Не постои хранливо/не хранливо млеко. Млњкото одговара на потребите на бебето. Пиј течности повеќе, чај за доилки, вода...
1 месец без некој ден сме. Дури се научиме да цица мака видовме. По 2 ца ја местевме дур да фати цице па потоа супер си цицаше, ама дур да фати и почне вриштеше пиштеше, па стававме понекогаш силиконски брадавици бидејќи имам многу големи гради а не баш испакнати брадавици. Веќе 3-4 дена сами се местиме и тоа без силиконските и пресреќна сум. За две недели имавме качено 400 грама и педијатарката кажа ок сме, а сега следната недела пак сме на мерење. Сепак јас пак сум загрижена оти моето бебе цица максимум 15 мин., а некогаш се случува после 8 минута да нејќе да цица, но тие минути кои ги цица активно цица без запирање. Заспива ја штипкам се правам ама не бива. Некако малку ми се гледа и покрај што напредува. Ја мерам понекогаш на вага за бебиња и разликата пред цицање и по цицање некогаш е 70-100 грама повеќе. Кога ја терам повеќе да цица,временски од она кога таа запира после најчесто ми повраќа. Пелени полниме 7-8 мин. Се роди 2600 па се грижам дека мала и дали со цицањето сме како што треба. Млеко имам многу така да не е за дохрана. Ајде искусни мамички советувајте.
За што си загрижена мајка? Самото бебе ти кажува кога веќе не и се јаде. Терајте полнете меше и пелени нема место за грижа според ова напишаново.
Мајка веќе неколку пати имам пишувано дека синко првите два месеци не цицаше по 10, а не повеќе од 15 минути и во тој период напредуваше супер. Не се оптеретувај со време. Шром вагата покажува напредок, гушкајте се и уживај.
''Клиничките студии покажаа дека доените бебиња поретко се разболуваат и истите протекнуваат полесно. Недоносените бебиња имаат поголем коефициент на интелегенција. Мајчиното млеко обезбедува емоционална сигурност и намалување на стресот, преку тесната поврзаност мајка-бебе. Бебето помалку плаче. Доењето доведува до побрз развој на мускулите и коските на лицето, поретки се инфекции на дишните патишта, дијабет и малигни болести. Кај деца доени помалку од 6 месеци,7 пати се почести алергиските заболувања, а 10 пати е помала можноста за прием во болница во тек на првата година. Исто така доените деца имаат помал ризик да умрат од изненадна смрт. Важно е и дека се намалува ризик за дефицит од А витамин.'' Мала мотивација и поддршка за новите мајки. Од лично искуство можам да кажам дека навистина помалку плачеше, не само како бебе, туку и после годинка,. Цицето дава инстант утеха. За настинки сега гледам колку полесно се пребродувале, ем доењето има смирувачки ефект, ем грлцето се влажни, ем антитела се пренесуваат. Еве сега прв пат кашла силно. Ви посакувам лесно и успешно доење на сите.
А бебињата на АД што? Имаат поголем ризик за изненадна .... ,не сакам ни да го спомам тој збор.Не е ок со вакви постови, ама ич.
Види вака, прво постирам во тема доење каде нови мајки се борат со процесот и им треба малку кураж, не во тема за ад. Второ, ова јас не го напишав, нити измислив, стои на страницата на систина. Можеби треба таму да им пишеш дека не е во ред да објавуваат вакви информации или да се прават клинички истражувања на оваа тема. Трето, споделив свое искуство. Четврто, жал ми е што ти не си успеала, не си единствена, но продолжи понатаму, никому ништо, знаеме дека и децата на ад се исто добри, па да ја оставиме темава за тоа што е наменета, совети и поддршка за доењето.
@RainBow на тие статии јас не верувам многу. Таму пишува дека аномалија кај плодот се јавува најчесто кај жени над 35 години, ама јас имам помалку од 30 години, па ја прекинав претходната бременост поради аномалија. Ај сега. Значи според ти што кажа тука испаѓа дека Господ повеќе ги чува доените деца, м? Тоа што ти спомна изненадна смрт. Што има врска тоа доени-недоени бебиња? А колку имам блиски во фамилија, доени деца што пред годинка завршувале во Козле. Јас поддржувам доење,ама извини вака, тоа што го напиша ти ми е бесмислено.
Па, пишале најчесто, не секогаш, нели? За жал, ете така испаднало, исклучок. Пак ќе ти кажам, јас не го напишав, го споделив. Некој друг правел истражување, па го објавил. Ми велиш не е во ред јас што постирам, а се официјални податоци, ти пишуваш муабети од ракав за доени деца кои биле болни, тоа претпоставувам во ред е. Секој има право на свое мислење, но не и на свои факти, тоа не може да се оспори. Повеќе не ја оптеретувам темава на сметка на мајка која има потреба од совет. Добра ноќ
Каква поддршка и каков кураж даваш со овој текст, значи и лани и сега и секогаш истите закачки ги правите, мотивација даваш на мајките да дојат со овој текст, ти се молам, тука нема никаква мотивација туку само некои податоци за болести или мотивацијата ти ја гледаш во она: доите за да децата не ви се разболат и не ви фатат страшни болести? ама баш никаква мотивација нема во текстов. И ако не ајде сите да споделуваме се што ке најдеме по странициве. А и онаа првана реченица врска си нема,теорија и пракса не е секогаш исто. Истражувањата велеа тешко дека ке бидам мајка па еве ме мајка сум. И за разболувањето зборам од сопствено искуство. Навистина непромислено постапувате и не ве засега дали ке исплашите или не некоја мајка со текстовите што ги постирате. Нехумано е да даваш некому "|мотивација"| додека некому му влеваш страв во коски. Kako сега се чувствува @Black girl која има мало бебе и не го дои истото, а и не е само она има многу мајки кои сигурно исто се почуствувале.
Мотивација е да се види кои благодети ги има мајчиното млеко и зошто е добро за бебето. Јас не правам закачки воопшто, правите вие со тоа што доаѓате во тема за доење и правите непотребни оф-топици. Ве замолувам веќе да се стави крај тука, ако сакате нешто конкретно да цитирате сторете го тоа во темата Доење и формула, тука е излишно.
Мене најинтересен ми беше моментот дека со доењето грлцето се влажнело. Ко божем со друго не се влажни
Мило ми е што ти било интересно. Мене ми е интересно како не доите, а читате тема за доење. Инаку кога не им е добро не секогаш сакаат да пијат нешто, мојава барем. А млекцето од града никогаш не го одбиваат, затоа нема опасност од дехидрирање, а грлцето секогаш е влажно.
Темата е доење, па претпоставувам дека Реин сакаше да ни даде мотив - сите се жалиме дека бебе е 24ч на цице, не спие, како знаеме дека сме ги нацицале, болат гради, колку измолзено е доволнож. во вакви моменти не еднаш сум аи рекла на ад бар знам колку пие, а и повеќе ми спие. За мене не е ништо страшно ни ад да пие. Ги знам придобивките од доење, ама па не разбирам ни зошто толкава фама ако не се дои. Нема гладно секако да биде детето.
Само мало потсетување дека имаме тема за дискусии од овој тип https://forum.femina.mk/threads/Доење-наспроти-формула.27762/ Слободно може да се тагира членка, па и да се цитираат мислења во истата.
А ти нешто ќе напаѓаш сеа? Да беше така посветена ќе знаеше дека сум трудна пак. А впрочем, што ти е гајле?
Зошто да не коментираме ако не доиме? Мајки сме, што има врска дали доиме или не и дека ја читаме темава. И јас еден месец мака имав со доењето. Ама не е во ред да пишуваш такви работи, па дури и смрт на бебе. Мислам навистина. И што е тука мотивација и поддршка? Баш ко што рече @alisijad Ништо
Пиј течности колку можеш повеќе, јади убаво и гледај да спиеш кога можеш, кога спиеш најмногу се полнат градите. Секое млеко е хранливо и се прилагодува на потребите на бебето. Еве на бејбицентар убави информации. https://www.babycenter.com/0_how-breastfeeding-benefits-you-and-your-baby_8910.bc
А бе со дете не може наспани да бидете, од старт да си знаете. Дали цицало или не, ќе се буди, сон повеќе нема мирен, до кај 3 години некаде. Од статијата на Реин ќе го искоментирам само последното од лично искуство, доени деца полесно ја поднесуваат болеста ( додека се дојат) заради константно внесување на течност и тоа најквалитетното што постои. Бебе што цица не може да дехидрира, за време на тт и вирус барем нема да се секирате што не јаде. За другите работи меѓу кои и СИДС не се сложувам, не може да генерализираме така.