1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    @BoaVista нека ти е живо и здраво бебето.
    Немам многу искуство. Дојам 7 месеци, но на почетокот имав слични маки како тебе. Се жалев и барав совети на темава исто така. Она лесна бременост, породување и опоравување кои доењето ги наплаќа што си пишала истото го мислев за мене. Ама вреди кога се успешно ќе заврши и ќе се доите успешно. Знам дека ти е мачно и ти доаѓа да се откажеш, но биди трпелива и ќе успееш.
    Прво околу млекото, си имаш млеко според она што пишуваш, да не се сомневаш. Само јади разновидна храна и спиј секогаш кога бебе спие (со спиење надоаѓа најмногу млеко од искуството мое). Никакви екстра внесови на бози, кромид и др бабини деветини не ти требаат за плус млеко. Чаеви за доилки, добра исхрана и сон е доволно.
    Моето бебе не сакаше да цица никако. Кога беше полузаспан и полугладен успевав да го натерам да фати да цица со силиконска брадавица (сега веќе не користиме но на почетокот само така цицаше). Гладно бебе нема да натераш да цица. Кога е време за цицање, спреми го шишето и градата. Легни го бебето во доеничка положба, нека поцуца од шише па префрлиго полу сито на града. Ќе биде веќе во фаза на цуцање па поголеми се шансите да цица поефективно и без нервоза. Ако се расплаче веднаш понуди шише. Не го нервирај. Нема ефект. Дозволи пак да поцуца од шише па пак града. Јас само вака успеав да го натерам да зацица се додека потече млеко а после веќе е полесно.
    Ако веќе цица од силикоснска а не тече млеко, да не случајно се затнати каналите па не протекува? Пробај пред подој масажа на гради и топол туш за да пуштат каналите. Или почни да пумпаш додека не потече па понуди го бебето за полесно да почне и него да му тече.
    Кои силиконски ги користиш? јас користев на отми типи бидејќи беа најмеки од се што пробав. се лизгаа малку од града ама па за разлика од авентот кои не ми се лизгаа беа помеки (авент се многу тврди и имав чувство дека бебе се мачи да ја цуца а не па и да повлече). Исто силиконската треба правилно да ја наместиш, за бебе и со неа да фати убав дел од градата.
    Да најубаво е без силиконска ама ако не можете така, научете било како да цицате па ќе ги тргнете отпосле.

    Да допишам: ако после измолзување односно цицање градите на некои места се уште тврди значи имаш грутки и затнати канали. Обично градите се најтврди при надоаѓање на млеко или ако долго не биле одмолзени т.е исцицани. И ако има млеко без да се блокирани каналите релативно лесно тече, на тазе мајки и по блуза им истекува о што лактациата не е регулирана и има вишок млеко.
     
    Последна измена: 13 март 2018
    На Leonessa Moon, Annath, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    @BoaVista немам искуство со силиконски, кога се породив и кога ми надојде млеко дојде педијатарката и ми вика : мајка одма јависе кај сопругот да ти донесе силиконски брадавици зашто немаш брадавица бебе да фати! Шлок ме мавна ќе пукнев. Се јавив кај другарка ми која имаше долг доенички стаж и вака ми кажа : немој случајно да си стаила силиконски брадавици, бебе само ќе си ја приспособи брадавицата и со шмукање ќе ја извлече и со тек на време ќе се среди. Ќе масираш и ми објасни вака ( они во Германија имаат лактациони консултанти ) ќе земеш со испружени дланки и ќе фатиш со едната од една со другата шака од другата страна и ќе масираш горе доле, па ќе ја фатиш градата со едната рака одозгора, другата одоздола и ќе масираш лево/десно, па ќе земеш со палец и показалец ќе масираш лево/десно пупката и ќе ја истегнуваш нанапред. Ова пред секој подој. Доколку брадавицата е многу повлечена т.е. рамна....ќе земеш поголем шприц ( од оние пошироките и обавезно со гумица ) ќе го исечеш напред кај долниот дел ( значи цел долен дел го сечеш верувам ме сфати ) ќе ја поминеш со турпија за да е глатко и ќе наместиш на брадавица како вакум и ќе влечеш неколку пати. Ќе пазиш да не форсираш за рани да не направиш. И после масирање и влечењето со шприц одма бебе ставај на града. Дур цица на таа града масирај и со шприц влечи на другата града за да ти е спремна за бебе да стаиш на таа града после.
    Еве ме 11+месеци дојам и никогаш силиконска брадавица нестаив. На почеток се одмолзував ( зашто бебе не ми го носеа Х причини да не идам оф топик ) и никогаш не одмолзев којзнае каква количина. Негде накај 3+ кога беше хаотичниот скок и мислев неам млеко се одмолзив и верувај ми дека може 1ч одмолзував и ни 30мл не измолзев. Бебе напредуваше над просек и педијатарката ми кажа дека колку што бебе може да исцица јас никогаш нема да одмолзам толку. И навистина така беше. Пумпата енеја си стои за украс.
    Верувам ти е напорно и стресно и сите сме го поминале тој перииод. Најдобар показател ќе ти е вагата. Јас до 3мес го носев скоро секоја недела на мерење.
    Убаво те советувале и погоре. Прво нуди града, ако плаче смири го нишкај напрај минута пауза крениго, гали и гушкај па пак на града и а почне да кенка и плаче одма крени го па после 2-3мин кога ќе се смири стај го пак на града. Тргни ги силиконските. Не се одмолзувај барем 1-2дена т.е. него му е најлесно да пие од шипе наместо да дава напор да цица. После подој нуди АД како што ти кажал педијатар. Ама нека е почесто на цицка и со самото ставање почесто на града ќе надоаѓа млеко и ќе воспоставуваш лактација како цица. Колку е побатувачката толку е потрошувачката т.е. колку бебе цица толку млеко ќе се лачи за да се задоволат неговите потреби. На почеток првите недели е жолтеникава боја млекото и после ќе е или проѕирно бело или млечно бело ( зависи од поттебите на бебето зашто млекото се приспособува на потребите на бебе ) исто како кога е бебе болно и млекото го менува составот па и бојата. Ќе биде све во ред полека ќе се наредат коцките.
    Напрај салата со свеж кромид, иако е ова мит верувај многу помага за лактација. До ден денес секој ручек правам и сецкан кромид ( си ставам маслиново и балзамико ) и јадам. Пијам и Моринга капсули ( многу е добра за м.млеко и за лактација ја зголемува, читни за моринга капсулите ).
    Не гледај на саат првите месеци кога доиш. Доењето е слободно доење, кога сака-колку сака-каде сака. М.млеко е побтзо сварливо ид АД и може на 1-1ипол саат бебе да сака да цица. Кога ќе цица и ако слушаш дека голта, немој да ја притискаш градата за да не му надоаѓа млеко повеќе отколку што може да голта зашто можеш да го засркнуваш и да не му е пријатно дут цица и да плаче и да се трга. Ќе пуштиш Бели звуци, класична музика, не многу темна просторија/нит мн светла и смирено ќе доиш. Ќе слушаш дали голта. Немора да значи дека ќе голта нонстоп, зашто праат паузи по некоја секунда заштоо се заморуваат. Знај дека бебе осеќа кога си под стрес. Исто така и ид стрес и нервоза млечните канали се стеснуваат. Практикувај за почеток неколку пати ако можеш да се тушираш и со потопла вода над гради со тушот и ќе масираш како погоре што ти пишав.
    Пиши како ќе биде со масаживе и со шприцот дали ќе се смени ситуацијата. Тргни ги силиконските. Бебе со својата плунка ја стимулитра лактацијата да знаеш, со самата плунка дава сигнали за млекото кој потреби и што да има во поголем процент ( подетално за ова имаш на гугле на америчките сајтови за лактација/доење ) затоа е најубаво без силиконска брадавица.
    Ти посакувам да биде све во тед и бебе да си цица, да напредува убаво и да имате долг доенички стаж.
    И никако ама никако ни да си помислила бебе да го дтжиш гладно мислејќи дека на тој начин ќе цица, многу е мало, само ќе му направиш стрес, можеш да го дехидрираш и ништо позитивно нема да направиш. Све ќе се среди полека ќе се уходате. Колку на тебе ти е све ова ново и тешко, толку и на бебе му е непознато и тешко.
    Никогаш да не сумљаш во своето млеко и во неговата количина.
    Ако немате напредок со доењето ( мада верувам ќе имате и све ќе е супер ) тогаш ќе си продолжиш како што ќе те советува педијатар.
    И за крај ..... кожа на кожа е најдобрата и најуспешна техника, расоблечисе биди без ништо горен дел и бебе само во пелена, така дој го. Затопли соба и покријте се и нека сте кожа со кожа. Верувај ќе е многу подруго пробај ќе се увериш.
    Ти посакувам се најубаво и пиши како ќе биде за некој ден.
     
    На Autumn_, KidA, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ @Annath @Igle @sofi2107 фала ви на советите, ќе пробам и без силиконска, дај боже да успеам. Инаку @Igle јас користам силиконски на avent и на medela.
     
    На eli25, Annath, Igle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Веќе ти кажале, а и јас потврдувам откако ги фрливме после 3 месеци дека најубаво е без(нема миење стррилизирање местење итн) - ама ако не бива со извлекување брадавици и слично нека е со силиконски важно да цица.
    Земи утре на томи типи ако сакаш (околу 350ден беа мислам) или било кои помеки и пробај со нив. Јас почнав со авент ама крути ми се видоа многу, а најквалитетно ми изгледаа...на медела не знам колку се крути ама веројатно се...
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.681
    Допаѓања:
    39.965
    Пол:
    Женски
    @BoaVista ќе си земеш 10 кубичен шприц и вака ќе го направиш
    15058990781071966379036.jpg
    Проширениот дел ќе го ставиш на брадавицата и ќе влечеш. Ќе те боли да знаеш, ама така полесно ќе ја извадиш брадавицата. Веднаш ќе го ставиш бебето на града и ќе гледаш да ја фати убаво брадавицата и ареолата. Со прстот ќе ја поткренеш градата да не му ја допира брадата за да може убаво да шмука. Секој почеток е тежок ама упорност треба. Тргни ја силиконската. И јас пробав со неа, така ми кажаа ама бебе не фаќаше па ја баталив. И колку почесто го ставаш бебето на града толку побрзо ќе извадиш брадавица и ќе зголемиш лактација.
    Заборавив да пишам. Секогаш кога ќе го ставиш да цица брадавицата нека ти биде мека. Бебе нема да фане ако ти е тврда брадавицата. Ќе ја фатиш само неа и ќе стискаш додека не омекне и после ќе го ставиш да цица
     
    Последна измена: 13 март 2018
    На TutiFuti, Annath, sofi2107 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    На pile30, sofi2107 и BoaVista им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    @BoaVista честитки синче мајка! Да е живо и здраво и само радости да ви носи!
    Супер совети ти дале погоре, јас само ќе се надополнам.

    Јас имам не рамни, туку вовлечени брадавици. Доењето без силиконска не одеше воопшто. Бебе никако не успеваше да фати. Го купив LatchAssist на Lansinoh, тоа Лео што го постирала погоре, ама кај мене немаше ефект, може кај рамни брадавици ќе помогне. Од силиконски имав и на Авент и на Медела, првите се многу покрути и не ми одговараа, додека на Медела се многу меки и совршено ми се местеа на брадавицата.
    До 3 месеци доев со силиконски, потоа преку ноќ ги баталивме, сите обиди претходно беа неуспешни бидејќи синко немаше сила да ги извлече. Неспоредливо е да, ама ако не фаќа убаво можете успешно да се доите и со нив.

    Јас би ти рекла да го фрлиш шишето. Ако имаш потреба да даваш АД давај со шприц. Кога беше синко 1 месец, фатив мастит и од антибиотската терапија ми секна млекото, ама успеав да го повратам само со многу течности и бебе на града нон стоп. За да не се нервира оти нема млеко со шприц му капнував АД од страна во устичето додека цица и така ем бебе смирено ем си правеше стимулација. АД од шише (освен првите 2-3 дена) никогаш не дадов.

    Тврди гради се полни гради. Штом градите ти се тврди имаш млеко и повеќе од што треба, 100-200 мл имаш гарант во секоја града посебно. Е тоа што не тече додека бебе влече значи дека ти се запушени каналите. Мора да ги отпуштиш каналите бидејќи така ќе фатиш мастит, а и бебе нема што да влече. Најмногу помага масажа над тенџере со вода која врие, едната рака ќе ја ставиш над градата, другата под и ќе масираш вртејќи во спротивна насока. Ќе масираш додека не почне убаво да тече млеко.
    [​IMG]

    Масажите можеш и под топол туш да ги правиш, ама пареата има повеќе ефект.
    Друго што исто има голем ефект: ќе наполниш пластично шише од пола литро со жешка вода (колку што можеш да издржиш) и додека цица бебе ќе ја масираш градата со кружни движења. Топлите масажи во комбинација со бебе што влече ќе ги отпушат каналите. (fingers)

    И пиј многу течности, чаеви за доилки (Лактамикс е супер), вода, бистар сок од јаболко, боза...

    Млеко имаш, уште техниката да ја совладате и ќе успеете, немој да се сомневаш! Гушки за малото! :hug:
     
    На Вереничка, Annath, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Klarisaa

    Klarisaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    @BoaVista покрај сите совети ,изгледај го и ова видео,мене мислам дека ме спаси :)

     
    На Annath, sofi2107 и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    @forumce @Lolipop23 @Klarisaa и сите други, фала ви најмногу. Ептен позитивно и мотивирачки ми влијае се ова што прочитав. Со нови сили од утре со бебе ќе почнеме да ги применуваме советите, па дај Боже да успееме. Да знаев дека ваква енергија ќе ми дадете и порано ќе пишев. Многу гушки од мене и бебе до сите тети на форумот :hug::*
    @Klarisaa не ми го прикажува видеото, ќе сакаш ли да ми го пуштиш по лп.

    Едит- ок е сега видеото, го отворив.
     
    Последна измена: 14 март 2018
    На pile30, Вереничка, Klarisaa и 7 други им се допаѓа ова.
  10. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    @BoaVista нуди го почесто бебето да цица, на почетокот кога сака и колку сака нека биде на града и секогаш гледај да го понудиш со цице па со шише во краен случај. Тргни ја елекричната пумпа, измолзувај се само кога имаш потреба со рака или рачна пумпа, ако ти се стврднат градите а бебе спие, не исцицало за да ти олесни на тебе и за да не ти се направи мастит. Силиконски користи само ако ти се разранети брадавиците за да не се направи поголема беља, полесно заздравуваат раните со силиконските. Немора да значи дека ако не шприца туку само капе на измолзување дека немаш млеко. Почесто ставање бебе на града ќе стимулира поголема лактација.
    Јас со второто имав страшен проблем, бебе постојано на града беше и постојано плачеше. Ми направи страшни рани, крвареа и парче ми фалеше од едната, мастит ми се направи се додека не ја земав силиконската. Кога ми се смирија раните ја тргнав целосно и многу поубаво и побрзо одеше цицањето. Ама се додека не го одбив на 11 месеци, постојано и дење и ноќе беше на града. Има бебиња што и ако не се гладни ја сакаат близината на мајката на тој начин.
    Не очајувај, не се откажувај, со упорност ќе фатите ред и ќе имате успешно доење. И гледај почесто прави масажи под топол туш, пареа и топла вода чуда прават.
    Ти посакувам успешно и долго доење во најбрзо можно време :)
     
    На BoaVista, sofi2107 и didisi им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    35.322
    Пол:
    Женски
    И јас имав рамни брадавици. Плус ако с еполни градите брадавицата е уште порамна и потечка за влечење. Мене првите денови ми рекоа да пробам без брадавица и џабе беше само ми се направи рана околу брадавицата зашто бебето таму влечеше повеќе.
    На почеток доев со силиконска ама така послабо се стимулира надоаѓањето на млеко. Некаде на три недели ја баталивме силиконската ама постепено. Со сликонската бебето троши дуопло повеќе сила за да извлече млеко бидејќи треба два пати да повлече за да му дојде млеко.
    Значи го местиш убаво бебето и почнува да цица со силиконска. Прво малку стискаш за да има малку млеко во силиконската и да му дојде како стимулација. Почнува да цица. По некое време ќе видиш дека успеало да ја подизвлече брадавицата и брадавицата е веќе излезена и во силиконската ставена. Тогаш ја тргаш силиконкската и го местиш бебето на града. По неколку дена не ти треба силиконската зашто брадавиците се извлечени.
    Моето прво успеа да ја извлече десната, па по неколку дена левата брадавица.
     
    На kukla21 и BoaVista им се допаѓа ова.
  12. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.685
     
    На eli25 и BoaVista им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    145.270
    Мајки збунета сум.
    Дали меките гради значат дека немам млекце?
    На почеток се стврднуваа, сега не. :(
    Со молзење некогаш вадам 30, некогаш 50мл млеко.

    Беба ја дохранувам од почеток.
    Се молзам , давам 50 , тоа на бебе нормално му е малку. А од гради колку влече не знам. Некогаш слушам оти голта и му се полни устето, некогаш не. :tmi:
    Збунета сум, а страв ми е да го оставам без АД, да не е гладен.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    34.259
    Пол:
    Женски
    Молзењето не е доказ дека немаш млеко.
    Еве јас едвај 20мл измозував кога имаше синко 2 м а гради полни млекп ги чувствував. После се се среди ееве сега ми се меки (20м правиме за 3 дена) а цоцаме како новороденче да е кога и колки сака. Подобро почесто на града отколку да молзеш.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Ако е често на цице (24×7) ко моето, нема кога да станат тврди. Едино навечер ако врзува повеќе ч сон. Без гајле, ко ќе фатите ред ќе ги осеќаш полнички меѓу подои.
     
    На NarCis@, emkaemka, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @duffi мене само навечер ми се стврднуваат градите пошто бебе врзува по неколку саати (читај-спие цела ноќ:D). Преку ден цица на 2-3 саати макс и постојано ми се меки, нема кога да се наполнат. Ако после цицање си спие и е мирен, не плаче, не е гладен :) Бевме и ние со ад на почеток, првата недела дена, ама по совет на педијатар го исфрливме и сме си само на доење.
     
    На mal.ecka, kukla21, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.677
    Допаѓања:
    37.639
    Пол:
    Женски
    @duffi Градите и не треба да бидат тврди, зашто така можеш да фатиш мастит. Меки се, затоа што си се воспоставила лактација т.е се лачи млеко онолку колку што ну е потребно на бебе.
    Би те советувала, полека да кратиш ад, нека цица само, па макар и 24/7(првите недели е нормално и сите сме го поминале тоа) и само така со цицање се ствара повеќе млеко и се задоволуваат потребите на бебе.
    Течности внесувај колку можеш и не скокај оброци.
     
    На mal.ecka, duffi, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lonely1604

    Lonely1604 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Med.smee da se jade dodeka doime? Oti e alergen zatoa prasyvam
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.201
    Пол:
    Женски
    Смее све умерено.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека е алергичен на мед? Ако гледаш дека има нетолеранција или нешто му смета од тоа што ти го конзумираш дур го доиш, треба целосно да го исфрлиш од употреба за да не дојде до проблем, зошто алергија не е играчка.
    Подобро е да не се стврднуваат, зошто ако се постојано тврди и со грутчиња, болни на допир тогаш може да дојде до мастит. А, ако бебе откако ќе го надоиш барем еден саат е спокојно и не плаче како да е гладно, тогаш имаш доволно млеко, да не се секираш :)
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.