TheEkaterina, жалосно е што имаш таков став за доењето, очигледно е дека си немала поддршка и охрабрување да продолжиш со доењето и да откриеш дека тоа е нешто убаво, а не лошо. Сите идни мајки треба да бидат свесни дека доењето не е лесно, напротив. Додека да се научи бебето да цица како што треба, додека се научи мајката правилно да го постави за да оди како што треба, за да се воспостави целосно некој ред на подои, да се воспостави некој режим на побарувачка и потрошувачка мора да помине време, месец, два, три... колку што е потребно, и тој период целосно да му се посветите на бебето и доењето. Макар тоа значело бебето по цел ден да виси на града, оти тоа е најдобриот стимул и ниедна пумпа за молзење не може да извлече толку млеко од мајката колку што може самото бебе, ако сака да цица (бидејќи нели, има и бебиња кои едноставно се мрзливи). Кога веќе ќе се научи бебето да цица, кога ќе ја постигнете правилната положба на брадавицата во устата на малото, кога ќе има редовен стимул и доволно млеко, доењето ќе биде уживање. Не е лесно да се дојде до тој стадиум, но може да се стигне до него само со доволно упорност и волја да се постигне тоа. А не да се откажуваме на првата потешкотија, како што прават повеќето мајки. И син ми беше на мајчино млеко плус дохрана со ад млеко, јас имав проблеми со брадавиците, два месеци трпев ужасни болки и крварења (уште имам лузни од тие рагади), не можев да измолзам повеќе од 20мл од двете гради, многу лесно можев да се откажам од доењето. Ама не, продолжив, бев упорна, оти сакав да пие мајчино млеко, макар биле 10мл дневно. И не, ова не значи дека велам оти не знаете што е најдобро за вашите деца, ниту пак тоа ве прави помалку мајки... вие сте најдобрата мајка што вашето дете ја има, и ако можете, ако немате јаки медицински причини да не доите, не си го ускратувајте себеси и на детето тоа задоволство.
Екатерина, нормално дека е избор доењето, ништо околу мајчинството не е "задолжително", ама немојте врз основ на лична перцепција да носите такви заклучоци.... Се знае која храна е најдобра за бебето, нема дилема во тоа без разлика дали јас сум доела 2 години или ти само 2 месеца, зошто тоа е една многу природна работа која е прифатена како таква во целиот свет. Немам јас проблем со мајките кои сакаат да си го зачуваат комодитетот и мирот, па од старт го бираат вештачкото, зошто тоа е нивни избор, ама ве молам не пропагирајте НЕдоење како најдобра опција. И бебето ти немало грчеви првите 7 дена зошто НИЕДНО бебе ги нема толку рано, без разлика дали било на доење или на адаптирано млеко...
јас имам млеко колку да се каже, малечкото ми е мрзливо кога е на града и веднаш заспива,ама колку толку се трудам да му давам и мое млеко,ама мора да го доранувам со адаптирано. И кога се измолзувам му го давам моето (свежо ) во шишенце да го испие, бидејќи мајчиното е колку толку пополезно.
Вака... изи малку... јас интензивно го доев моето бебе два месеци. Оттогаш само се молзам и му давам молзено млеко секој ден. По 20мл дневно испаѓаат секој ден. Не се откажав лесно кај го прочитавте тоа дека се откажав? Два месеци цицаше постојано преку цел ден и цела ноќ се будев целата жива вода од глава до петици.. се додека не ми ја откина брадавката и за да не го прекинам млекото, бидејќи бебето беше мало, матичниот ми рече продолжи со молзење додека имаш млеко па макар една капка било во денот давај му ја. Јас и ден денес го правам тоа.. бебето сега ми има 4 месеци и кусур и јас сеуште се измолзувам и му давам. Мајка ми и блиските роднини ми викаат ти имаш невероватни нерви и трпеливост пошо веќе два месеци се измолзуваш... кога на мајка ми и се намалило млекото таа престанала да ме дои не сакала да се измозлува ја болело и не ме доела веќе.. тетка ми го доела детето само 3 дена бидејќи и било мачно и не сакала да продолжи. Да, во право сте немав поддршка од никого сите ми викаа слабо ти е млекото, немој да го доиш, давај му адаптирано, не се малтретирај, од тебе има грчеви, не ти чини млекото... Јас и до ден денес внимавам што јадам за да не му го расипам вкусот на млекото на бебето. Не јадам зелка, не јадам луто, не јадам зачинето, не јадам кромид, лук, праз, не пијам кафе, не пијам чај, газирано... се за да не го зафркнам и тоа млеко што го имам. Моира, мајка ми има три деца а свекрва ми две.. никој во фамилијата од децата што ги родиле немало грчеви и никој не знаеше да ми каже што се тоа грчеви и како да му помогнам на бебето. Среќа дојде една комшивка дома после 3 недели откако се породив и вика а бе бебето ви има грчеви давајте му чај од ким... така дознавме ние што се грчеви и дека бебињатаа имале нешто такво, три недели немавме појма.. немаше кој да ми каже де.. кој да ме просветли. Јас немав време да седнам на форум да барам да листам.. до 6 недели јас се опоравував.. и таа комшивката ми рече го доиш? Да.. е па од тебе и се грчевите... На адаптирано млеко плус мајчино почнавме кога имаше два месеци и една недела така нешто. Јас немам некое добро искуство со доењето затоа и тоа е мојот став сега засега... иако јас на моето уште му давам мое млеко.. за другите деца *ако ги имам* не знам дали ќе го правам ова што го правам сега...
Јас пак, се надевам дека ќе го дојам син ми до година. Придобивките од мајчиното млеко се огормни, имам пример во фамилија, сестра ми цицаше година дена, и има неверојатен имунитет. Јас сум цицала многу малку, имунитет никаков како мала. Исто и брат ми. Па затоа настојувам да дојам колку можам подолго. На почетокот и јас немав млеко, првиот ден-два, царски сум породена, но бев упорна и трпелива. Какви маки имав на почетокот, особено во болницата, дека шиена, со болки во кичма, ама бев решена да дојам. Во моментот претрпувам огромен стрес и нервози, и покрај тоа ете ме дојам, не го дохранувам малиот, и напредува одлично. Околу кило качи првиот месец. Сеуште нема ред во подоите, знае по цел ден да биде на града, навечер станува еднаш до два пати, но мене тоа ме радува. Среќна сум што го дојам. Си мислам дека млекото го имам најмногу поради големата желба за доење, бидејќи покрај ваков стрес, среќа е што сеуште имам млеко. Да споменам дека исхраната ми е прилично лоша, а еве малиот нема ни грчеви. Мајки бидете упорни, трпеливи, и ќе успеете. Јас сум скептик за чаевите, особено да купувате предвреме, па уште и непородени. И како тоа се жалите дека нема спиење, па мајки сте, се знае дека спиењето се намалува, обрски еден куп, ама јас уживам во тоа. Мајчинството го прифатив како најубав дел од животот и никако не ми преставува товар, ниту ме заморува, напротив, како што кажав, најдов начин да уживам во него.
Ние сме само на доење. Додека бевме во болница несакаше никако да зацица, беше на дохрана а мене млеко ми течеше по земја. Бев упорна уште дур бев во болница побарав моите да ми донесат вештачка брадавица и упорноста се исплатеше. Зацица преку вештачката и после 2 дена и ја тргнав. Сега цицаме постојано се обидувам колку што може повеќе да е на града. Јас сум жива ненаспана но важно она ми е најадена
Екатерина, 3 дена после пороѓај мене вработена ми држеше предавање во посебна соба на ГАК за добробитоста и полезноста на доењето. 1 саат цел, заедно со теми за семејството....дали сметаш дека официјалните лица знаат помалце од комшивката? Не знам во која болница си се породила, ама јас лично, би им го треснала шишето со адаптираното млеко кога би ги слушнала дека на тазе породени мајки им го "скратуваат" најуникатното доживување во нивниот живот со само 1 инекција хормони, притоа претставувајќи го како најлесно нешто. "Со само 1 клик до мир и слобода" Кој идиотизам човече..... И во минатото знаеле што се грчеви, кој ти рече дека сега е тоа ново? Бебињата исто ги имале, со баба ми коментирав баш на таа тема + исхраната, зошто ме интересираше и сакав да споредам. Целиот овој процес кој ние го поминуваме сега е веќе поминат, не измислуваме топла вода, само сега можеме многу лесно и брзо да се информираме. Доењето било, е, и секогаш ќе е најполезно за секое бебе, и тоа не само од нутрицистички аспект. Секој си знае до каде му се границите на издржливост, и никој не е тука за да суди, ти секако си и секогаш ќе бидеш најдобрата мајка на тоа дете. Тука сме да размениме мислења, искуства, и сите по нешто да научиме, ама ПРАВИЛНО колку толку.....никој не е сезнаен, ниту најпаметен, ама барем на оваа тема мислењата се секогаш обединети, што мора да значи нешто, така? Со среќа понатаму, ти посакувам здраво и среќно дете!
Мислев само мене тоа ми се случило. А и јас исто како тебе се молзев може 6 месеци и сега од оваа перспектива гледано за други деца незнам дали истото би го правела место да спијам и собирам енергија јас прво молзи се саат време па дај и да јаде пола саат со се ждригање и поспиј еден саат дури не почне се од почеток. И ако сакате партал напрајте ме за следно дете или ќе научи да цица во рок од една недела или ќе си пие АД. Плус децава на АД што се многу помирни ноќи имаа и полесно си ја вареа храната. Еве доев ама на ниту една мајка нема да и држам предавања дека мора да дои или светот ќе се сруши. Па биди упорна, па мораш бла бла како не, морала. Демек децава со АД што пораснаа се болни се? Тоа си зависи од детето. Јас сум растена со АД па фала богу најздраво дете бев, доктор незнаев што е, а во болница прв пат преспав кога се породив.
И јас немам млеко едвај измолзувам од двете гради 10 мл бебето на 22ри ке направи еден месец и сме постојано на лактовит го доев само додека бев во болница 2 дена, се роди 3кг а дома заминавме со 2.8кг можеби и тогаш сум немала доволно. Значи цело време е на лактовит ем бебето е најадено ем јас немам болки а имав многу болки дури и рани ми направи. Кога нема млеко нема што да правам знам дека од мајчиното нема подобро но што е тука е.
TheEkaterina не ти треба поддршка од никој,доволна си си самата на себе.Еве ќе се земам јас за пример мајка ми почина уште пред да се омажам и бев доста млада за некој да ме подучи и да ми даде поддршка. Сите негативни коментари не ги сваќав здраво за готово,од едно уво влези од друго излези. Дури толку ми беше тешко што мм тогаш спремаше докторат во надвор од Мк па бев утепана до бескрај од секоја можна страна. Но сама си давав кураж дека јас можам да успеам и дека за кратко време се ќе се среди. Како можат другите зошто не би можела и јас. И јас бев царски со првото и потешко ми надоаѓаше млеко,брадавките ми беа модри од недобро поставување на бебето на града. Распуканите рагади со месеци неможев да ги оправам.Деноноќно сум седела со облоги и паѓав во очајание но не зошто ме боли,туку зошто сакав да ми надојде млеко за да си ја дојам малата. Ќерка ми беше прилично дрчна и ништо не и стигаше,патронажната ми рече пробај со дохрана но ставај ја почесто на града,но мојава одбиваше и го плукаше адаптираното млеко. Пробав да се измолзувам ама неможев. Сум стискала заби од болка додека цицаше. Но фала му на Бог мојата упорност се исплатеше и детето си фати ред. Јас колку што знам во болница викаат нема мајка што нема млеко и неможе да дои ако сака секако НАЈБИТНА Е УПОРНОСТА. Можеби кај тебе случајот е поинаков зошто ти всадиле во глава во болница погрешно мислење околу доењето,па би сакала да споделиш каде тоа си се породила ако не е тајна? Колкушто знам јас секаде пропагираат дека е најздраво доењето ова прв пат го слушам и незнам кој им дал диплома на тие што ти дале таков совет Јас не сакам да го употребам зборот горда оти тој збор за мене нема посебно значење,само ќе кажам дека сум СРЕЌНА мајка која и покрај тоа што малата си ја размазив и приврзав многу за мене со тоа што ја доев до 2,5 години одвај јас се вратив во контрола кога ја однесов кај свекрва ми на одвикнување една недела. Е тогаш сум се утепала од плачење како никогаш И знам дека ова на многу жени ќе им биде смешно и не сватливо ама врската помеѓу мајката-детето додека цица може да ја осети само онаа мајка која го доживеала тоа. Цицањето подоцна преоѓаше повеќе во игра отколку што и беше потреба но јас и така бев дома па го користев секој момент. И не жалам за тоа! Еве со второво исто сме со доење и немав проблеми со брадавиците овој пат. Исто е дрчен,сеуште не сум дала дохрана а има 8 месеци па кај и да е ќе морам да почнам да давам. Знам,можеби сум чудак но зел живот ќе ја јаде таа храна зошто да убрзувам со дохрана. А неможам да кажам дека ми е лесно на секој пола саат да ме дрпа зошто не му стига само цицање,но тоа си е до човекот -извини што морам вака да кажам. Ти посакувам се најдобро и размисли уште еднаш ако сеуште не си го одбила малото
Imam prasanje za poiskusnite mamicki Ève vtori den odkako se rodi malata a mleko uste nemam..ovde vo bolnicata jà dohranuvaat i mi velat da jà stavam n'a grada ama seuste nisto.... Dali nekoj od vas go imal istiot problem ??
Како прво честитки, да ти е живо и здраво малото. Не се нервирај, ќе ти дојде млеко, ставај го ти малото на града, барем да научи да цица и да даде дополнителен стимул за создавање и надоаѓање на млекото. Упорност и само упорност!
Не се секирај ама ич. Само релаксирано. 3 дена бевме во болница, прв ден мали само спиеше, вториот ке станеше, ќе пробаше да цицне па пак спиење и веке 3ден надојдува млеко. А и да напоменам, ништо не му даваа дохрана во болница тие 3 дена. Бебето само од пред раѓање си има резерви за тие ден два дури надојде млеко. Само гледај убаво да го ставаш на града, оти ако не влече правилно се разрануваат пупките и наеднаш кога надојдува млеко може да те боли при подој. Само смирено и со среќа ќе си фатите ред
Јас го имав истиот проблем, ама пошто теткине во ГАК се мноооооогу добри ми рекоа не секирај ке ти надојде млекото. Не дојде неколку дена дена, се додека не ми се згрутчија градите. Си дојдов дома трк под туш и стискај градите, ма кога фркна млекото боже, боже.....башка бебчо плачеше цело време пошто јас мислев дека цица и тегне млеко, ама врска немало. Во ГАК само ме потапкаа по рамо и ми рекоа браво бе бебево ептен цица, лакомо демек. А сиромашкото тоа влечело воздух. Советче земи си го чајот на хумана за доилки, помага ептен.
Како сакаш да ти надојде млеко кога бебето го дохрануваат и не е гладно??! Ти викаат да ја ставаш на града, а оно најадено и најверојатно успано од вештачкото млеко. Прибери си го детето кај тебе, забрани им вештачко млеко и тогаш нека ти виси на града за да цица и повлекува со што би стимулирало производство на млеко. Значи во 21 век во држана болница ова е крајно неодговорно и недопустливо!! Сва среќа имав јас, што бебе без проблем знаеше да фати и веднаш почна да цица- притоа никој не дојде цела вечер да види како ни оди доењето, а ми беше кажано како ќе дошла докторка да ми покаже како се дои, арно не ја чекав па си превземав се во свои раце и наместо да дојде докторка да ми покаже како се дои, дојде сестрата со шишенцата вештачко млеко !!! Чист криминал, безобразлук, и што ако имав проблем со цицањето и ако бебе беше возменирено???- Сигурно ќе посегнев по вештачкото... Мајка не дозволувај да ти го ранат детето, ставај го на града по цели денови.
Nevesta, убав пост но, ете јас да те праашм што во случај на царски рез? Зарем во тој случај мајката би можела уште од првиот ден цело време да го држи бебушот на гради? Или поразличен е пристапот за доење?
Исто е Nova, нема разлика. Надоаѓањето на млекото кај секоја жена е различно, без разлика како се породила. Со оглед на тоа што за почнување на лачење на колострум (првото млеко) е потребно ослободување на окситоцин кој предизвикува контракции на матката за исфрлање на плодот (породување), со тоа се стимулира и лачењето на пролактинот, односно започнува создавање на млеко и почеток на негово лачење од млечните жлезди. Кај некоја жена порано, кај друга подоцна, ама се случува. Секогаш се оди прво на природно, спонтано породување, што значи дека во организмот се активира соодветна спрега за активација на создавање и лачење на млеко, веднаш штом ќе почне породувањето. А како ќе заврши, дали природно или царски, небитно. Дури и кај жените со закажан царски рез пред да дојде до спонтан почеток на породувањето ќе надојде млеко штом жената се породи, секако не веднаш, но после неколку дена сигурно. А мајката помага со често ставање на бебето на града, учење на рефлексот на цицање, правилно местење и измолзување, потоа и соодветни компресии за излачување на млекото. Лошо и погрешно е што веднаш почнуваат со ад млеко, јас колку што знам, кога се породив во ГАК, на почетокот гликоза им даваа, а млеко после два дена, и тоа со шприц, не повеќе од 5мл. Ама колку му треба на новороденче? Како и да е, лошо е што кај нас нема консултанти за доење, сигурна сум дека многу би им помогнале на мајките. Би требало да има, и да одат прво во болниците, а после и по дома да доаѓаат, да им помагаат и да ги поддржуваат мајките да дојат.
Јас сум породена со царски и млеко ми дојде на 4от ден а на девојака до мене (исто со царски рез породена) не и дојде додека бевме во болница (6 дена). Така да секако дека мора бебињата да се хранат тие денови со вештачко млеко.Исто така и на мајките што се породуваат природно не им доагја на сите млекото првиот ден па да може веднаш да дојат. Дополнитено многу мајки имаат проблем на почеток со доењето односно многу болки во гради па не можат да ги дојат бебињата па коминираат измолзено млеко и вештачко. Моето бебе е месец и пол и јас го дојам но во текот на денот еднаш му давам вештачко млеко (доколку моето не му стигнувА). Педијатарот исто ми кажа дека не е проблем да му давам 1-2 дневно вештачко доколку има потреба. Така да ако се нема доволно млеко подобро е да се додава отколку детето да се остави гладно.
Па и мене не ми дојде одма млекото кога бев во болница (со царски рез сум породена). Ми дојде вториот ден, ама јас си го ставав детето на града цело време, ми ги џвакаше брадавиците додека да научи да цица како што треба. Ме болеа брадавиците, живи рани ми беа, ама јас пак го ставав да цица. Дополнително му даваа бистра течност првите два дена, значи гликоза, не му даваа ад млеко, после третиот ден му дадоа, знам, јас го гледав тоа цело време, бидејќи малиот беше постојано со мене, не го земаа воопшто, т.е јас не им го давав да го носат, освен кога требаше да му земаат крв за испитувања. Инаку, и јас давав дохрана по потреба, ама инсистирав на цицање, прво секогаш го ставав на града, а ако сакаше уште, давав и ад, и дојдовме и до период кога беше само на мајчино млеко. Затоа велам, само упорност е потребна, секако и трпение. Сега ми е лесно да зборам, ама сум поминала и јас низ маки додека да воспоставиме убав ред на хранење, и знам дека е мачно и боли, и ти доаѓа да дигнеш раце. Ама трудот и упорноста се исплаќаат, и тоа многу. Секако дека бебето не треба да биде гладно, секогаш постои како опција ад млеко. Ама зошто мајката да се откаже од доењето ако има млеко? Сакам да кажам дека многу мајки се откажуваат при првиот проблем. Јас капа и симнувам на мојата старосватица, најдобра другарка, малото го хранеше исклучиво со мајчино млеко кое го измолзуваше оти бебето не сакаше да цица воопшто, си беше мрзливо бебе. Другарка ми можеше многу лесно да се откаже од давање мајчино млеко, но не го направи тоа.
Јас се породив во средата и немав млеко во болница и го дохрануваа бебето. Не им доаѓа млеко на сите одма после пораѓај. 3-4дена е нормало време за да надојде млекото. Се разбира и јас не сакав да и давам дохрана без потреба ама ако немам млеко да ја изгладнувам заради приницп? Поспано или не си седеше на града, колку-толку цицаше иако немаше млеко. Млеко ми дојде дури во саботат, 4дена откако се породив. Мене проблем ми се позициите за доење. Не можам да ја дојам во легната положба едноставно не можам да ја наместам на града. Во седечка положба си цица убаво ама мене ме боли раната доле и воопшто не ми е згодно. Офф топик, има некој користено борова вода за да заздрави раната побрзо? Во аптека ми дадоа ама не наат како се користи