Девојки и ние имаме проблем со тврди и недоволно испакнати брадавици, бебуш сака да цица ама неможе да фати и се нервира Сакам да пробам со силиконски кои ги препорачувате и како ја одбравте големината
И мојот не барал надвор. И сега мислев ќе е проблем заспивањето, ама без проблем си заспива со мајка ми дури го чува. Ни да го нишка, ни да ме бара. Попаметни се од што мислиме.
Дали е нормално да те болат брадавиците скоро 24/7? Конечно се префрливме само на доење. Но, некако многу долго и многу често цица. Цица минимум по пола саат на саат ипол, два. Што значи цело време брадавиците се влажни. Ме болат и ме пецкаат внатрешно.
Medela se najubavi. Bebus cicase 3 meseca od niv, potoa prodolzivme bez niv. Na pocetokot imavme problemi dur da fati, ama se navikna.
утре ке треба да го оставам бебчо на кратко и планирам да измолзам млеко.колку мл отприлика му се доволни за едно цицанње?
Ако се работи за време од околу 2 часа и ако можеш да измолзиш остави му 50мл, мада мислам дека и 30-40мл ќе му се доволни.
Мајки јас имам мака Бебе ми цица само од една града, од старт си имаше омилена и ако ја нудев другата влечеше ама повеќе како да си игра и ја шматка, чат пат ќе се задоволи ама никогаш дојаде. Веќе не ни јаде од неа, ја користи како цуцла Од старт таа града ми беше помала, ама сега енормна е разликата во споредба со другата млеко имам сеуште во неа, ама помалку и со пумпа кога влечам најмногу 60мл ако извадам, некогаш и 20мл едвај, додека на другава 150мл како ништо би ги извадила за час, па и повеќе. Прашањето ми е имала ли некоја мама ваква мака и дали сте доеле успешно и кога било поголемо бебето, бидејќи јаде само од една града?? И има ли начин да се зголеми лактацијата (односно и градата ), пример да вадам од таа со пумпа цело време?? Или џабе би се мачела.. пробувам јас чат пат да вадам и абер нема да се полни повеќе, па и поспоро се полни.. или пак не сум доволно упорна.. Значи пукнав, па и лето иде како ли купаќи ќе се носи, море и маички, само со ролки и потпунки во едниот прслук ќе ме биде изгледа
Исто беше кај мене. Џабе нудење и упорност... само од една сакаше. Со текот на времето, кога лактацијата убаво ќе се воспостави и градите ќе бидат меки, нема да биде толку очигледна разликата помеѓу градите. Инаку ние успешно се доевме и од една града. И @joy1 колку што ме држи сеќавање успешно се доеја само од една града.
А доколку не ја ни нудам, бидејќи не ја сака, туку да вадам со пумпа по неколку пати во денот не би имало ефект да се зголеми лактацијата и нарасне градава или касно е, 11недели сме. Лактацијата мене ми е воспоставена, барем така мислам, голема ми е но мека, тврда ми е само кога подолго време нема да цица..
Најискрено јас се откажав од вадењето со пумпа... не би можела да кажам. Секогаш нудев но не и измолзував. Во принцип со измилзување се стимулира лактација и би надоаѓало млеко и понатаму, пробај, не губиш ништо. Како што кажав, кај мене не беше голема разликата а одкако се одби се си се врати во нормала.
@emkaemka иста мака. Нервозно цица на левата града едноставно не ја сака дури ни за смирување. Ја нудам обавезно ама жив зорт е. Млеко има стискам прска не знам ни јас што да правам
И ние сме исто, да се пријавиме. Од десната града фаќа, влече ама за кратко пушта, се трга, па се враќа ако го наместам ама никогаш не се зацицува убаво и да се засити од таа града. Левата му е омилена, дури и да поцица со сила минута две од десната мора да се доцица од другата. Веќе мислам дрка лактацијата се прилагоди и еднава продуцира доволно да му е за секој подој. Од друвата давам најчесто во успана ситуација колку да не снема млеко... И кај мене има разлика во големината наградите...
Дали кога доиш, брадавиците си болат? Како по навика. Еднава брадавица како да ми гори, ми работи внатрешно. Не напипувам грутки, млеко си има. Многу ме боли кога фаќа да цица. А убаво фаќа. И тоа трае повеќе од една недела. И кога не цица ја осеќам. Мачкам ланолин, но ова е внатрешно. Да не си правам мастит? Или да не паничам, нормално е?!