Ден пред да ме пуштат од болница на цимерката и донесоа јагоди ( домашни ) се изнајадовме Еве 11мес е синко и од прв ден јадев све и никогаш немал проблем. Поготово летото се прејадував од секакво овошје и цитруси. Исто така и кикирики и до ден денес. Пијам и газирано и све освен алкохол ( пивце пијам ептен ако е некој повод ). Ќе си јадеш и пиеш све и ако има реакција од нешто ќе го избегнуваш тоа.
Мајки, имам прашање во врска со измолзување. Кога се измолзувате, после доење или? Имам една ситуација кога морам да излезам на неколку саати, па сакам да оставам млеко за бебе. Досега не сум се измолзувала, ептен на почеток додека уште само колострум имав, па ме интересира.
Обично најмногу млеко има насабајле. Јас давав да цица, па после пола саат ставав пумпа. Ако нема доволно, по следно цицање пак, додека се собере доволна количина измолзено млеко.
Ќе пробаш и после подој, ама не верувам дека ќе извадиш многу, евентуално ако бебе цица од едната, а ти да ја измолзиш другата. Инаку јас се измолзував навечер кога ќе заспиеше бебе, сврзуваше по 3 часа, а јас измеѓу се молзев на саат ипол.
@Leo_29 да, сабајлечки и планирав, знам тоа. Фала многу, имам доста млекце фала богу. Е сеа заборавив исто да прашам, колку мл за бебе од месец ипол? 80, 90 мл? Немаме уште матичен педијатар, немам кого да прашам за сигурно
Мајки дали практикуватр ред или доите колку сака како сака... моево е две недели и се на граду ми е.. ќе цицне ке поспие, па после некој пола саат пак.. ало го тргнам од гради одѓа се разбудува... пукнав .. по цел ден и по цела вечер доја. Немам време за другото дете... до кога ќе е така
Ред на доење на толку мало бебе не е возможно да воспоставиш, додуше моево е 4м па ред не сум воспоставила, сам си воспостави со тек на време. Следи го дали голта, закачкај го да седи будно и да цица ефективно, бидејќи не е само да виси на цице и да ја користи како лажалка, треба и да се најаде. Во тој период нас подој ни траеше околу 40мин, ефективно цицање некои 15мин нека беа, другото будење, закачкање и сам се тргаше од града кога му беше доволно, а на 2-3ч бараше пак, доев и дојам кога сака, колку сака, сега е 4м и бара на не помалку од 1.5ч и подој ни трае од 2-10мин. А што плаче кога ќе го тргнеш, си бара топлина и сигурност, си ја бара мама Зависи, пиеше од 60-100мл, зависи колку се нацицал и претходниот подој, остави повеќе па ќе даваат, 120мл најмногу нека има
Зависи колку цица. Моево е лакомче, колку ќе има толку ќе цица. Мислам дека максимум 100 е доволно за едно цицање. Моево би испило 60-90 отприлика.
Ај некој од поискусните ако сака да да ми даде некој совет. Бебето ми е три недели и два дена и уште мака мачиме да се научиме да цицаме. Кога се породив од одма почнав да го ставам бебето на града, си имаше рефлекс за цицање, ама јас уште немав млеко, па најчесто плачеше и заспиваше на града. И така тие два дена во Систина, ќе го земеа сестрите и ќе го нахранеа со АД, мене ми ги масираа градите ама млеко немаше. Ми рекоа да си купам Аптамил дур да ми дојде млеко. Сабалето кога требаше да не пуштат дома осетив дека градите ми се потврди и потешки и сфатив дека најверојатно ми дошло млеко. Дома го ставав на града, ама пошто имам порамни брадавици, му давав преку силиконска брадавица. Си седеше со саати на града, а ништо не извлекуваше. И така цел ден, бебе на града, плаче, па ќе заспие. Се јавив кај педијатарот ми рече да му давам помала доза Аптамил дури да ми се разработат каналите, дека бебе не смеело да биде гладно. Ок, почнавме со 30 мл наместо 60. Имаше потреба за повеќе ама намерно не му дадав со цел да извлече повеќе од града, али без успех. Утредента градите веќе ми беа како стврднати и осеќав нелагодност, па се јавив на патронажната сестра, дојде жената истиот ден и стискање, молзење, ужасно болно, и ми рече дека бебето ништо не влечело и затоа така ми се стврднале градите, али као сега е ок веќе и дека може слободно да почнеме да се доиме. Откако ме истиска осетив олеснување и јас, и ги чуствував градите помеки. Со стискање она извади по 20 мл од секоја града. Ајде почнавме пак со цицање, ама ја пак осеќам дека бебе ништо не цица. Почнав да се одмолзувам со пумпа, дур да почне да капнува млеко, пумпата влечеше едно 5 минути. Никогаш не одмолзев повеќе од 60 мл од двете гради, а кога молзев повеќе пати во денот немаше ни 30. И вака сме веќе три недели. Бебе пие АД, пола доза од што треба, седи на града, влече, плаче и заспива. Не исцицува ништо, единствено мајчино млеко што го пие е тоа што ја му го од одмолзувам со пумпа, а тоа не е никогаш повеќе од 60-70 мл дневно. Дали проблем се силиконските брадавици па потешко му е преку нив да влече, дали јас немам доволно млеко, зошто кога се одмолзувам само капе никогаш не шприца, дали бебе незнае да влече, стварно незнам. Патронажната последно ми рече да фрлам пумпата и да го оставам сам да си извлече, ама како кога го гледам дека ништо не извлекува, на силиконската брадавица се познава кога ќе ја извадиш. Ми е страв да прекинам да се одмолзувам зашто ќе го однема и ова малку што го има. И сега незнам што да правам. Сакам да го дојам, ама не сум паметна што треба да направам. Дали да го оставам скроз гладно и да не се молзам, дали да продолжам со пумпата, стварно незнам. И дали воопшто има шанса дека ќе почнеме да се доиме? Секој совет ќе ми биде добредојден.
И јас би рекла да ја баталиш пумпата и да го ставаш бебето почесто на града. Кога ќе почне да влече ти прави компресија за да му надојде повеќе млеко и да почне повеќе да влече. Со шишињата и пумпата само ќе си ја навлечеш бељата. Мало е и уште нема сила да влече убаво, но со шишиња и измолзено млеко му ја олеснуваш работата и може никогаш да не фати града. Друга работа е што не можеш да очекуваш да измолзиш многу колку што тоа може да исцица. И јас повеќе од 30мл не сум одмолзувала а сум се преполнувала, баш како кај тебе кога ти биле камен. Плус рано е кај тебе да шприца, лактацијата сеуште не е воспоставена. Се воспоставува некаде до третиот месец ама до тогаш упорност и коњски нерви
Прво и најважно, биди смирена и прави како што сметаш дека треба. Млекото надоаѓа после 20-30 дена по пораѓај, што значи уште убаво не ти е надојдено. Најдобро е прво да цица, па после да му дадеш ад. Нека виси цел ден на гради, една, па друга, па пак прва и така се додека ти сметаш дека е ок. Измеѓу подој молзи се. Значи доиш, одмараш еден саат на пример, молзиш, па за пола саат-саат пак доиш. И така 24/7. Ад даваш на три саати. И се така дури не фатите ред. Можеби ќе се префрлите само на доење, а може ако нема доволно твое млеко, ќе терате комбинирано. Јас вака терав месец ипол. Сега само се доиме.
@BoaVista никако да оставаш гладно бебе, така никогаш нема да се научите да се доите, само ќе добиеш нервозно и плачливо бебе и бебе што нема да напредува! Нуди града секогаш пред АД, измеѓу, нека влече, нека се учи, нека те стимулира да ти надоаѓа. Додека се обидува да влече стискај ја и ти градата да му тече, покренија да не му смета кај брадата и буди го, закачкај го, сите бебиња на почеток повеќе спијат него ли што цицаат. Со шишето му е топ, лесно му тече, брзо се најадува и спие. И како ништо не влече?? Се осеќа бебе кога цица, ти не ли осеќаш, па и се слуша или најдобро стави два прста под брадата накај вратчето и ќе приметиш дали голта. Следи го секој момент додека се доите и ќе приметиш! А на почеток додека лактацијата не се регулира може од час до час да ти станат камен градите, наеднаш надоаѓа млеко. Моево првиот месец напредна 1.300г па најчесто камен ми беа градите и никогаш не ми шприцале, туку капеле и да сите на почеток мислиме дека немаме млеко. Купи си пумпа рачна/електрична твој избор и олеснувај си и златно правило ,,колку бебе може да исцица, ти толку никогаш нема да можеш да одмолзеш,,! И мерете се, ако намалуваш АД и форсираш доење вагата ќе каже каков напредок има. А околу силиконски брдавици немам никакво искуство..
Мене ми падна тешко само што прочитав Прво смири се. Диши длабоко, гушни бебе помирисај го, смири се. Моментално тоа е најважно. Не сум најкомпетентна ниту најискусна ама сакав да ти кажам неколку работи. Од тука научив и јас многу. Млеко имаш. Како што кажа Емче, ниедна пумпа не може да извлече колку што бебе може да исцица. Е сега ти тука имаш проблем, кажуваш бебе не цица. Мораш да бидеш сигурна дека е така, дека не голта. Мерењето/напредокот е најмеродавен показател. Тоа има вроден рефлекс/инстинкт за цицање. Ако не цица мора да има некој проблем и мораш што побрзо да го откриеш. Тргни ја пумпата барем на еден ден, направи пауза. Во меѓувреме ставај бебе на града почесто, а АД давај ама за тоа нека ти каже некоја друга членка колку како што јас немам искуство со тоа. Кога ќе цица гледај да не е нервозно, да не плаче, да е наспано, или поспано, пробај во тивко, пробај со приспивна музика, пробај да смениш положба види како најмногу ти одговара тебе ама и на бебето и дали е правилно поставено. И многу важно, додека цица обавезно прави и ти компресии со рака, така сигурно ќе му доаѓа млекце во устето. Додека паузираш од пумпа обавезно туширање често со топла вода, масажа на гради, гради над пареа и молзи ама со рака и по малку, колку да ти олесни. И пред да го ставиш на града можеш исто по малку да стиснеш минимално да одмолзиш па да му дадеш да цица. Храни се добро, пиј течности, витамини, биди одморена, спиј колку ти дозволува бебето и биди смирена. Пробај да ги извлекуваш брадавиците, имаше некоја фитна со шприц ама не ја знам нека сподели некоји или побарај помош за тоа. И да цица директно. Следи пелени мочкани, какани, мери бебе, смири се, труди се, не се форсирај, консултирај се со повеќе луѓе, најди стручно лице и ставај мирно бебе на града. Се надевам дека ќе успееш! Јас не сум најискусна, ќе ги тагнам @Lolipop23 @Annath и @Kaetana не ми текнува уште некоја членка во моментов, мислам они дека ќе ти ги кажат вистинските совети.
Купив и рачна и електрична пумпа, рачната повеќе ми одговара, електричната рани ми направи. Му давам да цица пред да му дадам аптамил, ама многу е нервозен тогаш, убаво почнува и кога ќе види дека нема, се нервира, гребе, штипе, врти глава и почнува да плаче хистерично и му давам ад пола доза. Пошто не му е доста, после пола доза пак го ставам на града, тогаш е посмирен ама уморен и пак убаво ќе почне да влече и ќе заспие. Ама дека ништо не исцицува сум 100 посто сигурна. Не голта, се мачи влече влече некое време и после или заспива или почнува да вришти. Силиконската брадавица сува. И ја со пумпата во раце и се молзам. Да не е пумпата ќе мислам дека немам ич млеко, вака се тешам, колку толку бар има нешто. Кога цица се стискам за да му капне нешто, и ја кога стискам рачно тешко прокапува, па се изместува силиконската брадавица, уфф маки. Значи цела бременост никакви проблеми немав, на пораѓај лесно поминав, ама ова доење ќе ми наплати за се. Течности пијам и чај за доилки пијам, се хранам редовно, тоа млеко што ќе го извадам се гледа дека е квалитетно , малку пожолто од ад, ама со бебе никако да се исинхронизираме и да цицаме. Инаку и јас би престанала со пумпата, ај што ми е напорно по еден саат да се молзам, ама какви рани си направив, страшно, ама ми е страв скроз да не однемам млеко, па мачкам маст и продолжувам пак. Сите од страна ми викаат да сум упорна, да не се откажувам, читам нон стоп на нет и во теорија се ми изгледа лесно и си викам ај од утре така и ја и бебе ќе правиме, ама во пракса ми е друго. @Вереничка @emkaemka @Leo_29 @Kitten @didisi фала ви најмногу
@BoaVista Нешто што мене ми помогна во мојот краток доенечки стаж е пиење млеко од соја, покрај чајот за доилки. Инаку исто доев со силиконски брадавици. Кога ѝ кажав на докторката ми рече да ги исфрлам и да дојам без нив. И навистина, заприметив дека бебе многу повеќе цица, а и лактацијата се зголемуваше. Ако имаш рамни или вдлабнати брадавици, има видеа на јутјуб како да наместиш бебе баш со такви брадавици. Мене многу ми помогнаа. И исто како што ти кажаа другите членки, компресии на града дури доиш. И дали си пробала со рачно измолзување? Јас така најмногу вадев млеко, а не беше болно како со рачната.
@BoaVista, цицање кога сака, колку сака, ако треба и цел ден. Силиконските брадавици фрли ги, освен ако немаш рани. Штом тече млеко кога молзиш, имаш. Бебето е уште мало, ама можеш да му олесниш при цицањето со компресии, значи додека е градата во уста кај бебе, стискај ја како да се молзиш, да му тече млеко. И, за да ти се отворат убаво каналите, држи ги градите над пареа, т.е над тенџере со вода што врие. Мене тоа многу ми помогна со првото.