Мајка како што разбрав јас феминката праша дали може да јаде дека медот е предизвикател на алергии (силен алерген), а не кажа дека детето и е алергично на мед.
Ааа, јас па разбрав дека алергично бебето, се извинувам Може тогаш, умерено, во нормална количина, а ако примети алергија тогаш да го исфрли од исхрана.
Фала на советите мајки. Ред уште нема никаков. Па знае да спие и 15 мин, а да сврзе и три часа сон. Сега го пратев додека цицаше, му се полни устето, иако градата е мека. И пелената беше полна. Се трудам да не нудам и да го намалам шишето. Он стално е со рацете во уста. И постојано бара со устето, како секогаш да е гладен, а не е сигурна сум. Како да не знае за доста. Јас сум за ќотек што не јадам ништо количински. Се со молење. Ама ништо не ми се јаде. Во овие две недели се исушив буквално. Апнувам колку да се каже.
Јас па напротив имав многу апетит , нон стоп гладна бев Мораш да јадеш, барем она најпотребното фа го внесуваш. Носи го на мерење на 2,3 дена за да знаеш како понатаму. Тешко е на почеток ама ќе си фатите ред
Јас обратно, мислам кога го извадија од меше инстантно апетитот го снема. Живеам од супи и компот. Измеѓу по малку од ручекот ако чепнам. За никаде сум си признавам.
Цело време цица, сака да јаде или си седи на цице и ја користи како лажалка или ќе цицне па се одмара, одмара па пак?? Ти бљуцка?? Труди се со будење, закачкање да има ефективно цицање, тоа е битно, ако само сака да виси на града, пробај со лажалка И јас ич не јадев/ам ама затоа со смуди, сокови, чаеви се претурам и јогурт исто. Крвна слика и на двајцата ни е џам!
И јас бев иста. Апетит 0 на почетокот. Ама многу течности внесував и никогаш немавме проблем. Затоа сега како ми е отворен апетит, можам цело време да јадам. А за благо да не правиме муабет
Тоа што му се рачињата во уста не значи дека е гладно. Така го осознаваат светот. Набрзо ќе си фатите ред. Најверојатно не се дојадува оти нема сила да влече долго, па седи на цице подолго. Јас нудев шишенце 2 пати на ден. Некако така проверував дали е најадена. И ден денес тоа го правам. Најчесто фрлам, ама па знам бар колку е јадена. Она мирничка е и си нана убаво, ама јас цело време гладна ја мислам да не кажам и дека везден ја мерам
@emkaemka цица ефективно првите 10мин, после дреме. Го закачувам да продолжи ама може со саати да дреме. Претпоставувам сака топлина, не е дека не е нацицан. Ретко сам се тргнува од града. Се уморува и ќе дремне. Ќе го легмам ќе стане и пак од почеток. Да ми бљуцка.
Ако ти е за утеха, апликацијава wonder weeks вика дека дури при 4тиот скок бебето јасно кажува кога не сака цице.
Дафи и моето спиеше на града... цел ден така дремевме.. до тоалет да отидев награда ми беше дури се спремаше мм за работа се миев и си спремав чаеви/доручек/вода , до мене да имам на дофат... Мерењето е мн битно на почеток , тоа ќе ти каже . Ако бљуцка значи исфрла вишок
@duffi штом бљуцка значи најаден е.И мојава беше таква,првиот месец мислам дека на 15 мин беше на града и цело време заспиваше,дење многу ми спиеше едвај ја будев да цица,но тоа е така дека се мали и брзо се уморува ,а и нема толку сила да цица,па затоа почесто помалку. Инаку и јас не јадев ич,немав апетит и мислам од тоа ми се намали млекото,пиј јогурт многу,супи и секако протеинска исхрана.
Значи се прејадува, не го мисли сит е, ако уште даваш АД намалувај и прекини И да мери го често засега, ама не како Кукла везден @kukla21 зарем уште ја мериш често и вага да не купи?? Јас веќе гајле немам, ниту го мерам и премерувам, чим спие мирно, полни пелени раат сум Инаку @duffi и мене градите ми се меки, тврди ми се само кога ќе утнеме подој, тврди ми беа некаде само првиот месец. Релативно брзо ми се регулира лактацијата..
Фала девојки на советите. Ме утешивте да фрлам шише, да му кратам пд АД. Не сакам да се навикне на шише. Не е и воодушевен од него, си сака цице. Ете ситуација од денес. Висеше на града и почна да се нервира. Го кренав, ждригна, бљуцна и се намири. А сам да се тргне незнае. По тоа заклучив оти е сит.
@emkaemka мерам оти беше на штрајк мм вели овие мочки и каки не се од глад, ама женска глава никако да сфати. Се мерам со неа на вага, па сама
Нека ја, фаза и е, чим полни пелени сита е, не мора да качува везден на грамажа, па и викаат нели по 3от месец намалуваат, иако кај моево не е случај
@kukla21 заврши штрајкот? Па како ти текнало за начинот на мерење . Мене мисла ќе ми е за неа, за тоа колку качува и за мене колку треба да намалам . Иначе ние по 300 гр качивме после 4 месец, но не се мислам зошто малава е жилава вкрај и полниме пелени, дури почнавме и да лазаме наназад. И да, во скок сме
@duffi ако полни пелени и ако бљуцка, значи е сит без разлика што градите ти се меки. Рачиња е нормално да пика во усте, тоа незначи дека е гладен, туку е фаза која мора да помине. Ти гледај многу течности да внесуваш а за храна немора да е количински многу, почесто по малку, ама мораш нешто заради млекото да внесуваш. И, мој совет е да го исфрлиш целосно шишето, нема потреба од него зошто по кажувањево имаш доволно млеко за да го доиш и да му ги задоволиш потребите.