Има во Рамстор на попуст 2л сок од јаболко со 60поени на картичка, околу 120ден е, имам 10тина дома кога ќе ги снема соковите од мама да ме поткрепат некој ден
Мамички, почнав да пијам чај од билна аптека против грчеви кај бебенца. На него пишува дека ги стимулира и млечните жлезди. Но исто така пијам и чај на Хумана за надоаѓање на млеко. Дали можам двата да ги пијам? Не сум сигурна? И дали чаевиве можат да влијаат на бојата на столицата кај бебиња?
Каков чај е тој?? Јас пишав и погоре правев микс по рецепт од билна што е плус и за грчеви и гасови на бејби, а секако и за лактација. По логика од моето прашање погоре и разјаснување, можеш да ги мешаш, но не и количински да претеруваш, пример од Хумана 2шољи, овој од билна 1 до 2шољи максимум по 200мл кои би биле. Или отприлика вкупно 1л да би испила во текот на денот.. Околу столицата, јас кај моето никаква промена немам приметено
Чајот од билна аптека што го пијам против грчеви, а воедно и за лактација е готов измешан и така се продава во ќесичка Пијам од него по 1л веќе 2 дена и не осеќам промена, детево пак ми има грчеви....не знам можда треба време. А од Хуманата си пијам по 1 или 2 чаши од 100мл .... па ваљда оваа количина не е премногу? Не ни осеќам некое многу големо надоаѓање на млеко. А столицата и стана темно зелена
По мене ОК ти е количината која ја пиеш. За резултати почекај рано е, барем 1недела нека мине. Јас ете по 3л чај пијам па големо надоаѓање немам, а млеко си имам бејби е задоволен. За изметот да не пиете пробиотик на Биогаја, некои кажаа од него им е зелена столицата, иако ние пиеме и ни е златно жолта.. Или да не е гладно.. Или ете така да не е зелена, некои споделија исто дека без посебна причина им била зелена.. следи па направи консултација со педијатар, а може и од чајот кој знае..
Мамии, сега спаѓам во оваа група. Па сакам совети бидејќи сме ново печени Денес ми е 4ден како сум породена, почнав а имам млеко ама по малку... Беблак се роди мал 2300 слабо фаќа и заспива на града. Па почнав да се молзам. Веќе сме дома, и градите ми се тврди и мн жешки. Ставам ладни облоги. Друг совет од вас!? Фала ви
Таман пишав и се измолзив млекце надојде машала. Фала му на бога. Првин го ставам беблак на града колку ќе цицни и после со молзење и му го додавам Се учиме
Вие со царски што бевте кога ви дојде млеко? Денес ми е трет ден ама заради проблеми со повраќање кај малиот не ми го дале уште да пробаме со доење. Од друга страна не ми делува дека имам млеко. Има надеж да се пробува, или? Совет некој.
3 или 4 ден беше. Градите ме болеа многу и жешки ми беа на допир. Има надеж, пробај кога ќе ти го донесат. Со среќа мајка
Јас третиот ден кога се туширав и ми се појавија капки. Им кажав на сестрите и одма ми го донесоа синко да пробам да го ставам на града. Цимерката дури петти ден и дојде, ама од трети ден пробуваше да го става бебуш да се навикнува. Кога ќе можеш пробувај и не се секирај ќе си дојде.
Каков е точно чајот за грчеви? Во проѕирна кесичка? Може ли да те замолам да ми пуштиш слика? Или барем што се има во чајот? Јас пратив да ми купат, лакта микс им дале во билна.
На третиот ден почна по некоја капка, од четврти ден течи по 30-40 мл ретко 60 дали уште немам добра лактација или така ќе си остани незнам.. П.С Мајки на помали бебиња во килажа дали да давам АД или да сум само на мајчино млеко? Бебе не фаќа цице се молзам и давам
Можеби не фаќа ако ти е тврда брадавицата. Одмолзи се малку да ти омекне тој дел па стави го бебето. И моето се роди помало во килажа, само на доење бевме.