Исто. Имавме полна пелена после секој подој. Се регулираше со тек на време. Еве сега е еднаш дневно, а понекогаш знае и да прескокне некој ден.
@kukla21 ме тагираше по грешка. @Marlana сигурно веќе прочита. А за доењево ноќе, левата мене ми додржува. Десната ме боцка. Па ја давам неа пред спиење, понекогаш ставам зелка. Прв подој после тоа, накај 2,3,4 ч зависи, давам лева, па потоа пак десна нудам. Тераме некако, иако признавам ми се вришти од градиве.
Ве читам за какиве, еве и мојата месец ќе прави за два дена, а кака после секој подој скоро. Значи ќе се намали со тек на време? Нормално е да се намали на еднаш дневно?
Како се справувате со градите кога му воведовте оброк на бебе? Вчера ја изеде цела каша и не сакаше да цица. Едната града ми стана многу тврда што дури и ме болеше. Да се одмолзувам ли што да правам?
Одмолзи се колку да ти олесни. Ако цела ја измолзиш, нема да намали лактацијата. Со воведувањето на оброци, ќе се прилагодат и градите на тој распоред.
Добро е штом ќе се прилагодат. Ме болат и ми се тешки. Еве сега измолзив 80мл од двете колку да ми олекне.
Ве молам за совет, некој со слично искуство. Малата е 4 месеци и 1 недела, а од пред 2 недели почнав навечер и со дохрана. Од пред некој ден никако не сака да цица и штом ја ставам на града ќе повлече еднаш и вришти, плаче до зајдување. По цели денови е гладна и само пие АД навечер и тоа по 150 мл. Можно ли е да се одвикнала толку брзо од цицање или јас немам млеко? Не сакам и преку ден да и дадам АД да не се одбие целосно, но ќе морам ако продолжи вака. Не можам гладна да ја оставам.
По ова што го кажуваш мислам сте одлични. Нема потреба да се трудиш од воведување ред, бебето само ќе си го направи редот кога ќе му дојде. Не е машина тоа па секогаш во исто време да цица и спие. Ќе дреме и цица се додека не почне да го интересира се околу а може ни тогаш. Мислам дека немаш за што да се грижиш
Буквално истата ситуација е и кај мене. Бебе е 3 недели, спиењето и цицањето навечер е исто како што го опишуваш, истите саати, што мислам дека е баш одлично, со оглед на тоа што, како што викаш - преку ден цица колку ска и кога сака, со викање за храна, а веќе полузаспана. На почетокот и преку ден си цицаше на 2 саати и веднаш спиеше, а сега е кога ќе викне - тогаш, без многу спиење помеѓу. Мене многу ме радува што навечер има "ред".
и кај нас преку ден така, некогаш два или три подои ќе има спиење едно - мене ми заспива ама после неколку минути ќе се расони и толку беше. посебно ако пробам да ја преместам. а градиве ми се чинат празни после кога и давам наскоро пак. дали мислите дека вака доволно се наспиваат? дека треба на почетокот 15 и повеќе саати да спијат, не знам дали ги фаќа толку.. јас обично по 15-20, тогаш скоро секогаш веќе е заспана и слабо цица, ама некогаш има грчеви или не знам што и сака по пола саат или повеќе да седи на града.. кога ми е жал зошто знам треба да заспие ја оставам
@KidA кога ќе се нацица нишкај ја и полека извади ја градата, со нишкањето поцврсто ќе заспие па ќе ја спуштиш. Пробувај, некогаш ова ми успеваше, некогаш по цел ден само во раце спиеше, нормално е се. Запишувај го секое спиење или симни си апликација и ќе видиш колку спие во текот на цел ден. Многу е важно за мозочето да имаат доволно сон, па затоа и по цена да го држам во раце си преспиваше моево.
и моево исто, премногу се малечки, сакаат топло и сигурност. ние имаме три недели и дење скоро цело време во раце спие. навечер до мене. некогаш татко и ја става во слинг и така исто супер спие. јас само штета не можам градава ми е воспалена и на притисок те и на најмал допир ме боли ми текна од ланолинот ставате горе на крајот на брадавицата? мн ми е чувствителна, и цело време ми е набабрена како после доење, не омекнува..
ех малку ми олесна... јас мислев само мојава нема ред. и јас си ка држам во раце да ми спие, кога знам дека и треба сон. бабите зборат ќе сум ја разгалела ама од едно влегува од друго излегува. премала е за разгалувањр, уште не разбира причина и последица. не знам дали сум во право ама мислам дека она заспива на цице и не се доцицува. и затоа се буди кога ќе ја спуштам во креветче. а во раце спие и нема мука. јас се грижев дали цица доволно ама за една недела качи 340гр што е одлично. па ваљда она си знае кога и доста цице