Мајки помош имам бебе скоро 6 масеци,цица но во последно време ме болат брадавиците и ми се црвени дури и како модри,но имам приметено дека млекото ми е намалено поради тоа што сум моментално под стрес и слабо јадам и пијам па како да цица на празно,инаку за кандида не ми се верува да се работи зошто бебе нема ништо бело во уста ама баш ништо,дали е можно да се разранети од цицање на празно како да нема млеко,ве молам за одговор Дали е можно од намалена количина на млеко да болат брадавиците?
Ај ако некоја имала сличен проблем нека сподели, значи замор, недоволно јадење или јадење набрзина заедно со целодневново доење плус слаб сон ми придонесува да имам аритмии. Немам ама баш никаков стрес, освен што телово заморот си го доживува така. Ми се случувало и порано ама сега во моменти кога ги осеќам имам и некое чувство како сосем да снемувам сила. Ќе се консултирам и со доктор ама поискусните доилки може ќе имаат совет
Си прашала и сама си дала одговор Почни да спиеш повеќе, бебо спие и ти со него, ако не можеш да заспиеш дреми си до него, на телефон да чачкаш не, туку да си одмараш. Не битно колку брзо јадеш, битно имај 3 оброци во правилно распределено време и што похранлив да е оброкот, мултивитамини пиј, оние во бременост кои се пијат. Ако не постигнуваш некогаш да јадеш барем чаша јогурт напиј се, доста течности внесувај, барем вода, шишето постојано до тебе нека е. Инаку можно е да си слабокрвна.. Ако има опција некој да ти помогне, да те замени во текот на денот барем на некој час околу обврските со бебе, прифати, немој да одбиваш
Пазам на се ова освен некогаш со телефонот и витамините . Ме заплашува да не е нешто повеќе што ќе ни влијае на доењето, некоја терапија на пример... ептен се изборивме да се доиме до сега. А обврските по дома се на последно место , прво бебе па мојот одмор. Не знам дали има и други што живеат во хаос по дома како нас
Веќе десетина дена цица без силиконска ама се поклопува и периодот кога почнуваат да го чешаат непцата. Болкава во брадавиците ми е неподнослива, кубам коси буквално, кажувајте чаре. Научен е да дреме на града и така да заспива па де цица, де влече (а најчесто сака да шетаме и да пееме)
И јас од прв ден пиев млеко па и чоколадо јадев и кафенце си пиев па фала богу немавме грчеви.Веќе и во 3ти месец си воведов и манџи грашак,леќа па и гравче каснав малце ништо ме му беше.Но бев уплашена како што но по твој совет пробав и следев бебе
Јас пукнав за зелка салата, обожавам зелка, ама пусто страв ми е да пробам, иако воопшто немавме грчеви. Бебе е веќе 3 месеци, полека почнав и кафе и благо да си каснувам, и скоро се што избегнував досега, нема реакции никакви кај бебе. Ама за зелкава не се осмелувам - тоа, грав, леќа... ај манџите ќе ги прежалам, ама сакам зелка салата. Што е најстрашното што може да се случи, така си се тешам Да каснам или не, прашање е сега
Како јас да се читам за зелката Мислам дека веќе можеш да пробаш, бебето има 3 месеци. Ќе пратиш, ако има реакции, нема да јадеш, ако нема, не си го скратувај тоа прекрасно зелко-салатско задоволство
Да си каснеш немој како мене. Од што пазев снемав апетит. Еден ден пресеков и реков се ќе јадам и ќе пратам, ако појави реакција на нешто нема да јадам. Фала богу не му се појави на ништи. Џабе ќе било да гладувам, ако продолжев.
Големо ти е бебето веќе можеш се да јадеш.Битно е и квалитетот на јадењто. Гравот и леќата имаа многу железо зш ги одбегнуваш не е докажано дека храната создава грчеви.
Е ме убедивте, толку ми требаше, да чујам дека и други јадат Тешка сум на убедување, сега таман ќе ручам
Сите јадат. Никаде не е докажано дека навистина делува лошо на бебето. Секако првите три месеци бебето има развојни грчеви бидејќи цревата се населуваат со бактерии. Грав, зелка и слично е дури и пожелно да јадеш поради протеини, витамин Ц и растителни влакна. Нешто што е добро да се избегне се храна со конзерванси, алкохол, преголема доза кофеин и слично. Касни си и не се секирај!