@Mari* после 3 месец нормално е да качуваат помалку ( тоа е тој просек околу 600 гр сепак убаво напреднал пак) Моево првите 3 мес качуваше 1.400,1,1.1100 и потоа почна по 600 гр. Педијатарот ми објасни дека е нормално. Ако качуваат по кило и нешто секој месец на година што ќе бидат
Мојава никогаш не напредна повеќе од 750 грама. Тоа беше максимум. Не ме советуваа никогаш за дохрана нешто специјално, ниту докторката гледаше проблем во напредокот. Се гледа дете активно, отворено во очите " шеснаесет" Од 4 месец натаму продолживме со доење и ад. Гледам кај повеќето од вас напреднале над 1 кг со доење што е одлично. @Mari* за 20 дена 620 грама со доење се одлична бројка. Но, тоа се општо прифатени бројки, ако мислиш дека на детето му треба повеќе, давај му и дохрана.
@Mari* јас сега се збунив Ако бебо ти има 3м и на почеток знам даваше АД, тука чат пат те читам/в дека даваш АД особено навечер (може грешам ама се мислам дека ти си) па вчера викаш качува месечно 1.200/500, сега викаш за 20дена 620г, на Ели и викаш првите 2м бјуцкал по доење и АД сега не.. Па кој ти е тој цел месец само на доење, а да качил 1.200/500 Не ме сваќај погрешно те молам, ама се мислам дека тебе толку ти качува на комбинирано, па макар АД даваш чат-пат. Ако стварно е така, бебо ти е гладен и затоа ти вришти, не му стигнува млекото од мама, не е малку 620г за 20дена таман е, ама чим он плаче и не е задоволен давај, а кога даваш дохрана е бајче ич не се мисли
Да се разбереме,јас никаде не пишав дека сме на ексклузивно доење До 9 недели само се доевме и имаше повеќе од 2 кг напреднато После тоа почнаа плачките па почнав навечер да давам ад Да,баш овде пишав Пишам цело време дека се трудам да останеме на доење ама дете е гладно па морам и ад да давам иако и само на доење напредува супер И да, за 20 дена е добро 620гр (од кои последниве неколку дена најизменично давам и ад)
Ќе видиш те лајкнав каде бебе имало 1-2м и кажуваш дека даваш АД.. (не ми требаше многу време да најдам, пишав горе Мари, АД, доење и излезе ). Значи никогаш не било само на доење, ни до 9та недела! Туку до тогаш си давала чат-пат АД и бебе било мирно, па последниве 3недели си инсистирала само да се доите ама не иде, бебе вришти, плус веќе е поголем па и повеќе бара. Тоа е тоа Мари давај АД и успокои бебе, не му е доволно твоето млекце, си пробала не иде, грев е бебе да се мачи, и чим 620г качил, а притоа си давала АД последниве денови, а претходно вриштел за јадење значи дефинитивно на мама млекото е малку..
Мари, давај ад ако е гладно. Подобро тоа отколку да вришти бебе по цели денови. Јас не знам што се толку некои против ад, ко да ги труеме децата што даваме ние Ад, малку треба да се внимава што се зборува. Инаку, истите тие што се строго против адаптирано им даваат на бебињата чоколадо, пудинзи и слични такви работи. Ги имам такви и во околината.
Една недела повеќе или помалку со ад што разлика ти направи и каде виде дека од секогаш давам ад де најди го тоа и лајкни го да видам
Обрни внимание на датите не се недела/две. Јас не се докажувам само сакам да помогнам/ме ама кога нема прави информации се е каша попара
Мајќи да се пожалам и тука. Градите ми се цели како исечени. За жал едната веќе покажува и знаци на раскрварување. Пробав вчера со силиконска, ја фаќа, ама не почнува да тече млеко(не го слушам да голта). Ја спремив за ноќеска и се молам да успееме, ама ме фаќа паника што ако не успеам. Како ли ќе го дојам? Има ли некое чаре?
Ја местиш ли убаво силиконската? За и со неа да повлече убаво бебе? Ако е изместена или па си земала несоодветна големина тогаш нема да е успешно.... Ако се тоа е ок, знај на бебе му треба дупло сила за да повлече преку силиконска, знам од искуство...почекај го минута две да видиш дали ќе се адаптира...
Имам, работата е ме фаќа паника ако давам ад за да ги одморам, да не ми намали лактацијата. Па мислам дека е соодветна. И за пумпата користам најмала инка и од брадавиците имам најмали, зошто имам мали гради со мали брадавици. Ќе пробам да го оставам подолго за да повлече
Мислам не зашо јас сега почнав навечер да не се одмолзувам по 7 8 саати (порано станував на 3 4 часа) ама не ми намалила. Исто количество си вадам млеко и сега.
@Ano нема да намалиш лактација, проблемот е што може да се преполни градата. Те боли ли молзењето? Ако не молзи се штом фаќа шише. Ад капки мене ми помогнаа кога едната брадавка буквално ми беше расцепена на пола. И фризидерм. И шетање гола.
и јас топлес седев по дома ама па стварно помагаше.Мачкав и кокосово масло за да зараснат раните.Мене брадавиците буквално ми се лупеа парчиња и остануваше како дупка
@BirMelek @joy1 благодарам за советите. Ќе пробувам се едно по едно. Ноќеска ќе ја нудам вештачката на таа што е раскрварена, ако не сака ќе ја нудам друата, па сабајле ќе прејдам на следен чекор. Ќе пробам рачно да измолзувам, ќе мачкам, ќе шетам гола, се што треба само да се среди.
Ланолин мачкам, а електрична не доаѓа во предвид, уште повеќе ќе ми ги разрани. Ноќта ја поминавме со неуспешни обиди за цицање со силиконската. Првиот пат вриштеше од неа, а вториот пат си играше. Затоа само од другата града цицаше, а оваа ја одмолзев утрово. Продолжувам со борбата денес, побторно ќе се обидувам со силиконска и ќе се молам за тоа време да не се разрани и другата.