Женски од прееска деснава града ми е камен тврда. Бебево цица малку и вришти па пробав да одмолзам и едвај 30мл вади ама не омекнува и страшно боли. Чаре?
Листови од свежа зелка, топол туш над града и масирање, над тенџере ( вода вриена ) и над парата со града и масирај, измолзи ама не многу за да не надојде + млеко ( зашто колку молзиш толку млеко ќе надоаѓа и проблем ќе имаш ) малку одмолзи колку да ти олесни па одма бебе стај да цица од таа града и дур цица со рака масирај, само масажа и бебе почесто на таа града. Ова све ќе приженуваш се дур не се воспостави лактација за да не фатиш маститис. Ќе се среди не се плаши.
@sofi2107 фала ти, го пратив мм по зелка па ќе идам да се туширам. Бебушот пак плачеше на таа града. Само не знам со течности дали да намалам? За да не доаѓа толку млеко во неа ама од друга страна па ќе нема бебево што да цица
Имаше за ова со течности пиење за време на доење пред некој ден емисија. Имаш и на јутуб ( 0+месеци на Телма ) изгледај ги. Не е убаво ни премногу нит премалце да се пијат течности. Незнам колку пиеш, ама немаш потреба ни од многу. Примени го она погоре пишаното и се ќе биде во ред. Нека цица бебе повеќе од таа града. Листот зелка кога ќе омекне ( ќе биде млитав и топол ) ќе го тргнеш, ќе стаиш нов. Во меѓу време ќе масираш и ќе измолзиш ( и ќе престанеш да се одмолзуваш за да не ти надоаѓа млеко повеќе од питребите на бебе што му требаат ) малку за да ти олесни и ќе дадеш бебе да цица. Ќе се стабилизира со топол туш и масажи. И немај гајле бебе ќе има што да цица и да намалиш со течности. Еве ме јас искрено и не пијам течности ( 1кафе на ден, еден сок ако испијам, вода 1-2 чаши ) па бебе цица и напредува, чаевите за доилки дали 2-3 недели ги пиев.
Кога се породив пиев мнооогу течности. Штом почнеше да цица осеќав ненормална жед, мислев во базен да ме ставеа сува ќе излезам. Зимскиот период ептен малку пиев па пак си имаше млеко и ми се полнеа градите. А ретко и осеќав жед.
Затоа шишето со вода до вас да биде цело време. Бебе цица, мама пие вода. Или чај, млеко, што си сакате.
Така цица детето. Исти сме. Сеуште така цица. 10 мин ефективно. После три пати влече една минута одмара. Тргни дете - вришти. Дури се обидов и да се смири, да заборави, гладно е и цивка за пола саат. И се помирив, цицаме пола саат. Од кои 10 мин убаво, 20 мин цицнува-одмара. Се мази, сигурно е детето, си бара мајка.
Истo кaкo јaс сo Nesstea oд прaскa. Пoсле 7-8 месеци oп 10 кг. плус. Биди внимaтелнa сo купечките сoкoви и чaеви (oвa oд пaтaлец). И јaс истoтo чувствo гo имaв секoј пaт штoм бебе пoчнеше дa цицa, мислев вo плaмен гoрaм и умирaм oд жед. Акo мoжеш пoвеќе вoдa без дoдaтoци- нaјубaвo.
Да се што сакаш во умерена количина. Всушност на доилка и треба здрава и разнивидна храна. Кркај си мајка слободно
Kakov sok piete..mene mi preporacaa borovinka ama mi se zdosade sakam da smenam.Imaku i kas se cudam kaj mi pojde apetitot.Na 0 mi e.
Исто и јас, од кога се породив воопшто немам апетит, сите ми се лутат но што да правам ептен некое јаболко да изедам но течности пијам..
Иста бев и јас воопшто апетит немав ми се гадеше од се а јадев ко претурена во бременост...мм ми купи Олиговит витамини една лента испив и почнав да јадам нормално...и одма и млеко поинаку се беше...па сега не ги пијам а си јадам
Фала Пиле. Мислам дека имам дома некој вакви од АдоЗ. Ќе се консултирам со мајка да почнам да пијам или да продолжам со Фемибионот.
Сакав да кажам, еднава града камен. од под пазуви до брадавицата. Не се трпи од болка. Можно ли е одеднаш, од една вечер да се фати мастит?! Грутки огромни. И болни. Топол туш, доење, зелка. Помеѓу доење и зелка, масажа. Ау, како боли... Се мислам да се измолзам убаво, но да не направам полошо, уште повеќе млеко да надојде. И сега, по цицање, ја осеќам полна. Имате ли некој попаметен совет?