период е само употност и ќе видиш дека ќе се исплати ние околу3м имавме фаза што мислев дека е толку со доењето но не го надминавме и тоа сега сме 23 м и сеуште цица.
@СноуБол90 скок во развој, имаме зборувано во темава многу пати. Упорност и трпение, ќе помине, иако трае скоков подолг период. Ќе пројде. Ние само што излеговме од истиот скок, на секое цицање жива вода се правев и броев не до 10, до 100 Кај нас успеваше со паузи, значи цица, се трга и зјапа наоколу, па ако ја ставев пак на цице рикаше. Затоа ќе ја подигнев во раце некоја минута, па пак на цице и така. И дои го во позиција како да висиш над бебето, да му паѓа цице буквално во уста А млеко имаш, ако се меки градите. Штом досега си доела не ни помислувај дека немаш.
Кај нас уште трае. Два дена арно, три се бориме. Со се се бориме шише, цице. Живци само, трпение, броење до 100 и назад. 3+ е.
Можеби е скок, можеби некоја моментална вознемиреност. Имај во предвид дека однесувањето на бебето не е секогаш репер за количина на млеко. Најважно е да останеш смирена, да зголемиш подои - колку ќе бара бебето, или и кога ќе го видиш вознемирено пак нуди, иако само што завршило со подој. Ако имаш мака со фатот, да се буни, да се трга, пробај различни позиции, различни простории, шетајќи и сл. Прати ја ситуацијата, види колку ќе трае. Пред доење топол туш ако можеш со блага масажа на градите за да помогнеш да дојде до експресија побрзо ако се работи за нетрпеливост... и гледај пелени како репер. Дали има полни пелени. И друг репер ама кој е на подолго ниво е тежината. Затоа прво пелените нека ти се индикатор. Неможноста да измолзиш голема количина не е поврзана со количината на млеко што ја имаш. Така да тоа нека не те секира. Ако евентуално се сомневаш како плус стимулација би ти било измолзување кога бебето ќе заспие. Ама рече дека имате над месец. Ако е бебето ексклузивно доено и ако напредувало добро, не би требало да се работи за недостаток на млеко.
И покрај сите напори и совети, не успеавме да се доиме. Ќе фати, 2-3 пати ќе цицне и ќе пушти, и пак такa. Се нервира, се тресе, се вцрвенува......Сеуште сум упорна, на секои 3 часа и давам да цица. Кога ќе цицне, кога не....најчесто не. Мајки, има надеж за мене и бебето? Станувам очајна, но сеуште сум упорна. И одмолзувам и и давам по 50-60 мл мајчино млеко + АД околу 30тина мл.
Зошто на три часа, зошто не кога сака, колку сака? Јас никогаш не гледав на саат. Со првото правев така, морало на саат, па испадна покрај доење да го дохранувам, а со второво кога сака, колку сака, беше на доење цело време. Дали убаво ја фаќа брадавицата со дел од ареолата? Кога ќе цица малото, прави компресии (како да се измолзуваш), да може бебето да го извлече млекото. Дали измолзеното млеко го даваш со шише? Ако е така, тоа може да прави проблем, затоа на почетокот дохраната или измолзеното млеко се даваат со шприц, за да не се научи бебето на цуцлата, па да не сака да цица. Ако не грешам, околу 3-4 недели е малото - може и првиот скок во развој да е моментално.
Секако сум пробала, и почесто, и да подогладне, само со цицање, кога ќе сака тоа, без да и давам од шише. Исто било, само повеќе плачки. Вака е од почетокот, научена е со цуцла и шише од првиот ден во болница. Да, убаво ја фаќа брадавицата, со дел од ареолa. Добро си почнува, ама се трга.
Јас давав од шише, ама немав мака со цице. Прифаќаше и не влијаеше на цицањето. Ако си во можност, викни патронажна сеатра од систина и нека ти помогне правилно да се наместите, да му ја "бутне" главата на бебе на цице (ко во болница). Смени ли доктор?
Ако сакаш да се доите мораш да го исфрлиш шишето од употреба. Фаќа убаво (голем чекор е ова), не и тече млеко лесно како од шише и почнува да се нервира. А млеко имаш, штом измолзуваш 60мл, значи тоа не е проблем. Давај и со шприц и тоа кога ќе ја ставиш на града да цица, ќе повлече малку, ќе се тргне ти капни и неколку капки во уста и намести ја пак, ако можеш и странично додека цица со шприцот капнувај и млекце во уста. Пробајте и вака, ама шишето да го исфрлите, има уште шанси да успеете.
Бев и кај друг, препораките се исти: доење (по 10-15 мин) + АД. Добро било што давам мое измолзено млеко, важно да го прима. Имав консултација и со Станка, и од неа сличен совет. Таа не испрати од болница со истиот совет (доење +АД). Инаку, вчера на предавањето во Систина, кажаа дека имуноглобулините, важни за имуниот систем на бебето, се излачуваат на почетокот, во првите неколку денови, а потоа постепено се менува составот на млекото (јаглехидрати и масти). И да не очајуваме ако не доиме бидејќи има одлични заменски формули на мајчино млеко. Дали ова значи дека најважно е да се прима мајчиното млеко на почетокот? Што потоа?? Што ако бебето не ги примило имуноглобулините?
Како не ги е срам да кажуваат вакви лаги??? За какво предавање се работи ќе те замолам да ми кажеш и кој тоа “ЕКСПЕРТ“ држеше предавања. За ова треба да се реагира, држат предавања за доење, а всушност рекламираат АД. Мајчиното млеко е богато со антитела, точно на почетокот во колострумот ги има повеќе, но тие не исчезнуваат и на 2 години ако детето е болно, организмот на мајката создава антитела кои се излачуваат во млекото и му помагаат на имуниот систем на детето. Можеби од нутритивна гледна точка да има одлични заменски формули, ама од оваа гледна точка, нема формула која е барем 1% слична на мајчиното млеко.
Мајчиното млеко се приспособува на потребите на детето, а ад не. Кога бебето е болно, неговата плунка влегува низ млечните канали и му "кажува" на организмот на мајката што треба да создаде за заштита, тој тоа го создава и го "праќа" на детето преку млекото. Ниедно ад млеко ова не го прави. Наместо да промовираат доење во Систина, зборуваат дека има замена мајчино млеко. Не, нема замена. Скоро сите мајки можат да дојат, ама поради вакви "советници" во Систина кои наместо да покажат како треба да се дои и да и дадат подршка на мајката, тие зборуваат глупости.
Баш така! Над неа висам и така некако и плус од простум со шетање и музика. А еве денес некако и на 3 сати јади.. а инаку на 1 и пол..2 сати. Поспана е. Сега ко ќе се разбуди пак маки со цицање Само навечер си цица нормално од што е поспана.
Предавањето во Систина беше од Станка, бар таква беше најавата. Да не ја бранам и правдам, ама знаејќи ја жената се залага за доење. Мене ме опраи. Е сега за "неславнава" изјава, знаејќи ја, сакала најверојатно да ги смири идните мамички да не се грижат и ако не дојат. Не ја правдам, нит сум била на предавањето. Познавајќи и ги ставовите/советите кои со мене ги делеше во насока на доење го кажувам ова.
Јас имам позитивно искуство со др.Палчевска од Систина,бидејќи иако на почеток бебето не напредуваше според табели, никогаш не ми рече да дадам адаптирано,ми викаше дека се додека качува и не стагнира сум на добар пат и ме охрабруваше да не се откажувам. Потоа се префрливме кај друга матична која беше со ист став. Се консултирав и со советничка за доење и имав подршка и од блиското семејството и баш поради нив и мојата оооогромна упорност успешно дојам 9 и нешто месеци.А имав коментари од околу луѓе да давам ад,да не плачело. Муабетот ми беше дека неможе ако некој од Систина кажал дека постои и ад,дека готово Систина промовира адаптирано. Јас такво искуство немам,а можеше да ми препорачаат тоа сум сигурна бидејќи бевме потенцијални кандидати. Во болница додека бевме ,доаѓаа и ни покажуваа ама сепак во мојот случај само упорноста ме одведе на прав пат. Бидејќи бев со царски,секое сабајле пред да ги донесат јас со тешки маки станував и седнував на стол ,зошто само така имав контрола врз бебето. Лежечки неможев ништо да правам. Кај и да се пораѓаш , упорноста е најбитна доколку се сака да се дои. А немам ништо против адаптирано доколку навистина е неопходно.
На фб има групи соба за доење и ад и поддршка на доењето. Зачлени се во тие и при пишување на постот во кој ќе го објаснуваш проблемот напиши #sos
Najdi ja na FB, Tereza Kiš Miljković, pisi i slobodno i prasaj ja sto sakas, mene ona mnogu mi pomogna.