Може ти е јак рефлексот на излегување на млекото. Кога ќе го осетиш да ти надоаѓа многу, а тоа е отприлика по 2 минути откако бебе почне да цица тргни ја нежно од градата и остави да истече јакиот бран на млеко, па врати ја пак.
@Anicka30 јас имам земено маичка за доење од Ваикики, побарај таму, одличен квалитет се. Исто, имаш во Стружанка пижами и спавачи за доење, прашував пред некој ден во Труднички муабети, па ми кажаа дека има и такви работи. Купив и пижами и спавача, така нема да сум гола додека дојам и да смрзнам, а зимско бебе ќе имам (за некој ден ми е термин). Мислам дека доста практични ќе ми бидат, не само за навечер, туку и за низ дома, преку ден Бебидолчиња не сум видела никаде
Исто е и моето бебе овие 2-3 дена, за 3 дена прави 5 месеци. Се прашувам и јас дали е скок во развој или заби? Се гледа дека многу го мачат забите особено навечер пред спиење, многу е нервозен. Освен тоа мислев дека добив, неколку дена имам по малку кафеав исцедок и мали менструални болки, ама никако да ми пробие. Па си реков дека можно е, ако е ова менструација, да протстира заради тоа, имам читано дека може да се смени вкусот на млекото за време на менструација Ама само по малку кафеав исцедок имам, незнам шо е ова. Ми се смачи од по доктрои одење искрено.
Ќе ја подчукнуваш не со исправена шака, со малку подзавиткана ( како топче кога држиш ) и со паузи од 2-3 секунди. Техниката за кога мајката има појак рефлекс на истекување на млеко ( имаш за ова во оние лактациски совети ) ќе доиш малку поднаведната наназад. Значи ќе си малку подлегната и бебе да е во положба ваква "/" малку подисправено, да не е легнато под прав агол. Мене ова ден денес ми успева и го применувам. Секогаш сум поднавалена наназад и синко никогаш не ми е во легната положба, секогаш е подисправен на некој начин еве скоро 10мес. Пробај ќе приметиш дека ќе е полесно.
Fala vi majki na sovetite...ova se slucuva navecer koga mnogu i se spie i e razlutena i gladna.Tohas brzo cica i zaborava da golta
Мамички што мислите дали млекото може да биде различно на двете гради? На едната града бебе цица по неколку саати и пак плаче ако ја тргнам сака уште. Штом ја ставам на другата си цица пример 10-15 мин и веднаш си заспива. Вчера од 6 наутро до 12 на града ми беше буквално дали 20 мин пауза и пак не е нацицана. Ја ставив на другата града си поцица и одма заспа. Дали имал некој вакво искуство ?
Mi lici deka nemas mleko na taa. Kako moze 6h bez skoro nikakva pauza da golta mleko. Ja slusas aktivno kako golta?
Даа тоа и ме чуди. Се стискам млеко си тече нормално она си цица си голта се нормално. Ќе се случи да заспие, ја тргам за 5 минути се буди плаче сака да цица, врти со главчето. А на другата штом ја ставам ќе си ср нацица и си спие како бајче. Не знам што да направам во што ли е проблемот така што прави
Дали ви се случува ова? Почнува бебе да цица и ко струии почнуваат и на таа града и на другата во исто време и болка 2 мин.од што солзи ми надоаѓаат Ова ми се случува и кога не цица но тогаш на една града и тоа било дека надоаѓа повеќе млеко ко што читав ама ова и додека тегне бебе ме боли и другата... И едната града стандарт ми е тврда пред да почне да цица бебе и таа брадавица ме боли и покрај мачкање со Ланолин на Медела..таа и ми е поголема од другата и кога е често е тврда а другата ни ме боли ни е тврда... А тврдата со 5мин.цицање одма омекнува и болењето на брадавицата ми е додека фати бебе да цица после 2 мин.веќе не ме боли...
Само да најдеш некој од h&m да ти донесе. Мене едни ми донесоа, па уште едни си купив во грција подоцна. Ги носам и сега цело време иако веќе не дојам. Најпрактично нешто се, со нив и спиев.
Повеќето деца си имаат омилена града. Синко преферираше почетокот и повеќе сакаше и помирен беше кога цицаше од левата, со упорност и со разни финти после почна да си цица без разлика од која града него не му претставуваше проблем како почетокот. Причината беше и е дека од едната града некогаш рефлексот е појак и им смета, па и зависно која положба им е помила на лежење. Доколку се работи да цица едно дете тогаш млекото по состав и структура се приспособува на потребите на тоа дете. Доколку мајката дои две деца ( едно бебе и дригото да е поголемко или близначиња ) млекото најизменично ја менува структурата, состав и боја. Ова состав се мисли на оние адекватни антитела и состојќи кој го содржи мајчиното млеко. Затоа и е оној феномен дека ден денеска неможе да создатат ниедна формула која е слична како мајчиното млеко. Имаш на гугле баш погледни ќе ти е јасно за што зборувам во врска со тоа доколку се дојат најизменично две деца. Дури имаш и снимки како мајката која од пр. лева страна секогаш го дои бебето, а од десната пр. 2годишното дека бојата е сосема различна и густината. Се приспособува на потребите на бебе. Се надевам ме сфати што сакам да ти објаснам. Значи можно е, но ретко кога се работи за едно бебе доење да е составот поунаков од едната и другата града. Она дека ти цицало од 06ч до 12ч е невозможно. Така ти се причинило. Ова ти го кажувам зашто го поминував првите 4мес мислам дека и во вц кога идев бев со него виснат на цицка. 6ч не цицал т.е. голтал. Пауза си прават и си ја држи брадавицата во уста како лажливка кога држат. Во тие ситуации контра ефект е само од дишењето што се суши брадавицата и тогаш доаѓа до она испукување и болни брадавици. Нема да го влечеш бебе за да го тргнеш никогаш ама никогаш не се повлекува бебето од брадавица. Полека со палецот или показалецот кога ќе сакаш да го тргнеш од града, со прстот полека нржно на ивицата од устата на бебето ќе го потпикаш ( значи на самата ивица од устата и брадавицата ) со самото тоа го испушташ вакумот кој е создаден од јазичето на бебето и не дозволуваш да ја истегне брадавицата ( за да немаш проблеми со болка ) и не го будиш и преплашуваш бебето. Оние 6ч за кој мислиш дека цицало се на паузи цицање. Ден денес некад еве го 10+па цица така. Ем така осеќа топлина бебето, мир, заштита итн. А ете така ти се погодило и така и ќе ти се погодува, да некад од едната исцица за 5мин,а од другата за 20мин. Сепак све зависи од рефлекот на надоаѓање млеко ( испуштање ) и од рефлуксот ( цукот ) на бебето. Некад сака да цица и да се лигави и по 40мин, некад и за неполни 5мин ќе се нацица. Уживај во доењето и знај дека не секое доенче е исто и не секое има иста навика на цицање.
И даваш цуцла? Бебињата имаат рефлекс за цицање, така што некогаш може и не е толку гладна туку едноставно сака да цица. Најверојатно, од едната града тече помалце млеко па и треба повеќе време активно цицање за да се најаде, а тоа ја уморува па си прави паузи и затоа толку време и зема. И јас имам исти вакви и супер се, со нив спијам. Исто така во H&M има и блузи/маички за доење и ептен се практични. Ако некој не е сигурен дали да си купи или не, топло ви ги препорачувам.
Ajde mamicki nekoj so imal problem so mastitis.. bev na doktor antibiotik mi dadia i ako ne pomine do nedela hiruzen zafat ..
дали тие што сте на дохрана се придржувате кон мерките што ги пише на ад млекото....сега земав бебелан и ми пишува 150мл за 2 месец наноброк...од хипо комбиотик како тешко да какше и се виеше од стомачето...инаку давам само навечер двапати бидејки не сака да цица мрзлива е
За првото дете имав и јас мастит...Пиев амоксиклав..ако добро се сеќавам..на болница ми ставија инјекција- "синто боцни ја " и рече едната сестра на другата и рачно ме одмолзи малку..во тие болки искрено не ни препрашав што ме боцкаат ..многу ми беше лошо.. Јас имав и температура и трески.. Дома кога дојдов шод топол туш се одмолзував...па листови зелка држев за да ја земаат топлината од градите зошто имав чувство како да ми горат..почесто бебе на града за да цица..пред одмолзување ставав топло ладни облоги...успеав да се "спасам" само со овие маки...да поминам без х.интервенција. Дополнителен совет што го добив од старата сестра што ми помогна рачно да се одмолзам беше не за електрична пумпа..бар во тој момент..да не сум ги воспалела жлездите дополнително.. Толку ја усовршив техниката што но рачна пумпа не користам за второво само чисто рачно..(при потреба за молзење))