1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Таму има и за 500денари една рачна од овој тип, ама не знам која е практична, дали врши работа, дали е подобро ваква или оние со рачка на стискање. Електричните се релативно агресивни и бидејќи ми е за повремено користење не би користела електрична.
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Јас користам рачна, не се измолзувам многу, еднаш на ден, некогаш и два пати, сум задоволна од рачната за 10 минути со готова.
    Снаа ми имаше електрична, не беше воопшто задоволна, кога ќе ја вклучеше вакумот модрици и правеше, и она се префрли на рачна, од која е многу задоволна а ја користеше 6-7 пати на ден.
    Мојата пумпа е на филипс/авент иде и со две шишиња кои сами се стерилизираат, и ме чинеше $90 (околу 4000 денари).

    [​IMG]
     
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Купив рачна пумпа Томи Типи и можам да кажам дека засега сум задоволна. Станува збор за овој сет:

    [​IMG]

    Ја купив 1690 денари и мислам дека е солидна цена во однос на останатото што го видов. Ако некоја има потреба од вакво нешто, ја препорачувам.
     
    На anuHka и blond им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ај поискусни мамички давајте совет.
    Некако како да сака малиот сам да се одбие. Навечер не покажува желба за цицање. Но ако ме види малку гола, малку деколте да имам, готово, крај. Рикање, плакање за да си ги гушне градите. И кога ќе му дадам тогаш да цица, не цица за да се нацица, туку од навика, од пуста желба за цице :$
    На две сум, дали да го целосно одбијам или не? Ме кочи тоа што не пие млеко никако (освен во кашички понекогаш), кисело млекце од време на време сака, па се мислам да не има недостаток од калциум, па да има некој проблем... А од друга страна, може да се случи цел ден да не цица, па какво е тоа млеко отстојано повеќе часа :?: ?
    Секој совет е добродојден.
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ако не ти бара цел ден одбиј го,и мојава така правеше ако ја понудам цица ако не не бара цел ден,и ја одбив :) Е сега ние го немавме тој проблем плачење,тегнење за цице....зависи од детето како ке го поднесе одбивањето...
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Доколку самиот не бара тогаш најдобро е целосно да го одбиеш.Тој како што викаш јаде кисело млеко и млечни кашички и така ќе внесе доволно количество на млеко кое му е потребн,можеби и со одбивањето ќе почне да пие млеко.Мислам дека со ваквото негово повремено цицање можеш да си направиш проблем со тоа што кога ќе го одбиеш да не може да ти запре целосно млекото туку да му треба долг временски период,па да треба да пиеш Бромергон и други апчиња. Пробај на градата намачкај нешто од храна која не ја сака и можеби така повеќе нема да бара или пред него појавувај се само закопчана до грло :) Е сега доколку детето е болежливо тогаш можеби треба да му даваш да цица ,но секако за тоа консултирај се со педијатарот.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Не ти препорачувам оддеднаш да го одбиеш , бидејки како што велиш дека ти бара града кога ке види ( како што правеше и мојава керка) настана хаос , бидејки јас нели така ја одбив. Разговарај со педијатар за ова , ако толку сакаш да го одбиеш постојат апчиња со кои полека ке ти престанува млекото и ке ти каже кога да го доиш а кога не
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Да ве информирам само дека не му давам повеќе да цица.

    Коритсаки, не го одбив веднаш, нашиот процес на довикнување започна уште пред 2 и пол месеци, со тоа што го намаливме цицањето на 3 пати на ден, па потоа само насабајле и навечер, за сега скроз да го прекинеме.

    Инаку не покажува некои знаци на нервоза/агресивност ниту пак е плачлив. Се надевам вака ќе продолжи.
     
    На nesa и AIT им се допаѓа ова.
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.452
    Пол:
    Женски
    Јас денеска се подзамислив малку после читањето на една докторка на страната на бекутан. Мојата ќеркичка има скоро 5 месеци и пишував и порано освен што цица не сака сокчиња воопшто, го пиеше чајчето од бекутан но бидејќи нема повеќе грчеви и не и го давам за џабе.
    Добро напредува дури и повеќе од што треба во тежина но многу често сака да цица, ајде преку ден некако можам да ја залажам, сега и времето е убаво надвор шетаме, но навечер ќемка скоро на два саати. Она не ги ни отвара очите но престанува да плаче само со цице у уста. Цица највеќе 10 мин и продолжува да спие. Денес прочитав дека е веќе голема и не би требало навечер толку често да јаде.
    Не знам дали нешто грешам и немам идеја како да ја смирам без да и давам да цица, галење по главче нишкање и останати марифети не помагаат!
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ^ Божица и јас го имама истиот проблем. Иако има веќе 6 месеци и неколку дена, не сака ништо да јаде, а за сокчиња и да не збиорувам, не става во уста. многу ми е тешко бидејќи сум тргната на работа, а навечер се осеќам како дежурна млекара. :lol: . Ноќново цицање на два саата почна пред месец ипол. Незнам што да правам. Во паника сум ептен. Мајки совети.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Истиот, ама баш истиот проблем го имав и јас со малиот. Само што тој ги сакаше сокчињата (но со лажиче ги пиеше, а не од шише). Си велев ааа гладно е детето, затоа се буди навечер да цица. Шипинки. Се е навика. Да видиш сега како може без цице навечер. Две-три вечери поред он плаче јас лулам, ама цице не давам. Виде, не виде, престана да врека за цицка.
    Мој совет, што поскоро одвикнувај ја од ноќно цицање. Неколку вечери истрпи го плачењето, ама потоа раат ќе си.
     
    На captivating, Annath и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  12. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас ноќе преку 100 пати станува да цицне и заспива Јас сум многу ненаспана и стварно сум уморна Почнувам на работа и почнавме со процес одбивање засега добро ни оди ама имам помош од баба затоа што кога ке е за заспивање таа го заспива со нишкање и не ме бара ама ноќе пак станува да цицка и ноќе ќе му спремам во шишенце кравјо млеко и друг излез нема.
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Божица - да не ви излегуваат запчиња? Можеби затоа е зачестеноста на подоите....

    Нине25 - истото го поминав и јас, а најизразено беше кога почнав пак со работа. Навечер се будеше со пиштење, само цице можеше да ја смири и ништо друго. Не дај Господ татко и` да ја земеше во раце - готово, се разбуди цела зграда!
    Период е, мора да се издржи....неа ја држеше нешто повеќе од месец и пол. Во меѓувреме вадеше и заби и се на куп, а бе мислам дека одев и спиев :( Прво чекав да го „прифати“ фактот дека преку ден нема да сум дома, па после почнав полека полека да и` ги отфрлам подоите - прво ноќните, па пред заспивање. Можеш да кратиш 1 по 1, па да го зголемуваш растојанието меѓу подоите, или наеднаш сите ноќни (јас така направив и немав некој посебен проблем). Ќе си покенка, ќе се поврти, ама ќе се смири и ќе си продолжи.

    Мој совет за сите што одбивате ноќни подои - немојте да давате ништо друго во замена за цице, оти така ќе ви тераат уште години со навика, а реално немаат потреба од ништо додека спијат (исто како нас нели) :)
     
    На Annath, Nine25 и blond им се допаѓа ова.
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Е јас се зезнав и во замена давав сокче. И сега се буди за сокче 1-2 пати и ќе се напие 5-6 голтки и пак е заспан. Ама не е страшно, подобро сокче отколку цице :)
     
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.452
    Пол:
    Женски

    Од кога се пожалив овде (како магично да ме прочитала) :D како за инает почна да се буди уште почесто, жива ненаспана сум. :drunk:
    Ќе поспие мирно некои 3-4 саати и после 1 навечер почнуваат плачките. Денес ќе бидам упорна со цуцлата лажливка по препорака на Блонд, мора нешто да сменам вака не бива.

    А да не биди дека само се жалам, успеавме да се убедиме за неколку лажички кашичка од јаболка по се изгледа и се допаѓа!
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Ќе ти треба помош Божица, сама не можеш. Кога не е мажот ти на работа, нека ја зема малата ноќе, нека ја нишка, нека ја тргне од тебе на било кој начин. Ако може мајка ти или свекрва ти да ти помогнат, уште поубаво. Ќе плаче детето, тоа мораш да го знаеш, немој да попушташ биди упорна колку и да боли да го слушаш. Ќе плаче неколку вечери така, па ќе види дека нема да добие ништо и постепено ќе прифати и ќе се смири, па нема ни толку често да се буди. Допрва ви идат проблеми со заби и слично, па ќе ти биде уште потешко да ја одвикнеш. Верувај ми, за добро на малото, ама и за твое добро е, не можеш уште долго да тераш со ноќното доење, само ќе се исцрпиш, ќе бидеш ненаспана, нервозна и исфрустрирана. Не зборувам на памет, знам како е. Сега мажот ми оди на службен пат две недели, јас ќе бидам сама со малиот. И држете ми среќа да го одвикнам од доење. Ќе има плачки и неспиење, ама овој пат решив, ќе издржам до крај. Досега не можев, оти мажот ми ме прекоруваше што сум го оставала да плаче. И мене ме боли кога го слушам кога плаче, ама мора да се одвикнеме сега, оти на лето ќе биде потешко, а зима не можам да чекам.
     
    На captivating и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  17. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.452
    Пол:
    Женски
    Во право си! Уште во петок попладне ќе одам кај мајка ми и ќе се потрудиме тие три вечери да направиме некаков ред. Со маж ми нема шанси, он не ми дозволува да плаче му било жал!
    И тебе со среќа во одвикнувањето, па ќе напишам за резултатите.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.365
    Пол:
    Женски
    Јас моето бебе си го дојам од првиот ден . и зá срека добро ни иде :D :D
    Си цица на 3 саата кога е повеке гладна си бара и на 2 ипол саата ама гледам добро да ја надојам и да си биде сита 3 до 4 саата.
    НавеЧер си се буди сама сама на 4 саата си цицаме супер и до душа сме сите наспиени :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Леле мајки помагајте,керка ми без цице не заспива а голема е,година ипол.пробав да ја одбијам не многу плаче и се залисува и главата си ја тресе дури.....ПИШЕТЕ КАКО ГИ ОДБИВТЕ ОД ЦИЦАНЈЕ ВАШИТЕ ДЕЦА
     
  20. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Имам проблеми со малата, многу плаче кога ја ставам на града... а млеко имам. Ако и понудам ад го пие... што да правам? Имаме 4,5 месеци и до сега бевме само на града... помагајте!