нема до дозволам д дојде до проблем.
    И не секое бебе напредува исто по книга. Вагата не е мерило за здраво дете. До пред некоја година не ги ни мереја секоја недела/две и месец. Еднаш на неколку месеци се идеше на контрола. Мерило за здраво бебе е самото бебе и крвната слика.
    Доколку пак и овој пост го сфаќаш погрешно како оној претходниот...навистина не е до мене туку до читателот.
    Те замолувам да ги разграничиш добронамерните совети и злонамерните совети.
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На pile30, Kaetana, forumce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.962
    Допаѓања:
    13.680
    Јас првиот месец не можев асално да му се израдувам на бебето поради тоа млеко и многу се каам поради тоа. Давам ад зашто немав пупки и немам грижа на совест. Колку луѓе ме направија индиректно немајка зашто не сум била многу упорна,ама јас си знам низ што поминав тој месец, бебе вриштеше зашто не можеше да фати да цица, ма со силиконски пробував,ама додека повлече и се изморуваше и бетер пиштење. Почнав да се измолзувам и давав така првите три месеци, плус ад. Потоа прекинав и со тоа зашто ми се намали млекото и не можев да измолзам. Доењето е убаво за бебето, ама кога некој не успеал во тоа, постои ад и со тоа детето ќе порасне.
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На orhideea, manako1, BirMelek и 7 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    117.922
    Пол:
    Женски
    Ќе oстaвиме бебетo дa пaѓa нa килaжa сaмo и сaмo зa дa дoиме? Дo 40ти ден? Мнoгу ќе дa е :shake:
     
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.996
    Допаѓања:
    327.816
    Пол:
    Женски
    како не е воспоставена лактацијата до 40-60 дена?Мојата за два месеци качи 2400 гр само со доење.И тоа првите два месеци.Да немав воспоставена лактација немаше ни млеко да имам за да качува толку мн.
     
    На pile30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    ^ Невоспоставена лактација може да значи и повеќе млеко од потребите на бебе.
     
    На Ambra20, eli25, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. spirkovski

    spirkovski Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Мајки првата недела млеко нон стоп ми течеше и маиците ми беа мокри, сега бебе има 3 недели веќе не ми тече само млекото, нормално е или ми се намалило?
    Само на доење сме :^)
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.088
    Допаѓања:
    117.922
    Пол:
    Женски
    Не мaјкa. Кoгa сaмo течелo си имaлa премнoгу, a сегa имaш дoвoлнo зa твoетo мaлечкo. Уживaјте и хрaнете се :hug:
     
    На Ambra20, eli25, Melinda85 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. spirkovski

    spirkovski Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Ок фала многу, да не се вадам од памет значи :*
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.996
    Допаѓања:
    327.816
    Пол:
    Женски
    може.
    Во принцип после две недели веќе треба саглам да е надојдено млеко и бебето да фаќа ред,се лачи од 800- 1000 мл на ден што сосем доволно за бебето.Ама 60 дена да се чека за воспоставување лактација е мн долг период.Колку повеќе расте бебето толку повеќе растат и неговите потреби.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Доењето ете како може да биде проблем. Те читав и исто се сетив јас во првите 40 дена со бебушка. Немав брадавици со силиконски бебе влече ама нема сила убаво да повлече вришти плаче тоа плачам јас. Притисок од свекрва мајка маж ми итн. Мораш да доиш ;((facepalm). Мислам дека психички пропаднав тие денови. Еден ден пресеков и реков од моето дете јас одговарам. Зенав пумпа почнав да се молзам и и давам од шише до ден денес. Среќа голема што имам млеко со помош на апчиња чај па се среди. Пред 2 недели ја ставив на цицка самоиницијативно нејќеше да повлече и повеќе не форсирам си продолжив со шише. Ад давам само кога немам мое измолзено а она ќе побара да јаде. За мене пораѓајот и по него не ми беше болно колку доењето.
    Нејќам на другите да делувам обесхрабрувачки ама кога неможе подобро да се спречи тоа со сила доење како кај мене.
     
    На Ambra20, Black girl, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Докторите викаат по 1 месец се воспоставува
     
    На Kaetana, sofi2107, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Стариве ептен се оптеретени со доење и со тоа протисок правење.

    Дур ја дојам од едната града, другата тече. И чудна работа, а ја земам во раце, течат двете гради. Ова навечер и сабајле
     
    На pile30, mal.ecka, Igle и 4 други им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    35.307
    Пол:
    Женски

    Фала на совет јас само кажав дека не е баш кај сите така. Кај некои се е така лесно. Многу е лесно од апсект на некој кој има доволно млеко да кажува што и како.
    Кај мене варираше количината на млеко многу. Имам полицистични јајници и спаѓам во група на жени кои не можат баш лесно да дојдат заради милион причини. Во привот пост на кој реагирав немаше спомнато педијатри, бабици и слично. Екслузивното доење го форсирав по препорака на педијатар. Намалував АД постепено и стигнавме на 40 дена да не давам АД. На наредната контрола се падна во вода. До три месеци заради тоа секоја недела одев на контрола. не зборувам ништо нит паушално ни од ракав ниту зашто така ми се свиѓа.

    Ама решена сум да одговарам на вакви постови кои кажуваат само ставајте бебе цица 24/7 и се ќе биде во ред зашто не е така. И заради такви како тебе за малку ќе паднев во депресија. Затоа пазете што препорачувате и пишувате.

    Плсу и знам случај во германија што немаше буквално никаква поддршка за бебето ама баш никаква мораше да се јавува на педијатар тука за да знае што да прави.
     
    На Igle, orhideea, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.