Најверојатно не ја фаќа убаво брадавицата, биди поупорна со ланолинот мачкај по секој подој и помалку нуди ја таа града барем некој ден за да се одмори/заздрави. И не, не ме болат воопшто брадавиците..
Јас ја форсирав, мислејќи внатре да не е затнато некое каналче што не може да го напипам. Ќе ја одморам малце. Дури може и вештачка брадавица да користам ден два. Ако фати бебе, зошто се гади.
Не си сама мамичке, не има повеќе со истиов проблем ...ние така 7 месеци истеравме ..левата града му е омилена до ден денес,а со дрсната само се лажеме. Јас до неговиот седми месец имав преголема лактација,но за чудо левата града се преполнуваше само, од неа можев да измолзам ко ништо 200мл и повеќе...морав да ослободам млеко заѓто мислев ќе ми експлодира градата . Десната во споредба со левата ми беше каде каде помала од неа само 60 -80 мл можев да извлечам ...и цело време така и само ролки носев да се стегам да не ми се познава разликата огромна во градиве хаха...Е сега веќе е друго,ние сме скоро 10 месеци и градиве ми се ослободија некако,не ми се толку тврди како претходно и некако самата по себе левата града си се намали...сега разгликата не е толку очигледна А бебе пак си продолжува да цица од левата града..таа му е омилена Така да џабе ќе се мачиш со одмолзување за да ја зголемиш лактацијата,мислам нема да постигнеш ништо...ајде уште неколку месеци ќе издржиш..нели сме мајки се си трпиме за нашите малецки
Значи сите сме со иста мака, на една страна цицли, на друга за ,,гревови,, зависи од која страна се гледаме ^^има некоја мајка да се пријави со рамномерни, приближно барем
Кај ова СМРДЛИ оти има наводници ^јас жими се до пред 2недели не смрдев ич, ама сега ауууффф, миј триј мишките и џабе
Овие се некаде околу 100 денари, ама ич не чинат. Јас користам на Лансинох, поскапи се, 460 ден, 60 влошки, ама според мене најубави. Купив еднаш и на Хелен Харпер, ама и тие не чинат, утоп бев целата
^ Јас ги користев baby love dm. Чинат околу 90денари, 30 влошки и супер се. Ко што трошев кутија за три дена мене на лансинох и било кои други ми немаше смисла да ги преплаќам, а овие сосема ок квалитет имаат.
Тука сум, се враќам во нормала. Домче сме и се гушкаме. не сум стигнала да пишам во мајчински, за таму повеќе време ми треба, а и дочитував што сум пропуштила.
Многу ми е мило. Гушкајте се, мило ми е ептен, само тоа да ни е работа на сите засекогаш и ајде те чекаме во мајчински. Модератори сори за офф
Мајкии ве читам подолго време и прв пат пишам во оваа тема. Имам прашање за ноќното доење. Дали со тек на време се намалуваат подоите, дали е можно и дали е паметно да се исклучат целосно ноќните подои? Многу луѓе ми велат немало потреба да цица ноќе.... Инаку мака мачиме ноќе се буди за цицање по 5мин заспива секако пробвам да го разбудам залудно го легнувам по пола саат се буди пак за цицање....умрена за спиење сум инаку 1 месец имаме
Според мое нестручно мислење мали сте за кратење ноќни подои, напротив треба да цицка барем на 3-4 часа. Вака би те советувал и педијатар и патронажна (мене тоа ми беше совет кога бебето не се будеше за цицкање). Подои ноќни е убаво да се кратат кога веќе е бебчето малку поголемо, 4-5 месеци, ама јас скоро и да не познавам некој кој успеал да го одучи бебето од ноќно цицкање, најчесто сами бебињата започнуваат да ги преспиваат ноќите кога тие си сакаат и така се завршува со ноќни подои. Можеби ќе пише некоја мамица која сама успеала да го одчи бебето од цицање навечер, добредојден ќе ни биде советот, и мене ме интересира како да се изведе такво нешто. Инаку мојата е неполн месец и навечер цицка на 3 часа (некогаш на 2 некогаш на 4), веќе не ја будам туку сама си станува за да цица. Добро напредува засега! Добро е ако се буди да цица но и да се презаспива на града, оти со големата ќерка имам искуство каде се будеше за цицање а се презаспиваше само со нишкање. Ем доев на пола саат, ем нишкав, ем ненаспиена... Само тоа да не ми се повтори!