Не оставај да ти секне млекото , убаво ти кажа анатх погоре, колку повеќе се измолзуваш и излегува млеко повеќе ќе ти надојде друго
Јас имам многу малку млеко неможам ни 10 мл да измолзам со пумпица од двете гради незнам дали да идам на лекар да ми дадат апчиња за да не ми се лачи веке млеко и уште нешто тоа го сакам бидејки пред два дена имав млеко околку 10 мл и сакав да му го дадам на малиот но тој го плука не го сака и одма му дадов лактовит него го испи цело 110мл. инаку цело време сме на лактовит ич го немам доено а има 1месец.
за да ти дојде млеко пробај да пиеш чај за доилки.Тој од Хип е добар.(за 1-2 дена ке тисе зголеми млекото) исто има и на Хумана и од билна аптека. А за да ти прекине млекото треба да ти дадат инекција, тоа мора да видиш со твојот доктор.
Чаре за да ми се зголеми млекото? Не и е доволно на буцка, морам да давам дополнително АД... Со денови не какаше од што беше гладна!
Тоа што не какала, не значи дека била гладна . Мене лекарката ми викаше дека тоа значи дека супер си го искористува исцицаното млеко. Второ, почетокот на доење е хаотичен, треба да се навикнете и ти и бебето. Немој да даваш АД млеко на своја рака. Првите 2-3 недели кај сите мајки се јавува таа паника дека немаат доволно млеко. За да си сигурна, однеси го бебушот на мерење и ќе видиш дали напредува. Ако си напредува добро, не давај АД млеко, сигурно не е подобро и похранливо од твоето. После првата паника и 2-3 недели, ќе почне „производство на млеко според принципот понуда-побарувачка“ . Сега мислиш дека не и е доволно затоа што верувам постојано бара да цица? Секогаш е така на почеток. Некогаш не бара да цица толку колку што ја бара твојата близина. Цицањето ги смирува, а близината до мама им дава сигурност. Ѝ треба и неа време да се навикне на новиот свет, до пред 2 недели била во мешето на мама и се хранела поинаку. За млекото, течности и само течности. Нема поинаков начин. И што почесто бебето да цица. Така се стимулира правењето млеко, а течностите помагаат. Вода и јогурт најмногу од се. Чај и кафе немој, заради кофеинот. Сокови природни да, газирани никако, овошни негазирани купечки-ако баш мора, ама и тоа што помалку гледај. Мене ми викаше лекарката 1 литар јогурт дневно, барем 1 литар вода и уште 1 литар сок или слично (или и тоа вода). Вака личи многу, ама јас на секое доење во секунда ожеднував како течност да не сум видела со денови, и не се ни забележува. За цицањето знаеш сигурно, гледај најмалку 10 мин на една града да е, за да стигне до најјакото млеко, зашто млекото нели си има фази, на почеток на цицањето е најреткото, она што има повеќе вода и им ја гаси жедта, а на крај е најјакото, кое всушност ги заситува и ги дебелее. Само стрпливо и без брзање. Уживајте и двете, ова е период на зближување и уживање кај вас, затоа што помалку нервирај се, што повеќе уживај во секоја секунда.
Точно како што кажа Лионес, кај нас среќа доаѓаше бабицата секој ден скоро со вага , па си знаев одприлика и колку качува малата на килажа . Инаку повеќе течности , почесто ставање на града .... Елена ти посакувам успешно доење
Мамички ептен сум тазе, прасево мое сака мн да цица, нокеска на саат и пол стануваше, вчера не пуштија од болница, незнам дали е ова нормално, иначе си кака жолтко, таман е се..ајде малце хелп за тазе мама, колку како со доењево
Добредојде и нека ти е живо и здраво малото. Немаш потреба од грижи се додека малото бара да цица ставај го на града. Така ќе ти стимулира да ти надојде повеќе млеко. Секо бебе е приказна само по себе,нема правила. Најбитно од се е да даваш секогаш кога ќе ти побара,поздрав и уживај во мајчинството
ништо страшно кога ке стане ке му дадес. моево ете 7 месеци и уште нА саат ипол станува ете му се цица де. уживај во убавите денови цицајте и гушкај те се.
Ќе му даваш кога и да побара, кај новороденче нормално е 10-12 подои дневно. Уште се адаптира на новата средина, уште не разликува ден од ноќ, башка ќе менува ритам многу често. Терајте така, ем ти ќе имаш млеко, ем бебето супер ќе напредува.
Snow јас мислам дека ти е уште мал да се буди на 4 саати. Изнеси го на светлина и провери да не има жолтица, или пак јави се на патронажната нека дојде да го види. И моето фати жолтица кога се вративме од болница, ама пак се будеше на 2 саати за цицање. Еве и сега, не поминуваат 3 часа без да цица, без разлика колку спиел.
Нормално е еднаш во денот да спие до 4 саати. Може да издржи толку, а ако е гладен ќе се разбуди и ќе си побара. Првиот пат малата кога спиеше 4 саати јас узбуна кренав се јавував кај другарки да прашам дали е нормално затоа што претходно како темпирана си беше, секој два саати се будеше. И во соба за доење прочитав докторката има кажано дека е нормално и дека не треба да се буди туку да бидеме среќни што спие толку
Нормално и потребно е да спие по 4-5 саати во текот на 24 часа, ова е од сестрите на ГАК и педијатар од Чаир.Ако е повеќе треба да се разбуди да се нарани. Мојот уште 3 ден се успа во болница,доаѓа педијатарот викам спие 5 саати го будам со скупкање(така ни кажуваа) ама не се буди,го крена размрда се разуди
Може ли некоја да ми каже колку количински од прилика е нормално да повраќа бебе после доење. Навистина не знам што да правам. Патронажната вика нормално е, не се секирај ама јас мир немам. Повраќа после секое јадење, понекогаш и после саат откако ќе јаде. Понекогаш е минимало како лига а понекогаш ми изгледа како се што исцицала го повратила. А и за цицање мака мачам. Ќе цица по 5 мин па ќе заспие. Мака мачам да ја натерам да продолжи да цица. Пробувам со скокоткање, по носето ја чепкам, ја размдрдувам, ја мрдам градата, ја тапкам по газето...ништо не успева. И поселе се буди за брзо време и плаче додека чекаме да дојде време за наредно доење (настојувам да чекам затоа што се сомневам дека можеби и повраќа од прејадување) Пелените се мокри и има кака, гледам во образите малце збуцкана е, патронажната вика и во прстињата се познава дека напредува ама јас се грижам дека не е најдена, а се грижам и дека е прејадена па да не повраќа... Да одам на лекар или не? Дај споделете искуство да си ги смирам живците
и мојот повраќа многу, повраќаше често па сега гледам фала Богу на помалку денови. Ваљда е од прејаденост, бидејќи повраќа бело и не мириса гадно. И јас бев успаничена ама малиот си напредува добро.
zdravo taze mamicki. sakam da prasam. bebusot moj e skoro 4 meseci. prviot mesec se popravi 1,5 kg a vtoriot 1 kg. tretiot mwswc okolu 700 gr. za tri meseci e porasnata 10 cm. sega tezi okolu 6,5 kg. inaku cica neramnomerno. znaci ne na dva saati, tuku pocesto, a noke znae da spie bez budenje i do 7 casa. dali da ja budam? i drugo, noseto i e zatnato dolgo vreme a se slucub\va i da potkasluva osobeno od sabajle? sto da pravam? vo bolnicive e haos i mi e strav da ja nosam. please sovet?
Мој совет ти е да не ја будиш,таа грамажа што напредува е во ред ( и кај нас беше така и др рече дека е супер) плус според мене 4 месеци има и мислам си знае колку и е доволно. За носето јас се лечев со млекото му прскав во очи,во носе и помагаше. А инаку можеш солен раствор да ставиш,за тоа не треба рецепт и не е штетно. пс.леле да не те подречам ама ко ке слушнам дека бебе спие 7 саати споено.... Ти завидувам,мојот на година ипол( одбиен од цицање) се буди по 4-5 пати