како згодна положба при доење нас многу ни е од корист следнава: смести се ти удобно навалена на перници или кауч во полулежечка положба, а бебето легни го на стомак врз твојот стомак и така да цица, можеш и малце на страна да ја ставиш потпирајќи и ја главата со твојата рака (дел од рака под раммо). Ние уживаме во таа положба ем и на мене ми е многу лесно, а и на неа и прија. Инаку оваа положба е примитивна и најприродна и би изгледала вака-
Истото беше и со мене, ме болеше раната при седечка положба.Видов на интернет правилни лежечки положби.На почеток ми беше тешко да се навикнам на нив но за неколку дена навикнавме па сега коминирам, преку ден го дојам во седечка а преку нок во лежечка положба. Инаку јас се породив во Систина и таму ми кажаа ништо да не ставам на раната, освен ако сакаш крема за лузни после 12от ден. Мене раната престана да ме боли после 5-6 недели а крварењето бидејки не ми беше запрено до 44 ден ми ставија инекција ерготил и еве за неколку дена ми се намали очекувам скроз да прекине.
Јас кај што се пораѓав, во државна болница, во внатрешноста, ако немаш млеко, додека да ти дојде, на детето му даваат гликоза со шприц. Ако има потреба од ад, пак со шприц. Шише никако. На почетокот првите 24 часа бебињата сеуште имаат резерви па не ни има потреба од хранење, не се грижете воопшто не се гладни. И јас бев царски, имав маки со местењето, па додека да дојде млекото, мислам дека на 3 ден веќе имав, на син ми му даваа гликоза и стално ми беше на града, сеедно дали цицаше или не. Пробаа со ад, ама малиот не го прифати, го плукаше, па морав како знам да го дојам, а едвај се мрдав. Мајката што беше до мене немаше млеко, на брадавиците рани, плачеше дури, ама упорна и ете си го дои детето. Се сеќавам дека бебето беше гладно и не го нахранија со ад туку прво со гликоза. АД беше последна опција. Ама морам да кажам дека акушерките си ја вршеа работата и ги стимулираа мајките да дојат.
Јас со двете се породив природно и сосема идентична ситуација и со првото и со второво бебуле, со првата керкичка пред 4 год. на клиника се породив .и никој ништо не ми кажа мислам во врска со доењето ,само ми ја донесе сестрата ,бебушка спиеше и кога се разбуди си реков што сега? срека бевме 8 во соба па имаше поискусни,не знаев дали е гладна ,дали им даваат нешто пред да ни ги донесат ,прво де ,се ти е ново,и за срека само што ја доближив до мене одма фати да цица ,односно влечеше без престан ,молев некој да дојде да ја тргне ,ме откина ,потоа плачеше многу и со шприц и дадоа ад ,за два дена ме отпуштија од болница ,само што дојдов дома градите ке ми пукнеа од млеко ,болеше мн, не можев да се одмолзувам ,па под туш со топла вода , така неколку дена и после се нормализира ,си цицаше бебушка првите 2 месеци и одлично напредуваше ,после тоа стресот си го направи своето,и муабетот што не би требало да и се каже на ниедна доилка ' слабо ти е млекото' , почнав со ад , морав ,а не сакав ,но детето почна да назадува место да напредува , искрено немав никој блиску до мене да ме упати ,да ме подржи , се ми беше ново ,и многу се обвинував... за второ со време се информирав ,искрено многу работи научив и тука од темава , имав претходно лошо искуство ,но најбитно знаев од старт дека нервозата мора да ја тргнам на страна , и фала богу 8 месеци успешно се доиме ,има периоди кога чувствувам како да ми намалува млекото обично пред да добијам менструација ,но упорно продолжувам , и уживам во моментот , блискоста и топлината што се пренесува е незаменлива , и на секоја идна мајка и препорачувам упорност во доењето ,вреди , и едно е сигурно нема слабо и неквалитетно мајчино млеко!
Така е пепита еве и моја ситуација ке ја кажам. Се доиме уште од старт значит бебуш одма фати да цица, и ко ке почнуваше да плачит и нон стоп на града одма "да не немаш млеко да не ти е слабо " срека имам една пријателка која си ги доеше двете деца повеќе од година па така продолжив понатаму и не му дадов ад. А притоа јас секогаш бев во дилема дали имам или немам млеко поготово сега дали му е доволно затоа што не ги осекав градите полни дури беше помал ке се десеше да ја осетам, а сега не, така дури седам а бебуш не цицат не секавам дали ми надоаѓа млеко или не, секогаш секавам ко ке почни да тргат, па дури беше помал од другата града која не цицаше ке капнеше некоја капка ко ке ми надоаѓаше млеко, а сега не поготово сега незнам дали му е доволно или не затоа што цврста храна не сакаме ке каснеме неколку лажички и затвараме уста и повеќе сме на цицање а и навечер по неколку пати !
Ануле штом не сака цврста храна значи го задоволува млекото ,и кај мене на почетокот додека цицаше од едната града од другата течеше како чешма ,и почесто чувствував како ми надоага млеко, имаше период кога ги чувствував градите празни ама си продолживме преку ден кога ке посака а ноке два до три пати последниве 2 недели ја мачат забите и помалку јаде ,не ја форсирам ,но затоа почесто цица и гледам ми надоаѓа повеке млеко
Едно прашање до Вас Бебето има 1 недела сопругата е породена со царски додека беше во болница бебушот го учеа да цица и полека, полека се научи. Коге си дојдовме дома се обидуваме да му дадеме да цица ама бебушка многу малку цица ке повлече 2-3 пати и ќе си заспие,проба сопругата да се одмолзи и да и даде да јаде едвај исцица некои 20 грама, после 2 часа пак проба да и даде да цица пак цицна неколку пати и си заспа. Имал ли некој таков проблем? ПС.Бебушкото си спиен нормално и има жолта столица !
Бебето е само една недела, можеби е поспано поради физиолошка жолтица, во секој случај треба додека е будно почесто да се става на града, да не ги ограничувате подоите временски, по некое време сами ќе распознавате кога е гладно бебето. Најважно е да не се обесхрабрувате, треба само малку упорност и чести подои за успешно доење. Ако бебето е мирно, не плаче, има редовна (жолта) столица и мокри пелени тогаш нема потреба за загриженост. Обично показател се мокрите пелени, ако бебето има 6-8 мокри пелени значи дека внесува доволна количина на млеко.
мамиЧки јас имам роблем со малата сега од како ми надојде млекото ја ставам да цица ама никако несака да фати се лути,плаЧе,се тегне,нема стрпление стварно незнам сто да правам ги пробав сите мозни полозби ама не и не дали некоја од вас го имала овој проблем?
така може да се тегне ако ја дохранувале со шише па да нејќе да цица туку си бара цуцла- шише, или можеби и шприца многу јак млаз на млекце па не може да се избори. Повлекува ли воопшто од градата? А може и грчеви да ја фаќаат ...
И мојата мала е иста. Се трга, се лути, со главата мафта, ептен е нетрпелива и плаче. Ама јас упорна сум. Она плаче јас се обидувам да ја дојам и така некоја минутка па си цица убаво. И за време на цицање кога ќе се пушти пак од почеток истите маки. Само имај трпение
Леле исти сме сите. Мојот знае да фати, ама многу малку време цицаме. Некогаш знае да цица и од двете и убаво да се нацица, ама тоа е многу ретко. Најчесто цица по 10тина минути со молење, будење, ама кога ќе го затвори устичето нема шанси да бутнеш града во него.Се си мислам дека ми е гладен, ама се буди на 2 часа, што значи не е. Кога ќе го фатиме редот.
цицањето и спиењето немаат едно со друго врска ете ние и цицаме и на три кашички сме и се будиме доста често. понекогаш детето си ја бара топлината на мајката. што се однесува до мојот црвец да ви кажам дека ми ја цицаше само левата града со десната мака мачиме. резултат различни гради едната ми се пуни со млеко мислам веднаш а другата му ја давам на два дена еднаш да ја цица. ама тоа е дете да не ми е гладно
i jas mislam deka si go bara siseto,vo bolnica i davaa dohrana bidejki nemav mleko,ama sega mi nadojde i se obiduvam.Inaku koga ke uspejam da ja namestam povlekuva,a za grcevi neznam kako da prepoznaam dali ima ili ne
биди упорна само , не и давај шише штом имаш млеко , бебето само си знае како да ја испразни градата со тек на време ке се навикнете , а бебето кога има грчеви се познава по тоа ако нозете ги собира накај стомакот , плаче иако е јадено..
Мене млекото од едната града ми допре,сега имам само на левата , тоа значи ке допира скроз или нешто друго е во прашање?
Не мора да значи, го ставаш ли малото на двете гради? Пробај со масажа на градите под туш, да не ти се затнати каналите? Дали градата ја осеќаш набабрена и топла, дали те боли? Ако те боли или под туш или над тенџере со вода што врие почни да се масираш и одмолзуваш да ги разбиеш грутките ако ги имаш, и да почне да тече млеко. Ако имаш профил на фб, побарај прием во групата Соба за доење https://www.facebook.com/groups/sobazadoenje/ можат многу да помогнат.