@ZAHRA молзи се под туш или над сад кој испарува да се отворат каналите убаво. Штом се тешки значи млекце има и доаѓа. Мести ја убаво да ја фати цела аерола. И фатете положба која ви е удобна на двете.
имам еден мал проблем, може има некоj некој совет да си прашам превентивно: деновиве малото е многу немирно, плаче, се врти наоколу, ја тегне главата наназад кога цица, неќе да спие, мислам дека е превозбудена, според wonder weeks сме во вториот скок. како и да е, после долго неспиење ќе заспие едвај цицајќи на една града, може и пола саат саат да ја фати додека цврсто да заспие. не ми смета толку, колку што испаѓа за другата града многу долг период што не цицала (може и 6 саати) и ми станува многу тврда.. дали да превземувам нешто, молзење, масирање, или само да чекам на следниот подој таа да и ја дадам прво. вака ми испаѓа оти на пример сум ја доела кај 17, ама не заспала плачела наваму натаму се до 19, во 19 ми заспала на едната града и од страв да не се разбуди не сум ја ставила на другата града. Сега спие до 23+, пошто цел ден само по саат или 40мин спиеше два три пати и толку ја оставам да поспие, може ли вака? и општо да се дава на подој само едната града, па на следниот другата? се сетив дека ноќе некогаш така ми испаѓа дека до мене легната и давам, и полесно цицај заспи, па после на другото будење да ја преместувам од другата страна. прави некој така?
Така е најправилно, еден подој едната града, нареден подој другата града (ама не се сите деца исти, така моево од секогаш цица и од двете, од едната убаво, од едната само кратко). Ако досега цицал наизменично и од двете нормално е сега да ти се преполнува едната, ама бргу ќе се нормализира, градите “памтат“ така што ќе почне да создава млеко на онолку растојание колку што бара бебе. Ехехе јас со смениве какви шокови им правам, ама за 1-2 дена се адаптираат, на 2ра цица од сабајле и потоа цела ноќ, а кога сум трета цица цел ден, а ноќта не. Понеделници па и вторници ќе се преполнат, ќе експлодираат додека сум на работа, од среда веќе се нормализираат и така се во круг.
Мајки дали некоја од вас имала искуство се надојдување на млеко после 3 месеци? На пола месец почнав да давам дохрана иако имав мноогу млеко но бебе цело време плачеше,била гладна поради нехранливо млеко, до пред две недели и давав малку цице повеќе АД и полека полека почна да ми се намалува. Сега се одмолзував едвај 30мл. А проблемот е што бебе веќе не сака воопшто да фати цице деновиве. Имав пишано и претходно во врска со ова.
Една пријателка на свеки кога дојде кај Ева на повојница заедно со снаа нејзина кажуваа дека млекото на снаата не било хранливо дека прозирно било му давала хип поради тоа. Јас не сум сретнала таков поим им реков. Очи ќе ми извадеа има има нехранливо, треба бело да е млекото. Извинете модератори ако мислењето е оф
@Annath Ужасно ме боли заб ми рече стоматологот дека мора со анестезија да го правиме изгледа и ме праќа да го сликаме забот на рентген. Те молам ти како стручна да ме советуваш дали смее анестезија и рентген оти само на доење ми е бебе 4 месеци.
пак јас ова со доењево нема крај денес приметив на едната града на средина како бело топче, изгледа како засушено млеко - пробав со вода се измив ама не паѓа.. прочитав на интернет дека може да се случи од многу вакуум и со топли компреси или од себе само може да помине. некогаш требало со игла да се изваде ми е страв само да не е уствари соор инфекција? освен мала болка немам други симптоми, и бебето исто.. ако имал некој искуство ве молам споделете
Анестезија може, рентген само ако не се може без тоа, и задолжително со заштитна опрема. Блистер е тоа. Не го чепкај, мислам дека само ќе се среди. А соор не е , оти ќе имаше чешање и печење и бели налепи на градата, исто и бебето во устата ќе имаше налепи и немаше да сака да цица.
Млечен блистер е, еве ти постапка како се третира. http://superbeba.com/2015/01/24/sta-je-to-mlecni-blister/ (статијата е напишана од советник за доење Тереза Милјкович).
фала ви многу за брзите одговори веднаш е полесно кога знаеш што е. и линкот многу информативен, ќе правам жешки компреси пред доење, а за солта со вода мене акушерката еднаш претходно ми препорача со раствор NaCl 0.9% да ги мијам, мислам тоа исто му доаѓа.. се продаваат тука во едни мали пластични удобно е за употреба.
Педијатарот прво ми рече не му давај АД а имаше качено само 80гр за 2 недели, по неколку дена само плачеше и беше цел ден на града. Буквално цел ден со 2.3 паузи од 15 минути и плачење. Вечерта се јавив кај педијатарот ми рече пробај дај му АД. Му напеавив 60мл ги испи и заспа до сабајле спиеше од 21:00 до 5 утрото. Јас не знам уште што беше проблемот ама знам дека детето ми беше гладно. Вчера имав колешка од работа на гости ми спомна дека снаа и правела некој тест, за да го испита квалитетот на млекото. Пак ќе пишам не знам што беше проблемот ама дефинитвно не беше бебе нахрането. И потоа и комбинирав прво цица па кога ќе почне да др трга да се мршти(а млеко тече) и правев АД. Како минуваа деновите си велев ај АД ќе правам и 2 недели ја немав надоено. Сега млеко многу малки тече и не ми ср стврднуваат градите да ми надојде нели. Затоа прашав дали има некој што знае дали може повторнп да ми надојде ако почнам повеќе течности, чај..и ако земам пумпица да се измолзувам
Молзи се почесто.Колку почесто молзиш стимулираш создавање на повеќе млеко. На бебе секогаш нуди прво града и две капки да има нека ги исцица , а потоа нуди шише. Вака може целосно да ти се одбие оти од шише пиењето е полесно, лесно им тече млекцето , а од града треба да се помачи. Па кога ќе ја ставиш на града ќе се нервира и нема да сака цице. Ако не сака сега града не го ставај целодно изгладнето, дај и малку АД, да се засити колку толку па ставај на града.
Мајка сигурна ли си дека ти цицало бебето или само ти висело на града?? Голташе, го следеше?? Млеко сигурно убаво ти надојде?? Не е релевантно колку си одмолзела ако си пробувала.. Кога си му дала 60мл и ти спиело 8ч не е дека било сито, туку моментално од 60те мл се заситило и потоа спиело за да заштеди енергија. Толку мало бебе, кое не напредува не се остава да спие повеќе од 3ч, може да дехидрира. Биди упорна ако сакаш да се вратите на доење, но чим убаво фатило флаша, плус кажуваш 2недели воопшто не си го доела, тешко дека пак ќе прифати града, всушност најверојатно не ни цицало убаво од старт. Со шишето им е многу полесно и многу поубаво им тече. Претпоставувам и со жолтица било, па повеќе дремело и шматкало брдавицата. Ако сега почнеш со турбо течности и пумпа не знам колку можеш да стимулираш да ти надојде, но можеш да пробаш. Јас дојам само од една града, другата ја одбиваше, некаде околу 2от месец почнав да ја измолзувам, немаше никаков напредок. А околу тој тест за квалитетно млеко прв пат слушам дека постои такво нешто! @Lolipop23 @Annath @Kaetana Некој друг.. Постои таков тест??
Не сум слушнала и јас за тест за квалитетот на млекото, може да се испита, не велам не, процент на масти, на протеини, енергетска вредност и сл, ама дека некој туку така може да отиде и да даде млеко на анализа, не верувам.
И вредноста што ќе ја даде тој тест не е релевантна, млекото се приспособува на моменталната потреба на бебе. Од кај знаат која е потребата на бебе?! Глупости! Или имаш млеко или немаш.
Точно, мајчиното млеко е секогаш најдобриот и најздравиот избор за бебето. Секое млеко е создадено да ги задоволува потребите на бебето и е доволно за неговиот раст и развој. За неквалитетно млеко може да зборам само доколу во него има присуство на психоактивни супстанци, доколку мајката се дрогира, зема лекарства кои не одат со доење, пие алкохол и пуши цигари. За да му го даде најдоброто на своето бебе, доилката треба да се храни здраво и разновидно, со помалку брза и индустриски преработена храна, а повеќе храна со природно потекло. Исто треба да внесува квалитетни масти, путер, јајца, риба, семиња од тиква, сончоглед, лен.... богати со омега масни киселини кои ќе го стимулираат правилниот развој на бебешкиот мозок, што во иднина ќе влијае на неговата интелегенција. Напредокот на бебето нема врска со квалитетот на млекото. Бебето на ексклузивно доење ќе напредува онолку колку што му е генетски препишано (секако треба да се води сметка дали бебето цица правилно, ко што пиша Емка, дали голта или само дреме на града). Кај некои деца метаболизмот е побрз и напредуваат помалку. Исто и сигналот за ситост кај некои бебиња е слаб или целосно отсутен па тие цицаат бесконечно, за разлика од другите кои побргу се заситуваат па и капка млеко им е вишок.
И јас се зачудив за тестот прв пат бев слушнала за такво нешто. И јас се изненадив за тестот, прв пат слушнав за тоа тогаш. Инаку бебе си цицаше си голташе ќе ја подисправам си ждригнува и пак исто. Малку не те сфаќам околу спиењето и 60мл. Како може цела ноќ и цел ден да плаче ако не цица ( значи цица голта и повраќа додека цица ) и откако и дадов АД се смири? Епа мене тоа не ми е јасно, а пелени полни имаше во текот на денот по неколку пати. Утре дента давам прво да цица, цица голта и тече од уста значи голта се слуша по 40минути така ќе ја исправам ќе ждригне и сака уште. Пак иста песна ставам цица.ждригнува и пак сака врти со главчето. Ќе и направам АД ќе испие и одма заспива. Не знам што се случи толку работи прочитав околу доење а ова сеуште не можам да си го сфатам. Знам ситуации кај што било недоволно млеко ама ова бре млеко тече, бебе голта повраќа и пак ненајадено.
јас пак, сеуште ми стои блистерот, ама сега ми се чини и дека имам запушени канали, можно е? сношти градава за неколку саати ми стана камен тврда, му давав на бебето да цица долго ама после пак ми се стврдна. се фаќав за грутки, не осетив, ама еден дел и по многу долго цицање останува тврд. понекогаш осеќам и жештина, чешање. да не фатам па сега мастит? се изначитав тука, ќе пробам со топол туш, тенџере со вода, после ладни облоги. да се одмолзувам ли после подој? или да не стимулирам лактација? ако има некој совет плус, пишете ми
Кога ќе цица бебето, масирај го делот што е тврд. Легни го бебето на кревет на грб и ти застани одозгора и така дај му да цица, побрзо ќе се испразни така надоле градата. Измолзувај се доколку бебето сврзува повеќе време во спиење. Откако ќе се истушираш ,подизмолзиш можеш да ставиш листови зелка на таа града ,само не околу брадавицата.Зелката во фрижидер и изгмечена со рака. И најбитно од се е бебето правилно да се намести на града за да не се прават блистери. Ова се неколку совети што јас ги добив од советник за доење кога имав проблем со блистер.