бевме денс на контрола за 5 дена од последниот преглед 250 гр сега сме веке 3900...овие 5 дена како што запишував доага да сум давала иста количина молзено и адаптирано, а плус и цицаше..најверојатно е до моето мелко или до техниката што не знаеме да влечеме како што треба...а и си с енавикна на шишето...незнам како ке се одвикнеме ако успеам да се научиме на доење како што треба...
Многу ме каса бумбарчево...веќе ме болат брадавиците..имам дома ланолин од медела..мачкам ..мислам рани ме направи..а има само 2 запчиња долу...го искарав вчера..дуриби му подвикнав...ги натокми муцињата за плачење.. Мине страв повеќе да реагирам..да не се одбие да не сака да цица веќе...а друго ништо не јаде ..иако сме 8+. Искуства? Како да се справам .
Си пробала до сега да го доиш со силиконски брадавици? И ние сме 8+ и највеќе ме гризеше кога почнаа да му растат двете запчиња доле...тогаш решив ај да пробам со силиконски брадавици,навистина ми се најдоа..имаше голем ефект. Бев со рани целата претходно, но откако ги ставив силиконскиве постепено ми зараснуваа раните. Пробај си,според мене има ефект!
Мајки помагајте имаме 6 дена и до вчера супер си цицавме ама денес цел ден ја одбива градата а вреска од што е гладно се измолзев во шише и си испи без проблем 20мл ..
Да не ти е надојдено млеко па да му се тврди брадавиците? Пробај одмолзи малку млекце пред подој да омекнат, со шише може да ти се одбие.
Nekoj ima li iskustvo so Nipple Care kremata. Probav lea mama, pa pantehol pa kamilica i ne saka da pomine bolkava so ja imam. Znaci bole koga cica i od koga ke se nacica isto. Ko so iglicka nekoj da bide. Gradata mi e otecena, crvenilo okolu nea i rani. Sega koga se mackam so N.Care me stipe pomalku.
Пробав ама синко и така несака еве вчера во 22:00 цицаше 20мин и од тогаш одбива цице а вришти од глад.. Ме полуде
Јас мачкав чист ланолин и со млекце ама џабе, раничките си болеа и крвареа, по еден месец волшебно исчезнаа. Најверојатно треба време да се навикне пупката само трпение треба а многу е болно знам.
Мене исто многу ме болат градите после цицање, баш како со игла боцкање. Додека цица не, туку откако ќе престане. Мајка ми вика дека тоа било од млекото што надоаѓа ама сеуште се сомневам дали е нормално или не. Ако вака боли цело време,не сфаќам како некои мајки можат да дојат и до 2 години.
Ми надоаѓа млеко страшно многу а бебката е мала па слабо цица . На града сме ама поспани о без сила. Е сега качувам тт. Смејам парацетамол нели?!?!
И јас во болница кревав затоа што ми надоаѓаше млеко. Ништо не ми дадоа да се напијам. Ваљда нормално е.
Мамички да ве прашам за совет: Детето ми е 4 недели, не ми напредуваше, изгуби килажа во првите 2 недели и на доктор ни кажаа со дохрана да почнам. Така сме веќе 4 дена но од вчера нејке да цица од мојата града....мислам ми се одби.... немам млеко многу она треба да влече повеќе и се нервира. Плаче вришти кога ќе го ставам... Не знам што да направам?
Биди упорна. Одмолзи се малку да не се тврди градите да омекнат. Туширај се со топла вода. Најбитно не се нервирај се ќе сњ среди за брзо период е. Доењето е тешко на почеток потоа ќе влезете во шема.
Мамички, влегувам во 9ти м. па се едуцирам за доење читав дека пумпите за измолзување се препорачуват да се користат уште од почеток со што би се поттикнала, зголемила и одржувла лактацијата, без разлика дали бебчето ќе сака да цица или не, доктори препорачуваат помеѓу подоите да се прави и измолзување. Е сега од друга страна читав една статија пишувана од доктори каде што го потврдуват истото но дека не се препорачува користење на цуцли и лажички во првите 5-6 недели за да не се одбие бебчето од цицање, да не се навикне само на шише. Па ме интересира вие што се одмолзувате и што доите сеуште како му го давате млекцето подоцна , претпоставувам комбинирате и доење и шишенце... или??
Јас не би молзела ако бебе цица нормално. Пробиотик од старт давав и тоа со лажчика па исход од тоа беше-многу полесно научи да јаде кога требаше со оброци да се почне. Позната му беше функцијата на лажичката. Цуцла давав за да не дреме на града кога нема потреба од храна.