Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    На левава града ми се направи како грутка, се масирав под туш и се измолзев после тоа ама еве уште имам. Совет некој?
     
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Како спремаш 45мл?
     
  3. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    7.634
    Пол:
    Женски
    @fana @forumce @BirMelek 1+ е бебуш, а за хип докторите ни рекоа уште кога излеговме од болница и така тераме, прво 4 х 30мл, па 3х 45мл. Првите денови во болница имаше проблем со храната, не примаше и нонстоп повраќаше, после поспан и мрзлив за цицање заради жолтицата. Јас прашав за одмолзување и давање од шише ама ми рекоа не. И така, од страв да не е гладен си давам хип. Иако искрено поима немав колку млеко имам и колку е доволно. Пумпата ја користев првите ден, два (тогаш имаше 20-30мл) па дури сега.
    @BirMelek по колку мл би требало да му давам молзено? И скроз да исфрлам ад? Некако мислам дека ад е повеќе хранливо, повеќе калорично и затоа ми е страв да го прекинам.
    @kukla21 ставам 45ml вода и 1,5 дозерка хип.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.038
    Допаѓања:
    328.279
    Пол:
    Женски
    колку повеќе ад ќе нудиш толку помалце ке ти цица на секој подој.Затоа што ад може да го држи сито и до три часа.Молзењето не ти е репер дали имаш или немаш млеко.Јас едвај 30-40 молзев а доев преку 25 месеци.И тоа само од една града.Без ад.Остави го барем 3-4 дена само на цицање,давај кога сака и колку сака нека цица .Ќе следиш дали полни пелени редовно(по тоа ќе знаеш и дали јадело убаво) и мери го.Ако качува значи сосем му е доволно твоето млеко.Не се потпирај на тоа дека ад има калории повеќе ,гледај во случајов од друга страна,твоето млеко има куп антитела кои го штитат сега бебчето од скоро се па му е мн потребно и не му го ускратувај тоа.
     
    На snegulkata, mal.ecka, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.698
    Допаѓања:
    40.060
    Пол:
    Женски
    Стварно не ми е јасно зошто докторите форсираат ад, а одмолзување и давање твое млеко не. Сигурно имаат ќар од тоа што нудат ад. Во болница кога ми надојде млеко сестрата ме одмолзуваше и даваше со шприц на малата. Точно е дека не е репер одмолзувањето за тоа колку млеко имаш ама според ова што го пиша дека вадиш 120 може да се претпостави дека имаш млеко доволно, ти пишав јас по 40-60 вадев па малата одлично напредуваше. Пробај скроз да го исфрлиш ад и давај твое во шише ако треба кога не си сигурна дека доволно е јадено. Нуди града постојано и следи дали пелените се мочкани. Ако не прекинеш со ад ќе се одбие од цицање да си знаеш.
     
    На Kaetana, Lolipop23 и joy1 им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Како мериш 1,5 дозерка. Препораките се да се прави цела доза, а тоа е на секои 30мл т.е. правиш 30, 60, 90...

    И јас сабајле експресно молзам 120 и повеќе. После потешко. Мојата одбива ад ако е нацицана. Не и влијае шишето никако на цицањето. Во љубов е со цицето :)
     
    На mal.ecka, Kaetana и fana им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.183
    Допаѓања:
    124.681
    @Minnie-e ова ми личи совет на Спасова? Глупости да не даваш измолзено.
    45 те мл и нас ни ги даде од хипп мислам со лажичка и пол ни рече да спремаме(facepalm)
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    118.723
    Пол:
    Женски
    @Minnie-e бог да чува се луѓето како можи да не даваш молзено а да даваш ад? Нуди му на бебе да си цица кога сака млеко имаш повеќе од доволно. За да го исфрлиш ад ќе мора постепено. Читам даваш 3*45, почни да даваш 2*45 и еднаш 30. Пр наутро бидејќо е најполна градата дај 30, потоа некогаш во денот дај 45 и последниот подој пак 45. Нема да е гладно ќе видиш. Следната недела ќе правиш 2*30 еднаш 45 и така ќе го исфрлиш полека. Да си цица треба бебче :inlove:
     
    На Minnie-e, kukla21 и eli25 им се допаѓа ова.
  9. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Ад ми го плука и да не е нацицана ми го плука сега со чајче ја пробувам ни чајче не сака од ко ќе цица да пија а да ја ставам ан града си продолжува како да нема цицано и цица уште најмногу 2-3 мин со прекини и толку а ко ќе ја ставам на града без прекин цица без одмор 7-8 минути
     
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Пак јас
    Се трудам да го доам синко и избегавам да давам ад
    Само со доење напредува по 1200-1500гр месечно ама...
    После секој подој плаче,по 4 пати најизменично го ставам на градите, некогаш и притискам дополнително за да надоаѓа повеќе млеко и да неморам да давам ад и пак е гладен
    Завчера пробав со ад после подој и пиеше од 60-90мл
    Незнам што да мислам
    Веќе некој подолг период е така,мислев ќе помине ама трае повеќе од месец дена
     
    На mal.ecka и TutiFuti им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.038
    Допаѓања:
    328.279
    Пол:
    Женски
    сигурна ли си дека од глад плаче?
    1500 гр за месец дена само на доење е и повеќе од доволно
     
    На Annath, Kaetana и TutiFuti им се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Па препознавам да
    Грчеви не се, кога му давам ад се смирува и заспива
    Знам дека напредува одлично само со доење затоа и избегавав ад се до завчера
    Едно жално е за гледање само плаче друго нервите :tmi:
     
    На mal.ecka и TutiFuti им се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    А зашто не ми е јасно на 1200гр-1500гр месечен напредок да се дава Ад? Кој тоа ти кажал или ти на своја рака даваш?
    Можеш желудникот само да му го расипиш и прошириш. 1200гр некој бебиња за 2мес ги качуваат.
    Бебе е бебе незнае да збори и кумуницира со плач, кога е уморно,кога е во скок,го боли нешто, сака топлина,ако му е ладно или топло, го боли стомаче итн плаче зашто незнае поинаку. Да беше гладно нема да полни пелени и нема поеќе од 400гр да качувате месечно. Нормално дека ќе испие понуденото,некој нема да испие ама некој бебиња ќе испијат па и по 40мл после подој да даваш и иако е сито, ретки се но ги има и такви а ете и твоето е такво полакомо.
    Ова да чуе педијатар или лактациски консултант дека на таков напредок даваш Ад ќе се запрепасти. И не е начин за да се смират нервите на мама да се даде Ад. Немој да дозволиш да направите проблем на стомаче/желудник. Исфрли Ад и дој си.
    Ќе има фази и вака ќе плаче и дур почне да збори. Ене го најаден и сит па некад ќе почне да вришти ќе помисли комшијана го млатам, ама тоа е бебе е. Во мојов случај заби вади и фаза на проодување е и хаос е.
    Не прашав само колку месеци е беба?
    Ако сте 3+ е тоа оној скок (читни за скоков ) кога многу мајќи мислеле им се гладни децата ( а напредувале супер ) и имале фази на плачење итн. и почнале со Ад. И со Ад воведување и намалување на подои што е многу нормално, дошле до фазата кога едноставно немале добра лактација и завршиле со доење и сеа се само на Ад. Не прави таква грешка. Мада искрено ти најубаво си знаеш, иако педијатар кој и да прашаш ќе те искара што даваш Ад.
     
    На Annath и emkaemka им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Нели имаш пишувано и порано дека навечер даваш Ад?
     
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    Да, навечер давав само а сега и почесто
    Се трудам да остане само на доење дека вистина напредува супер ама дете се убива од плачење дури не се најаде како треба,месец дена веќе сме вака,баш од тогаш кога пишав дека навечер давам ад и пие по 150мл ли ништо

    @sofi2107 не бев да искоментирам ама морав
    Постовите ти се полни со бес некако...и предходно те имам читано
    Знам јас како плаче бебе од заби, скок во развој, кога го мачи нешто друго и глад
    Не сум сезнајна и побарав совет а не некој да ме искара
    И нормално дека се имам консултирано со педијатар и овде верувај не им беше чудно при таков напредок да е гладно
    Некои деца за вагата се добри ама не значи дека нив не им е потребно повеќе млеко
    Трето, зошто да не е начин да дадам ад за да си ги смирам нервите :shake:
     
    На wannaBeMomma, Chantal, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    :bow:
     
    На wannaBeMomma, Igle и Mari* им се допаѓа ова.
  17. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    @Mari* почит за тебе што се трудиш да сте на доење, но некогаш напредокот на детето не мора да значи дека е најадено.
    На колку часа ти се подоите?
    Да пробаш да зачестиш доење?
    Пример ако сега се на три часа, да нудиш на два? Така ќе стимулираш почесто создавање млеко, со тоа ќе се зголеми и количината што бебе ја исцицало...
    Крајно, не е грев ако даваш ад, најважно дете да е мирно и спокојно, не гладно, со тоа и мама мирна и спокојна...
    Може ќе намали неговата потреба за дојадување ад после цицање...а може и не...некогаш едноставно такво си е детето...
     
    На pile30, fana, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.183
    Допаѓања:
    124.681
    @Mari* а ти бљуцка откако ќе испие ад и ќе цица? Ако не дефинитивно му е за јадење.
    А баш чудно колку супер напредува.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.729
    Допаѓања:
    45.625
    Пол:
    Женски
    На еден час бара да цица, 15-20мин цица
    Самото тоа што виси на цице и пак е гладен укажува на глад
    Додека пак кога ќе му дадам ад 2-3 часа е мирен
    Млеко имам, само што изгледа не доволно за него
    @eli25 сега не
    Првите два месеци ми повраќаше а сега воопшто не
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Немав намера да ти наметнам ниту да звучам лошо. Немав лоша намера.Напротив намерата ми беше да ти објаснам дека нема потреба од Ад кога се измолзува толкава количина и се напредува над просек. Барем од искуства прочитани од 1вата па до последна страна, лично искуство и од блиски. И мојот напредуваше по толку и имаше денови вриштеше. Кога реков Ад ќе дадам педијатарката лом ме направи. Недадов никогаш. Еве го порасна машала и супер е и секогаш убаво напредувал.
    Инаку да, на темава доење сум бесна кога се дава АД пр. ете во вакви случаеви. Не бесна на некој стриктно туку несвоиствено несфатливо е општо. Ако бебе не напредува и мама нема млеко многу нормално Ад ќе се дава, затоа е и замена на м.млеко.Сум за Ад ако се има потреба па и ја ќе давав да треба.
    Друга причина е што темава е за доење, а веќе наназад 1мес темава излезе од намената и се пишува за комбинирана прехрана и Ад. За тоа има други теми. Темава е Доење и само за доење. Се бараат совети и споделуваат искуства од нејзиното постоење само за доење. Неможе совет да ми даде ( кога ми требал ) мајка која бебето и е на Ад или комбинирано зашто неможе да даде компетентен совет. ( ова е општо не за тебе ).
    Шо е муабетон со наклонот на Кукла :) . За што наклон??? Па ни она нее компетентна зашто не се на ексклузивно доење од раѓање.
    Компетентни се неколку од кој најкомоетентна е Каетана која и за тоа се надоградува, учи и има искуство.
    За што наклон?? За тоа што за да си смири мама нерви ај дај Ад?
    За мене најнесватливо. Па давајте само Ад тогаш и нервите ќе се смирени ( ова е општо не за некој лично ). Па ќе плачат за се и сешто и понатака како ќе растат. И што ќе се дава тогаш за да се смират нервите на мама....диезапам или ?
    Па сите што сме доеле ексклузивно, немал кој да не замени ние доевме па има бебиња шише неприфаќаат ни под разно ( зашто со Ад може секој по дома да нарани со шише ), живи ненаспани, со царски рана боли а ти доиш, рагати, маститис, крвави брадавици, нервозни ти иде да вриштиш коса да си кубеш од ненаспаност и болка, бебе плаче зајдува, па болно....и....за да си смиревме нерви требаше Ад да дадеме? Значи да нема забуни не зборам за Ад како Ад, потенцирав дека ако се мора се мора и ќе се дава зашто и тоа е храна. Но, муабетот е за давање Ад за да и се смират на мама нервите. Ете за мене несфатливо.
    А доколку бебе е гладно тогаш нема пелени да полни,ќе намалува во килажа,ќе спие повеќе ( од глад често спијат повеќе ), плачот е толку силен и различен што пара уши и ни 300гр месечно нема да качува. Е тогаш нормално дека ќе се дава Ад па ако тррба и скроз со доење ќе се прекине. Но, ете тоа ми параше очи и затоа ти пишав... давам Ад за мама да смири нерви.
    И верувам дека ниеден педијатар не те советувал на месечен напредок од 1200гр-1500гр да даваш Ад. Зашто бев во иста ситуација и со 3јца се консултирав лом ме направија.Невозможно да те советувал некој.
    Убава вечер.
     
    Последна измена: 18 февруари 2018