Зависи. Ти пишале и тука совети и д-р сигурно ти кажал, ама да ти кажам мене што ми помага најмногу. Цицање во движење. Шетаме и цица, или барем стојам нишкам и цица. Така цица најдолго и најмирно. Успева и тишина, темно, тоа го знаеш веќе сигурно, а некогаш, посебно подојот пред спиење вечер, со тивка приспивна музика, ние со онаа со која спие обично. Да не е прегладнета, да не и се спие, да не е нервозна. Кога е највесела, најсмирена, си гледа, си лежи, си игра или од релаксатор, ја земам едноставно и и нудам. Некогаш успева и цица. Навистина ќе помине, ама те разбирам и јас си плачам некогаш. Често
Кај моево цели 5 дена, навечер ако цицнеше полузаспан тоа беше и тоа шетајќи и го држев во некоја положба да биде подисправен преку ден цицка да не види. Наредните 5 така-така денски, навечер на 1ч се будеше за цицање
Ми успеваше шетајќи, сега не сака и така. Само што ќе ја ставам во легната положба одма сирената ја пушта. @Вереничка ми успева само по спиење денес. Да се успие, па после фаќа цице. Вчера успеав во темно, денес не сакаше. Сврти ја хоризонтално, ауууу!! Па не можеш ни да ја смириш после тоа! Уф!
Освен подршка да издржиш друго незнам што да ти кажам. Истиот проблем беше, навали во положба за цицање се уклучуваше сирена. Мене не ми успеваше во темно воопшто. Некогаш шетајќи, некогаш штом ќе се успиеше го земав и го ставав на града. Шише тој период не сакаше со очи да види. Со шприц некогаш колку можевме му дававме. Плус јас бев под притисок зошто мораше да качи на килажа за операцијата, а он уште толку не сакаше да цица. Ноќите користи ги за цицање. И верувај ќе помине. Најдобар совет што го имам добиено е психички да се спремам дека се се тоа фази кои поминуваат. Нормално и јас си приплакувам кога ми е тешко, ама после главата горе. На малите сме им потребни и мора да сме смирени зошто се осеќаат.
Да не те плашам....скоро 1мес трае оваа фаза. Оваа е таа фаза за која сме пишувале многу пати, кога многу мајки се откажуваат од доење и се префрлаат на АД. Од причина што стравуваат дека бебе е гладно, да не немаат доволно млеко, да смират ситуација на плачење и неспиење на бебе, страв да не падне на килажа итн. Убаво е овој период барем на една недела мерење за да мајка биде смирена дека бебе убаво напредува. И да не цица преку ден доволно, најбитно е навечер да цица. Ноќните подои т.е. со цицањето навечер ќе се надокнади денското нецицање. Обично навечер во сон па и полусон ќе исцица количински макар и на интервали да е. И по 5 повлекувања да е денски сепак меше полни колку толку, а навечер целокупната мл од 24ч ќе ја надокнади. Ова е најлошата фаза т.е скок што е од бебешкиот развој. Кај мојот траеше скоро 1месец и немисе веруваше како на такви протести за цицање качи над 1кг. Па се потврди тоа дека навечер што си цицаше и денски на интервали по 5 повлекувања дека сепак не бил гладен. Нит со шприц, нит со шише давав само цицка нудев. Ќе пуштев вода во кујна и така го доев, шетав и во раце малку подисправен го држев, правосмукалката ќе ја уклучев, Mtv hits малку погласно, на јутуб пуштав " Детски песни " ( барај вака е насловот ) околу 1ч траат Златно Славејче и ден денес ги слуша, ќе се соблечев горен дел и него ќе го соблечев и кожа на кожа и така доев ( сега е зима па ќе затоплиш спална додатно ) , пуштав од Бели звуци звукот на кола, некогаш сакаше светло некад не па се прилагодувавме, неколку пати буквално када полнев и така доев ( читав на странски страни и стварно успева ) , легната јас и он до мене легнат и така доев..... и најбитно е кога ќе почне да се мрда да негодува, кенка одма прекини со доење да не дојде до фаза на плачење зашо толку ќе е. А, почне да мрда нервозно крени ја шеткајте, пејте, гушкање, смеење и оппп пак на цицка и така во круг. Навечер бањање со малку потопла вода, облечија, пушти на јутуб релакс музика за спиење за бебе ( ја гасев светло и само тв на јутуб и таа светлина шо беше ) и легни ја до тебе дој легната или во раце. Ако имаш термофорче ( она со вода што се полни ) стај на стомаче ( не дека има грчеви туку топлината ќе ја опушти ) или позади на грбче ( не на бубрези ) и дој. Се надевам ќе помогне нешто од ова. Едит : бебе ја осеќа и најмалата напнатост на мајката. Мене кога ќе ме фатеше криза го давав на мм или ќе го ставев во релаксатор на вибрации ( нормално не ако плаче ) и 5мин излагав на тераса на воздух зашто мислев на моменти дека нервно ќе попуштам зашто незнаев веќе што да направам.
Кај нас успеваше или заспана, ама не цврсто, или веднаш штом ќе се разбуди. После немаше шанси. Ни цицка ни шише, ништо. Траеше околу 3 недели кои се уште ги памтам како едни од најтешките за мене.
Како се топли млеко од фрижидер? Прво на собна или? Колку степени треба да биде за да го пие? И колку време им треба на градите за повторно да се наполнат со млеко?
Само на собна или евентуално за побрзо во топла вода. А градите незнам за колку се полнат, но за да ги измолзиш 2-3ч се доволни.
Женски ваше мислење... Пишував и претходно, покрај доење давав и 3 х 45 мл Хип по препорака од педијатар. Истиот на 1+ ме советуваше да продолжам со 2 х 60мл бидејќи добро напредува (не пробав). Два дена после тоа моравме на контрола но се погоди друг педијатар кој ми рече дека тие оброци за него се како маслинка во мојот и дека нема потреба од Хип кога добро напредува (околу 35гр на ден). Конечно некој ме подржа во идејата за ексклузивно доење и решив да пробам барем една недела без Хип, само доење. Тоа и го практикувам, еве веќе 10,12 дена но многу ми е страв дали му е доволно. Инаку уште на прегледот добивме дијагноза бронхеолитис и после два дена завршивме во Козле (една недела) нормално со терапии, а доби и пролив и неколку многу зелени столици. Еден ден беше многу вознемирен па ме фати страв да не е гладен. Нудев цицка, доодмолзев околу 20,30мл и пак од страв направив Хип 45мл кои прво не ги сакаше ама после ги испи. Почнав да кревам паника, беше вечер ама барав доктор. Мерете го, пролив има... гладно ли ми е детето? Детето ти спие, значи не е гладно, ставај го почесто на гради и уживај беше одговорот, имаш млеко. Само што детето испи и Хип, а докторкава немаше поима дали и колку имам млеко. Сега сме дома, а мм на секој плач ми вика може е гладен. Завчера го мерев дома и испадна дека качува по 12,13гр на ден (од прегледот кај педијатарот), а вчера имаше плус 70гр. што значи во просек околу 18гр на ден. Пробав и со одмолзување (зашто мм вика може немаш доволно млеко). Цицаше и после 20мин. одмолзев 70мл (му ги дадов, ги испи), па после 2ипол саати 90мл. (ги испи). Според ова, имам ли млеко? Да давам ли Хип? Докторката спомна и дека при комбинирана исхрана имаат повеќе тегоби. Дали тоа што малку качувал е заради моето млеко или сепак има улога и тоа што беше болен, затнат нос(уште му се затнува), пролив... и секако не сум сигурна во килажата зашто е мерен на различни ваги. Секако ќе го однесам кај педијатарот, но чекам прво да одиме на контрола во Козле па сакам во меѓувреме да слушнам и ваше мислење. Инаку допрва почнува да му се регулира столицата.
@Minnie-e мислам дека послабиот напредок се должи на болеста. Ако после подој (така разбрав од пишаното,поправи ме ако грешам) можеш да измолзиш 70 мл и те како имаш млеко и немаш потреба од дохрана. Давај му да цица секогаш кога мислиш дека е гладен и прати дали е мирен дали си спие и дали има мочкани пелени. Со помин нека е
@Minnie-e, си имаш млеко, немој да се сомневаш во тоа. Проливчето на болница ви е од антибиотикот, вознемиреното е од твојата вознемиреност а носето ќе си хрчка, битно е само редовна тоалета на истиотото. Ќе почне да си крева на тежина, малку по малку, само нека се опорави од терапијата која ја примало. Се додека е весело и разиграно нема место за паника и сомнеж. Ова од паталец.
Јас ги пијам пренаталните и вит ц. @kukla21 моево засега успевам да го нацицам со шетање и зборење, издржи и не плачи можеби те осеќа, сигурно е фаза и ќе помине а ти чувај си го нервите што се помина па ова ли нема
Мајки бебушот ми има 4-5 пати оброк т.е цица ама некогаш цица по 10 мин некогаш 30 мин шише нејчи да ми фати само цицка бара одвај шише фаќа за чајче.. Од ко ќе с енацица спија по 4сати некогаш помалку некогаш повеќе еве да речиме од 3до 5 часа спија станува зависи или 2 сагит ми будно или 1 а некогаш и повеќе до 3-4 сати.. Ноќе спија по 6 сати се случува во 11и30 да заспија ноќе и да стани сабајле кај 6 сатот за цицање само 1 месец имаме.. Да не му е малку 4-5 пати на ден не го будам го оставам тоа да си одлучи кога сака да јади ко ќе побара тогаш му давам ама тро сега ме фаќа паника да не е гладно да не му е нешто оти читам по 6-7 пати доенчиња од 1 месец цицале
Се имате мерено ? Ако качувај ок е... но сепак треба да има барем 6 цицања бебе од месец...минимално е и ова дури.
Mojava na saat cica ama kratko,najmnogu 5 min.ama noke si stanuva na 2-3 saati.Vaka ko malku mi zvuci tvoevo. Jas do 6 nedeli ja budev na 2 casa i uspana da bese za doenjePosle pocnav da ja ostavam koga ke se razbudi togas ama pak taka se budi.
Совет од постариве тетки демек за јадење не ја разбудувај кога сака таа тогаш до сега 4 пати има цицано од 6 сатот си велам дека уште два пати ќе цица до 12 :/ т.е до 6 за 24часа да биди Имаме некогаш по толку некогаш до 5 само а некогаш и 7 зависи од денот ама си качува супер килажа како шо ми рече педијатарот 800 грама за 1 месец ми рече средина доволно е